Самохрана мајка и воспитувањето на нејзиното дете

Дискусија во 'Дете' започната од mona.liza, 16 ноември 2011.

  1. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Мислам дека темата заслужува простор за дискусија,подршка на сите самохрани мајки,размена на нивните искуства,морална помош од страна на сите девојки,жени,членки на форумот.
    Овие жени имаат многу тешка задача во нивниот живот кој по сплет на околност се приморени да ја извршуваат сами.Овие жени секојдневно се борат со многу проблеми како на своето дете така и со општествените проблеми кој ги сносува една самохрана мајка.
     
    На galapce и my.name.is-love им се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    Ми се допаѓа темава. Еднаш некој ми спомна, нема да дозволам детето да ми го воспитува само мајка му, зошто ќе стане педер. (ако имам син)
    Верувам дека ниедна нормална мајка нема да го учи своето синче да го привлекуват машки. А и тоа мислам дека е повеќе вродено.
    Мое мислење, секоја жена ќе успее и како самохрана мајка и може да подигне здраво развиени личности. (паметни, добри итн)
    Впрочем и така мајките се најприсутни во животот на децата. Подобро самохрана мајка отколку некој да ме малтретира.
    Мојата мајка е самохрана, многу рано го изгубила татко ми, јас само што завршив 6 одд. Можам со задоволство да кажам дека таа е жена борец, која за се во животот се бори сама. Само да напоменам дека немаме помош ама баш од никого, се правиме сами. Таа од тогаш, ме израсна, средно па факс, добивам се што ќе посакам(можеби не веднаш, ама кога ќе има можности). Имало периоди кога и не работела, ама никогаш не потклекнувала, за такви ситуации секогаш трга пари на страна. И што е најбитно, не се меша во мојот живот, ме пушта сама да борам и да носам одлуки.
     
    На friendy, nesa и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  3. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Инспирација за темава беше мојата најдобра пријателка која има новороденче.Во врска беше со дечко и но тој од кога дозна дека таа е бремена буквално ја игнорираше и можам да кажам дека секако ја нервираше со цел да го изгуби бебето.Таа целата своја бременост ја помина сама и со неволјите што тој и неговото семојство секој ден и ги приредуваа.Не ја сакаше за жена,не ја сакаа за снаа а сепак секој ден ја малтретираа.Таа беше сама за време на нејзината бременост,сама беше и во моментот кога се породи,сама е и сега.Тој исчезна но и даде до знаење дека еден ден ке се врати и ке бара старателство на детето.И дека ке и го одземе.Девојката е храбра,вистинска лавица.Спремна да се соочи со се во животот за да го одгледа нејзиното дете и да му пружи нормален и среќен живот.Но како мајка е многу исплашена да не дојде ден кога и покрај се тој ќе го одзеде детето.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    15.573
    Пол:
    Женски
    Е ај оди сфати го саможивников бе.
    Да ти се плукнам во таквите „родители.“ Ме потсеќа на мојот вол од татко, единствено што моите биле во брак, па се развеле кога сум имала 2 години.
    Ама најјакото е што повеќето се исти за тоа „Јас ке се вратам по детето.“
    Кога ке се вратиш бе? Кога мајката веќе ке се изнамачи сама во подигањето и растењето на детето? Кога веќе ке биде возрасно и самостојно? Кога веќе нема да му требаш навечер да му читаш приказни? Да му ја купиш првата играчка? Да бдееш над него кога е болно? Да го пречекаш од училиште? Да го браниш ако некој го закача? Да му бидеш поддршка кога ке поминува во најтешките години?
    Хах...или само одеднаш ке се појави на врата кога детево ке е повозрасно и ке рече: „Здраво, не ме знаеш, ама јас те направив.“ и ке очекува детево воодушевено да му се обеси околу врат? Ноу шит!
    Нека стави таа другарката судска забрана да им се доближува тој и на неа и на детето. Штом не го сакал сега, што курац има подоцна да се појавува? Да му го трауматизира животот на детето во најкревките години? Been there, survived that. Ни малку пријатно искуство. Затоа, што понастрана.
    И јас сум одгледана само од мајка. Од воздух ми створила дом, од секое ливче направила пара за да ми овозможи да имам се` што ке посакам, била со мене и во среќа и очај, ме хранела и со тридневен сув леб на 2 години, ме хранела и со најубавите јадења, мрзнела чекајќи ме од училиште за моментот кога ке излезам среќна и ке и` ја покажам новата петка на раката...и сега одеднаш ке се појави господата и да бара нешто од мене, од нас? Неќеш бате, ти си само обичен странец, па ни тоа.
    Се распишав, ама па болна точка ми е темава и ме нервираат такви идиоти. |(
    А во врска со воспитувањето. Кој вели дека децата со еден родител се различно воспитани, никогаш не бил во таква околина и гадно се лаже. Впрочем, се` е индивидуално. Детето само си го оформува карактерот, јасно е дека околината има некое влијание ама сепак...
    Еве ме мене, права, здрава, на прав пат, имам се` што ми треба во животот. Благодарение на некои работи сум станала ваква како што сум денеска, со животни искуства кои ме направиле поразумна од некои си мамини и татини мезимчиња на кои се` им дошло во златен послужавник и единствена окупација им е лајкчето и скршеното нокте, или пак оние кои имаат два родитела, а немаат никаква љубов и внимание од нив, туку само пари за да си го задоволат скршеното его. Знам дека јас многу повеќе ке успеам во животот од таквите. Може со поголема мака, ама ќе успеам. А ќе успее и секое дете кое самото ке знае да го избере правиот пат со љубовта, помошта и посветеноста на тој еден родител што го има.
     
