Дојдов случајно до темава, машко сум и сум поминал многу добро низ тоа ''другарство'' , се дружевме со девојчето три години, на почетокот онака па прерасна во навистина многу блиско другарство буквално се делевме, сите тајни, се гледавме а кога не се гледавме нон стоп 24/7 се допишувавме, не можевме еден без друг. Првиот што ја направи иницијативата за тоа другарство да прерасне во нешто повеќе бев јас, затоа што навистина... Нема логика да сте најдобри другари и да делите се, машко си, женско е нема теоретски шанси на оваа планета да остане само другарство, под никој случај (освен ако машкото или женското е геј па ај да сфатиш некако) тоа другарство ќе прераснеше со милион проценти во нешто повеќе доколку не погрешев во некои чекори, но како и да е со девојката сега едвај сум на здраво и многу многу ретко контактираме, ова е многу накратко напишано пошо нема да ми стигнат 5 реферати да објаснам што како до детал но како и да е имам сфатено, машко-женско другарство не постои и не се залажувајте, или ќе прерасне во љубов или ќе нема ни љубов а ни другарство и полека полека ќе се оддалечите се додека не станете странци.
Во повеќето случаи во машко-женско другарство се јавуваат некакви симпатии. Некогаш тие проаѓаат и после си е другарство, некогаш е взаемна симпатијата, па се случува врска и има убави примери од тоа. Ретко да има право машко-женско пријателство, не дека нема ама ретко е без да имало некакви симпатии од нечија страна.
Во право си.. ретки се.. Баш поради тоа се толку убави таквите пријателства, оти го 'кршат' правилото дека: меѓу машко и женско, мора да има симпатии, барем во еден период Навистина не мора...
Здраво! Ова ми е прво обраќање тука на форумов (имам обичај да пишувам долги реферати, но ќе се обидам да се скратам себе си) Вака сега, имам 14 години и 9 одд. сум. Детево што го свиѓам учи со мене од 1 одд у ист клас. До сега сум го гледала како другар, но годинава (мислам на школска не сега 2019 ) нешто се смени хехе. Сум го фатила како ме гледа на сред час ама не знам дали мене ме гледа или другарка ми што седи од мојата десна страна, а тој (да го наречеме дд) стои две места понатаму од мојата лева страна така што јас сум во средината и се мислам сега дека има можност дд да е заинтересиран во другарка ми. Ама потоа сум контрадикторна на себе кога ќе размислам како се однесува на биологија кога одиме во посебен кабинет и седиме еден до друг Постојано наоѓа прилика да ме допре или пак мене ми се чини дека сум затрескана до уши (ок не баш али да) и воопшто не ја рецка неа Ако се прашувате какви ли му се тие начини за да ме допре не е ништо посебно туку ми подава рака од нигде никаде, зборува со мене многу повеќе од порано и претходно кога бевме на биологија беше последниот час пред зимски распуст и знаете на часов сите беа онака опуштени и сите нешто зборуваа и наставничката си седеше на телефон хихи Нејсе, таму кај што седам клупите се наместени на чуден начин (како во коцка 3 клупи за да се овозможи групна работа на часовите) па така до мене седеше дд и уште двајца негови другари со кои обично не се дружи толку и си се мислам дали седна баш таму за да биде најблиску до мене?? Едниов другар што седеше до него нон стоп му шепотеше нешто на дд и се смешкаа иии имаше еден момент кога зборувавме нешто со другарка ми до мене (не е онаа истана што седи со мене во нашата училница туку друга една што седи со мене само на биологија) и така зборувавме ние две на сред час и јас свртена со грб на дд и неговите другари и одеднаш осетив како некој ме чепна на рамото само онака бип се свртев и не знаев дали тоа е дд или другар му ама важно се искикотаа тие двајцата ако ми речете дека другар му ме потсакува не верувам зашто тој има девојка иако тоа не поставува некои граници тој да не флертува со други но и двајцата знаеме дека не сум ни јас негов ни тој мој тип така да .. Бај да веј на фб сме пријатели ама на инста уште ме нема фолоунато не знам што е работава може не сака да испадне сталкер или некој чуден тип пред моите очи или многу дека се обидува околу мене па затоа се уште нема стиснато фолоу Сега сум во дилема.. дали му се допаѓам дали се си замислувам самата во главата незз хелп Аа исто имам да додадам дека кога се навраќам сега пред неколку години ќе ми текне колку се трудеше да го забележам. .. Ухх мислам дека сум му се допаѓала пред година - две и сега веќе како да кренал раце бидејќи секогаш ме попраќаше до дома па ќе ме зазбори нешто пред да ме остави да се качам во лифтот и така а еднаш пак се сеќавам ме праша кој ми е симпатија кого сакам и јас реков еден да го наречеме сс и тогаш наеднаш мислам како да се откажа од мене не знааам и потоа ме зезаше во врска со тоа дека го сакам сс како да беше љубоморен и ќе речете ти бил само близок другар но не би рекла така зашто имам забележано разлика во однесувањето значи пред ова да го прави воопшто не му бев некоја другарка само се дружеше со машките негови другари и не зборуваше со мене воопшто. А пак јас кога го прашав кого сака ми рече а па неее знааам имам 5 симпатии и кога се изнасмеав тука пред толпа луѓе пред мојата зграда  ... Сега се присетив на неговите погледи на сред час сакам да ви ги објаснам хехе значи ќе ме погледне (уште не знам дали мене или другарка ми) па потоа кога ќе го приметам дека ѕвери во мене и кога ќе направиме она eye contact и двајцата ќе го тргнеме погледот за да не биде awkward а потоа пак ќе се погледнеме за да видиме дали се уште гледаме еден во друг се надевам ја сфативте теоријата на нашите погледи ии не останав на својот збор да не правам долг реферат (извинете) Сега главново прашање ми е дали му се допаѓам или ноууу и што да правам советувајте ме плиз Плус прашање: дали да го заследам на инстаграм или да оставам на времето бидејќи се плашам да не изгуби надеж во нешто дека може да се случи меѓу нас не знаам кажете ми ве молам.
