1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само најсекси маж кој постои (Џули Џејмс)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 18 август 2011.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]

    Која е Тејлор Донован?

    Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце.

    Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети.

    Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование.

    Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците... тоа е мелодија за нејзините уши.

    Таа не е само убиствено добар адвокат.... таа е воркoхолик.

    Кој е Џејсон Ендрус?

    Чекај, чекај - што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат? Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар.

    Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата... со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец... А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм...

    Ма ти се молам - па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава.

    Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа... и ја прикаже како недоделкан тинејџер. Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен!

    Но, сепак таа го видела на малите екрани... И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!

    Уффф... Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор - онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?

    Пааааа...

    Читањето на оваа книга за мене беше како ГЛЕДАЊЕ НА НАЈУБАВАТА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА снимена до ден денес. Поминувајќи низ страниците на делово, вие ќе се сретнете со толку многу магични моменти, преполни хумор и нежност. Вие слатко ќе се смеете и напросто, ќе се вљубите во книгава. Да не го потенцирам воопшто фактот дека ќе се заљубите во Тејлор... и во Џејсон. И дефинитивно ќе посакате на истата да се навратите, и да ја читате одново... и одново... и одново.

    Па, уживајте!

    Преземено од Сакам Книги
    http://sakamknigi.mk/index.php?opti...-најсекси-маж-кој-постои-џули-џејмс&Itemid=70
     
    На Rozeta1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    може некаде да се симне целата книга?
     
  3. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    61
    Сега излезе од печат на македонски, ја има во книжарниците
     
  4. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Ја прочитав, навистина е како гледање на најубавата романтична комедија, има многу интересни реплики, може е премногу клише приказна за мој вкус, ама битно се опуштив и ме изнасмеа доволно :)
     
  5. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Се сложувам со феминката пред мене,почнав да ја читам и не престанав.Стварно е како филм,со најубавите детали и највнимателно исниман.Ау колку само мој тип на книга! :inlove:
     
  6. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Еве, и оваа книга читајќи вака е добра значи еве нешто друго од Џули Џејмс и ОДАМ дефинитивно денес да си ги купам книгиве "Само најсекси маж кој постои" и "Нека победи подобриот" :)

    Поздрав до љубителите на добра книга :hai:
     
  7. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    За книгава дознав пред едно година дена на сакам книги, ама затоа што не можев да ја најдам по библиотеките одлучив да си ја симнам на англиски. Девојки вие не знаете колку е интересна книгава. Навистина како да го гледаш најромантичниот филм на светот, а и згора на се многу е комична.

    Нема да се покаете ако ја земете :).
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    2.723
    Книгава е една од подобрите што ги имам прочитано!

    Немам време баш со факсов да читам слободна литература, освен економски книги, затоа ги читам после колоквиумска. :D Колку нешто друго да прочитам. :D

    Многу ми се допадна приказната, ептен, за два дена ја прочитав! Мислам оти и едвај на спиење се наканував да отидам од што ме интересираше што ќе се случи понатака.
    Тие што не сте ја прочитале, слободно. Нема да зажалите.

    И да, ептен, али ептееееен сакам на некој режисер да му текне да направи филм од книгава. Ќе биде голем хит за романтичниве души! :D