    На slobodka, sofi2107, eloves и 28 други им се допаѓа ова.
  5. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Така е Calliope .... секој збор што го напишавте е така,но за жал законот е нешто сосема друго.И доколку се појави едниот родител(и после неколку години) има исто право врз детето како и мајката. Може многу лесно да се случи судот да го додели старателството врз детето на таткото кој ете да кажеме прв пат го гледа своето дете и после незнам колку време му текнало дека има дете.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.136

    Нема поголем Суд од тоа да те осуди свое сопствено дете. Ја нема таа пара и ,,љубов,, што може да ја покрие таа празнина.
    Без разлика дали е мајка или татко сепак е самохран родител. Од икс причини настануваат разводи или пак воопшто не се склучат бракови и делења на старателство. Само тој што е самохран родител знае како е сам да се израсне дете и изведе на прав пат.
     
  7. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    31
    Мора да признаеме дека ако е 100 посто тогаш едни добри 80 посто од машката попуација се тотални кретени и не ги интересира дали девојката останала бремена,што ќе биде понатаму,што и како?За жал само ќе напоменам дека и ние девојките до некаде сме самите виновни што толку им приуштивме на мажите да играат со нас како ќе ни свират.Да ги оправдувам самохраните мајки и воопшто сите мајки,затоа што според мене мајката е таа која секогаш се бори за детето,,таткото можеби е донекаде птисутен али сепак мислам дека местото на мајката никој не може да го завземи.И конкретно да се вратам на случајот на другарката на мона лиза,мислам дека во законот има и подзакон и не може некој туку така да дојде и да земе старателство,сето тоа е под судска постапка со икс факти и мислам дека не би имал голема шанса тој идиот да земе старателство.
    Поззз до сите.
     
    На Nausicaa и my.name.is-love им се допаѓа ова.
  8. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    128
    дури и во брак поголемиот дел од товарот паѓа на жената, со самото тоа што таа го дои и детето се приврзува за неа ( во повеќето случаи кај нас, поради тоа што детето е женска работа).....
    еве јас сега се разведувам и татко му повремено се јавува да го слушне, дека не е тука, ама ретко „не можел не се чувствувал убаво кога му звонел, имало време кога да го гледа“.......ќе пораснело детето ќе си го земел ова она, а скоро и да не прашува како е детето и треба ли нешто...не се чувствувал убаво од ситуацијава затоа ( Боже Господе :rofl:
    во повеќето случаи кај разводите мажите како да забораваат на децата...некаде на форумов прочитав _бивша жена и бившо дете.......
    се плашам дека и кај нас ќе биде истата ситуација, пошто тато уште беснее со другарите ( кои нема вечно да бидат ергени) не дека ми е за него туку за детето......да не се осеќа отфрлено...и ако е доста мало се трудам да му кажувам колку го сака татко му, се грижи за него за да не се осеќа лошо детето

