Правила и Упатства за Квизот на Знаење САМО КЕШ Еве што треба да направите за да учествувате во квиз шоуто САМО КЕШ на Канал 5 1. Да се јавите на нашата обична телефонска линија 30-91-557, (велам обична за да си знаете дека во овој квиз нема да направите никаков трошок...) 2. Веднаш штом ве вклучиме во програма, ќе мора да ја издржите средбата со нашата прекрасна хостеса која во Ваше име ќе го врти тркалото на парите и ќе Ве извести колкава ќе биде ВРЕДНОСТА НА ВАШАТА БУКВА ВО ТОЧНИОТ ОДГОВОР. 3. Трето што треба да направите е да изберете едно од 10-те прашања што ќе Ви бидат понудени... 4. Можете веднаш дадете точен одговор, а можете да побарате и помош...КОЛКУ БУКВИ ЌЕ ПОГОДИТЕ, ТОЛКУ КЕШ ЌЕ ОСВОИТЕ. На пример ако погодите збор со 10 букви, а претходно тркалото на парите одлучило вредноста на вашата буква да биде 500 денари, ВИЕ ЌЕ ОСВОИТЕ 5000 денари КЕШ 5. Штом дадете точен одговор на првото прашање, Вие се стекнувате со право на дополнително прашање кое ќе ви донесе дополнителна можност за освојување уште пари.... 6. Ако во текот на вашата игра освоите точно 7000 ден – ТОГАШ ЌЕ СЕ ОФАЈДИТЕ И СО ЏЕК ПОТ ДОБИВКА КОЈА ВЕЧЕРВА ИЗНЕСУВА 6000 денари и ќе расте од емисија во емисија. 7. И тоа не е се...На крајот од секое издание ...ЌЕ ПРОГЛАСУВАМЕ ИГРАЧ НА ДЕНОТ. Играч на денот ќе биде гледачот што освоил најмногу пари. ИГРАЧОТ НА ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНО НАГРАДЕН СО УШТЕ 3000 денари КЕШ. 8. Во Квизот имаат право да учествуваат сите граѓани на РМ, освен вработените во Канал 5 ТВ и членови на нивни потесни семејства Се гледаме секој ден во 20.00 часот во САМО КЕШ Девојки што мислите за оваа емисија? Дали се јавивте некогаш? Спојлер Доколку има ваква тема слободно канта
САМО КЕШ - Ѓокица многумина го обвинаа дека многу треска зелени, ама мене затоа ми е многу интересен !!! Им помага на играчиве, знае да ме насмее, на постариве лица им е омилен. На почетокот превртував очи, кај го нашле, ама сега го обожавам. И Фатмаѓул ја отпишав зарад него. - Весна, е мнооогу пластична, се дери, сака да се истакни. Не ми е интересна. И не ми одговараат заедно. Требало да одберат некоја поинаква девојка, не од овој тип. - Гледачиве знаат смешни работи да не ги погодат, ама добро и трема е во прашање. - Ние имаме вртено од дома 2-3 вечери, ама цело време беше зафатено и се откажавме. Сега само гледаме. Пс. А, и се каравме кој ќе зборува ако ни кренат.
Леле Весно престани да се дериш !!! Абе луѓе зошто не коментирате на темава или не ја гледате ? Оваа Весна толку ми е извештачена. 400 денариииииииииии. Вашата буква чини 400 денарииииииииии И се дери со полуотворена уста, скроз извештачена.
Посмешна емисија немам видено хаха.Многу откачени се... Пред некоја емисија овој Ѓокица и вели на Весна:``Весна вечерва ти ми изгледаш како некоја крава`` кога и рече така јас и сестра ми паднавме од смеење,а Весна тоа го прифати како да и рече ``принцеза си``.Ѓокица понекојпат вистина треска зелени(не понекојпат туки многу често )
Ги имам начекано неколку пати и баш ми е интересна емисијава.. Ѓокица е супер неговите обиди за помош се оргинални, како само им објаснува на луѓето Јас немам вртено, не сум пробала.. знам дека никад нема да добијам Весна си е друга приказна.. лигла невидена, ко што рече Силвер ги развлекува тоа зборовите мислиш а не е некоја лепотица.. Прашањата се ептен лесни а и оние дополнителните
денес ја имитирав дома ги пукнав мојте од смеење...200 денарииии..вашата буква изнесува 200 денариии...малце погласно оти тивко ја кажува сумата некако Јас се имам јавувано повеќе пати во текот на оваа недела,абе раката ја скапав,како не над телефон ќе бдеам...не бре тешко се добива не сум салам знам...само шо го читнав насловот ми текна на онаа песната Кеш,кеш
Веснето многу ми оди на живци, само заради неа не ја следам емисијава 200 денари, Вашата буква изнесува 200 денари
Значи неподнослива е "вртачкана" на тркалото Па уште кога ќе рече ,, Јас ви посакувам среќа" --- оо блислу бевме до 500, но за жал вашата буква изнесува 300 денари... Omg
А бе како онаа рекламата реформи во администрацијата,здравството нз за шо беше... треба убаво да се однесува,како така... кога ќе се исклешти со тие забите како да снима реклама за пастата за заби Голгејт вајт-вредноста на вашите заби изнесува Колгејт вајт,само и само во елитните маркети!
Моментално додека си седам на интернет, го слушам квизов. Дефинитивно не сум редовен гледач, ама кога е пуштен телевизорот, тешко е да не го слушнеш. Него.. глумец, после пејач? Конечно им текна водител да стават. А бре, водител си е водител. На Ненад најдобро му оди.
Скоро секој ден го следам квизов, ептен ми е интересен. И пред некој ден се јавив и си добив 4 500 ден. Онака поштено, бесплатно јавување, а 4 500 ден у џебче. И кога се јавив, ја наместив мајка ми да збори и од трема се блокира мозокот, ама вака-така се снајдовме си одговоривме. И дефинитивно Ненад е најдобар водител, ептен добро ја води емисијава. А се надевам Веснето нема пак да ја вратат, затоа што е одвратна.