Здраво! Ова ми е прво обраќање тука на форумов Детево што го свиѓам учи со мене од 1 одд у ист клас (сега сме 9). До сега сум го гледала како другар, но во последно време нешто се смени хехе. Сум го фатила како ме гледа на сред час ама не знам дали мене ме гледа или другарка ми Ама потоа кога ќе размислам како се однесува на биологија (седиме еден до друг) Постојано наоѓа прилика да ме допре или пак мене ми се чини дека сум затрескана до уши (ок не баш али да) и воопшто не ја рецка неа Ми подава рака од нигде никаде, зборува со мене многу повеќе од порано и еднаш па до мене седеше тој и уште двајца негови другари со кои обично не се дружи толку и си се мислам дали седна баш таму за да биде поблиску до мене?? јас свртена со грб на тој и неговите другари и одеднаш осетив како некој ме чепна на рамото само онака бип се свртев и не знаев дали тоа е тој или другар му ама важно се искикотаа тие двајцата. Бај да веј на фб сме пријатели ама на инста уште ме нема фолоунато не знам што е работава може не сака да испадне сталкер или некој чуден тип пред моите очи или многу дека се обидува околу мене па затоа се уште нема стиснато фолоу Сега сум во дилема.. дали му се допаѓам дали се си замислувам самата во главата незз хелп Аа исто имам да додадам дека кога се навраќам сега мислам дека сум му се допаѓала пред година - две и сега веќе како да кренал раце бидејќи секогаш ме попраќаше до дома па ќе ме зазбори нешто пред да ме остави да се качам во лифтот и така а еднаш пак се сеќавам ме праша кој ми е симпатија и јас реков еден да го наречеме сс и тогаш наеднаш мислам како да се откажа од мене не знааам како да беше љубоморен. А пак јас кога го прашав кого сака ми рече а па неее знааам имам 5 симпатии како да не сакаше да признае дека јас сум му Сакам да ви ги објаснам неговите погледи хехе значи ќе ме погледне на час (уште не знам дали мене или другарка ми) па потоа кога ќе го приметам дека ѕвери во мене и кога ќе направиме она eye contact и двајцата ќе го тргнеме погледот за да не биде awkward а потоа пак ќе се погледнеме за да видиме дали се уште гледаме еден во друг се надевам ја сфативте теоријата на нашите погледи Сега главново прашање ми е дали му се допаѓам или ноууу и што да правам советувајте ме плиз Плус прашање: дали да го заследам на инстаграм или да оставам на времето бидејќи се плашам да не изгуби надеж во нешто дека може да се случи меѓу нас не знаам кажете ми ве молам
Живеј си го животот девојченце, малецка си, пред тебе тек имаш уште многу и многу симпатии, дечковци и слично, сфаќам дека тие години баш доаѓа она симпатии и тако даље но сега за сега имаш многу побитни работи кои што сега треба да ги направиш во животот, имаш време за дечковци.
Ко за беља, сум се нашла во повеќе такви ситуации, само што за жал секогаш некој некогаш ќе развие чувства, и сум останала без тие другари. Несомнена е таа енергија и тензија што се осеќа меѓу нас ама неславно завршувале тие другарства
1. ништо да не правиш... Да си уживаш во платонската љубов и да си ја памтиш во иднина како таква. 2. да не го заследуваш.... Да си уживаш во платонската љубов и да си ја памтиш во иднина како таква.