    а и за финансиска помош тешко, пошто јас сум си отишла, моите ме подржале па ете сега и нека го гледаат и обезбедат детето....како демек мене ќе ми праќа пари, за јас да шетам :fubar: алооо за твоето дете праќаш небаре јас пелени ќе јадам :fubar:

    се нервирам поради тие некои сфаќања негови....или така му одговара.... но јас сеуште се привикнувам на ситуацијава и веќе психички се подготвувам дека ептен ќе падне товарот на мене и спремна сум на се за да му пружам најмногу пто можам на моето дете за да биде личност со вистински вредности

    и да се надоврзам на претходните постови- и мене ми се закануваа дека ќе ми го земе детето...ако не сега кога-тогаш....
    ма немој , ако сакале толку да бидат покрај децата немало да ги напуштат па после исчувани деца да бараат....не е ова маса или стол...дете е во прашање со чувства и потреби....
    а и такви себични створења нема да си се лишат себе од слобода и безгрижност за да се затупаат во еден куп обврски околу детето..... си имаат тие свој живот за живеење.....како што велат старите „ таткото со што го прави со тоа го жали“ :envy:
     
    На my.name.is-love му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Се пронајдов во оваа тема. И јас сум самохрана мајка на две прекрасни деца во пубертет. Мојот сопруг е починат и јас се грижам за моите деца,се трудам да ги научам на многу работи во животот,да бидат добри ,да ме слушаат и сакам да ги воспитам на најдобар начин. Сега за сега ме ценат и ме сакаат (како ке биде понатака ќе покаже времето) но јас мислам дека мое е да ги изведам на вистинскиот пат, да се формираат во личности кои ќе можат да се снајдат во животот во секаква ситлација,да завршат школо....
    Тешко ми е што се борам сама во животов за да им обезбедам добри услови за живот ,но во исто време сум горда што ги имам.
     
    На sofi2107, eloves, Valentina.Vaki и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски

    Да сте живи и здрави ти и дечињата!
    Само убавини да ве пратат во животот.

    Тешко е кога немаш подршка,кога си сам на светот,без никој,без прегратка од никој.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.963
    Допаѓања:
    23.125
    Пол:
    Женски
    Моја другарка е самохрана мајка. Има синче од 2 месеци. Откако дозна дека е бремена, дечко и ја откачи. Не и го призна детето. Едноставно, дечкото го снема. Сега таа го одгледува детето со помош на мајка и.
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.506
    леле леле, а јас мислев сум поминала се и сешто
    абе вие жени сте за честитање, алал да ви е
    ве гушкам сите :* :* :* :*
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.963
    Допаѓања:
    23.125
    Пол:
    Женски
    Мажите што си ги оставаат бремените девојки се големи кретени. Не си ги заслужуваат децата.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blue-el

    blue-el Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас сум сама со своето дете кое има две години. Татко му го гледа еднаш во 5 месеци и само кажува колку го сака и тука завршува се. Пари не дава, не го гледа, појма нема што се случува со детето. Мене лично подобро ми е кога не го гледам и слушам, ама што кога детето ќе почне да ги поставува прашањата за тато..???? Жал ми е за него. Можам само да замислам како ќе му биде понатаму. Претпоставувам има некои од вас што го поминале тој период на објаснување што и како, дека детето има татко, ама тоа и тоа се случило итн итн се што следи...на големо размислувам како да го припремам. Сакам да се консултирам со стручно лице, не знам, тоа го гледам како најдобар начин и за мене и за детето, ама појма немам каде да се обратам, во чив домен е тоа. Искуства?? Совети?

    Благодарам однапред
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.153
    Како тоа не го признал? Си има судски процес на докажување на татковсто нели?
     
  16. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    457
    За судски процес не знам, ама знам дека ДНК анализа за татковство е многу скапа (2000евра ми се чини ми имаат кажано)
    Сестрата на другарка ми поминан низ ова. Тој што и е партнер кога дозна дека е бремена не веруваше дека е негово. Сакаше тест за татковство ама кога дознал колку е се откажал.
    Она пак е со него :^) Јас не знам дали така би го прифатила тоа, поготово затоа што се знае дека он е тој што вара. А детево плукнато на него. Copy-Paste ко да направиле. Ептен личи на него.

    Иначе и мајка ми е самохран родител. Помислата на татко ми ме прави ваква :@ :punch: :punch:
    А мајка ми, нема поголем борец од неа. Колку се мачи, колку се труди да имаме се и сега иако сите сме возрасни. Што се има направено за нас, капа и сумнувам, а знам дека и беше многу напорнао, многу тешко, понекогаш оддвај леб имавме за јадење ама колку она се трудеше се гледа сега и по нас.
    Јас на постпдипломски, сопруг и бебе на пат, брат студираше во странство, сега ми шета по светов, сестра ми исто во странство учеше. Сите сме здрави, прави возрасни личности.
    И ќе ви кажам, ако мајка ми сама, и ни работа немаше нас дома ни беше многу подобро отколку на накои деца кои ги имаа и двата родители. Затоа мислам не е важно дали е еден или се двајцата заедно, важно е какви родители се.
     
  17. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    387
    Еве јас ќе бидам самохрана мајка,но со поддршка од моите родители,ќе го истерам детето на прав пат,се надевам.И мене дечкото ме откачи и штом не го сака детето,јас не терам никој на сила.Подобро детето да расте само со мене,отколку со татко,кој што е со мајка му само заради детето,па расправии.Не подобро е вака,знам.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.635
    Пол:
    Женски
    MrenaRiba ти посакувам среќа понатака, одлуката која си ја донела за тебе е најисправната .
    Ние од страна можеме се да кажеме. И да те подржиме и не . Одлуката останува на тебе само/
    Патот кој си го почнала да го одиш не е ни најмалку лесен. Млада си , имаш само 18год. Што се вика уште си дете , а треба дете да родиш и да изведеш на прав пат.
    Од сега па натаму си одговорна за уште една особа. Ке треба да созрееш брзо и да се откажеш од многу работи.

    Не секој би се одлучил да го задржи детето.
    Ти велиш ја имаш подршката од твоите , ама сепак .... потребни се и материјални средства..на тоа дете ке му се потребни многу работи... секој месец пелени , млека итн.
    Во Мк самохраните мајки немаат никакви посебни права, освен еднократна помош ..што е равно на Ништо .
    Околината исто , колку и да викаме дека не е битна дека мубаетите не ни се битни, сепак тие ке бидат тука .. Колку ќе допираат до нас , зависи само од Нас самите.

    Моја блиска другарка е исто како самохрана мајка , со оглед дека таткото на детето само што го признам како свое, ништо друго полезно нема направено за него.Ни еден цент нема дадено за него .
    Ама другаркава си има добиено стан кој го плаќа државата, градинката исто и е платена, и ред другу поволности кои ги има како самохрана мајка . Ова нажалост го немаат самохраните мајки во Мк


    Како и да , ти посакувам многу многу среќа понатака.
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    MrenaRiba и јас ти посакувам многу среќа и многу трпение!!! ќе ти треба.
    Јас сум дете на самохрана мајка, така се случи, таткоми почина!
    Искрено браво за тебе, јас не би се одлучила да сум на твое место! Верувај многу е тешко и финансиски и на секаков можен начин, па посебно овде на балканот, со нашиот менталитет, а најмногу заради тоа што знам какви маки мајками виде да биди и мајка и татко, а и заради тоа што и на детето му е потребно татко.
    колку ли ноќи имам плачено..... колку сакав да биди татко ми со мене, а знај дека и детето ќе го посакува истото, без разлика дека ќе знај дека сега не го сакал!
    и ако во иднина сака детето и ако сака таткото да се гледаат,немој да му браниш, многу е потребно за детето да ги има двата родители.
    Многу ќе ти биди тешко, :( и искрено ми е жал што не се претрпува една мајка од љубов кон детето!
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    5.046
    Пол:
    Женски
    Тестирањето чини само 500 евра. Велам само затоа што не се големи пари ако станува збор за нешто што ќе ти го детерминира целиот тек на животот понатака . Срам да му е. Незнам како има храброст да живее со сомнежот.