Додека се деца ќе уживаат можда во платонска љубов, ама на позрели години мало сутра дека тоа би било така
Леле значи имав еден другар навистина ми беше само другар. Повозрасен од мене секој ден излегувавме по кафе шема, на јадење, навечер за викенди. Скоро една година така. Ме имаше запознаено со еден негов пријател и секогаш кога ќе ме видеше со него како се поздравувам одма менуваше понашање, ни на телефон не се јавуваше ни на пораки не враќаше и така го снема нигде сега и по улица ко ќе ме види глава врти. Чудо од човек што другар ќе беше незнам многу ми се чудни нетовите подтапки.
Мада повеќе не верувам во некоја заинтересираност спрема мене, ајде да напишам што се случува. Дечково во некои си 40тинна години, разведен, се допишува со мене на фб. Веќе една година не заборава макар после два три дена да пиши нешто. Пред две недели заради заеднички муабет, ми вели ајде на месенџер да те барам и да ти кажам информација за таа работа. Ок, се слушнавме. После тоа пак ми велеше да се слушнеме....ем има некоја значи знам дека е во врска, ем ова со слушањето не ми е јасен...не се имаме лично видено, а имаме пишано најдолго и нашироко. Дали е можно да најде причина изговор да ми Звони и да ми се приближи, оти дечково ми е ко тангенс по математика да решавам..... мислење машко женско секакво
Имам долги години другар, никакви симпатии од моја и негова страна. Тој си има девојка, јас дечко. Се гледаме често разговараме за секакви работи и проблеми. Премногу се чувствуваме како пријатели, си немаме дадено простор да се појави некоја хемија помегу нас.
Кај мене 90% од машко - женските другарства завршуваа со еден заљубен. Имав еден другар , прво машко другар да ми биде ( бев седмо одделение ). Јас почувствував симпатии кон него. Можеби и тој имаше кон мене, бидејќи беше со мене кога сакав да бидам сама, и покрај тоа што го бркав од мене. Се растажив и излегов на терасата од неговата куќа ( се дружев и со сестра му и не покани на роденденот нејзин) , излезе по мене, по што не заклучија на терасата , и не оставија цели два часа таму. Ништо не се случи меѓу нас. Освен што ме тешеше и се понуди да ми даде јакна бидејќи бев по фустанче за излегување. Вториот другар во животов, ми призна дека ме свиѓа после една година дружба. За жал отиде во неповрат тоа другарство. Пробавме врска , и отиде у ку*ац другарството ( бев на почетокот на трета година средно ). Трет другар, исто така ме свиѓаше. Со него не пробував ништо. Знаев дека нема да успее , бидејќи не чувствував симпатии кон него ( овој ме свиѓаше најдолго, од прва средно до четврта средно) . Четвртиот ми стана маж . Кон другите четворица никогаш не сум чувствувала ништо. Еден Ром, еден Торбеш и двајца Македонци. Со сите овие се имам дружено во еден период од животот , но кон овие последниве четворица, никогаш не сум почувствувала симпатии. Едноставно не биле мој тип на дечки.
Здраво на сите... Значи вака има едно момче (ќе го наречам Стојан). Со него се познаваме од малечки. Мислам додека бевме малечки си игравме, но подоцна изгубивме контакт. Во осмо одделение една другарка ми раскажуваше како имала некој си Стојан и јас и кажав дека го познавам, а таа го прашала него дали ме познава но тој рекол не и дури од кога му пратила слика се сетил. Потоа пак не се познававме. Дојдовме прва година и пак не се познававме, немавме ни едно здраво. Е веќе во втора година нагло почна да ми зборува, да ме прашува глупи прашања, да ми фрла подооолги погледи, да ми прави глупи муабети, да ме задира. Почнав и јас да го гледам некако поинаку. Ние двајцата се гледавме, но никому не кажувавме. Беше како една наша мала тајна. Понекогаш и двајцата ќе се погледнеме и ниту еден не го трга погледот. Притоа секогаш кога ќе ме погледне и кога ќе ми зборне се смешка на некој чуден, но убав начин. Еднаш бев кај нив на час (другарка ми учи со него) и бидејќи од нивниот клас скоро со сите сум скарана не сакаа да седам таму и почнаа да се бунат. Стојан одеднаш викна од зад мене "Абе оставете ја што ви смета?". И секако тие замолчија. Потоа на другиот час (кај друг професор) повторно почнаа да се бунат, посебно неговиот другар на што тој му одговори "Ако остави ја, ќе те честам после" и секако ме оставија. Мислам, иамам и други другари, но ниеден не би го направил тоа за мене. А со Стојан не сме нешто многу блиски.Има и уште многу вакви ситуации... Е сега прашањето ми е доколку има нешто зошто сеуште ништо не кажува (има поминато осум месеци) и доколку нема зошто го прави сето тоа? Што да направам јас, совет? Инаку во меѓувреме се фатија со една но "врската" не им траеше ни две недели. П.С. Не користам социјални мрежи така да нема каде да се допишуваме или нешто.
Како сака нека излезе, барем на чисто ќе бидеш. Ако сака - супер, ако не сака - да не трошиш повеќе време со мислење на него. Вин-вин.