Само на филм или....

Дискусија во 'Дете' започната од ♡BuBaLe♡, 10 август 2015.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    100.143
    Пол:
    Женски
    Помеѓу моите познаници сум позната како премногу опседната со безбедноста и сигурноста на моите деца, кога шетаме да се строго за рака со мене, да не зборуваат со непознати, за добра ноќ освен црвенкапа им раскажувам и приказни како не смеат да прифатат бонбони од непознати и за киднспирање деца. Моите ме викаат удав божји, ама јас живеам во реалноста и знам дека не е се така како што велат "многу гледаш филмови", туку постои многу поблиску отколку што сме свесни или сакаме да бидеме!
    Ваква тема не видов, ако има или сметате дека не трева да ја има бришете ја слободно.
    Јас многу одамна го изборишав мојот фб профил, и сум многу среќна што моментално не работам и сум постојано со децата и секојдневно им повторувам - ако ти прозбори непознат бегај.
    Налетав на еден текст кој ме поттиккна да ја отворам темава
    http://mama365.mk/задолжително-четиво-за-сите-родители/

    Кои се вашите мислења? Колку се нашите деца безбедни?
     
    На makgirl, Bebulleee, <3 pleza4e <3 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    Супер тема, Бубале. Не само за децата и општо важи тоа правило, ние луѓето попрво ќе стравуваме дека ќе нѝ се случи нешто страшно коешто се случува на 1 од сто илјади луѓе, отколку дека некогаш ќе добиеме на лото на пример. А сепак, сите такви исповеди започнуваат со „Никогаш не верував дека ова може мене да ми се случи.“ И тоа не само за вакви опасности, туку и на пример и исповеди на луѓе коишто заболеле од ретка болест и сл.

    Сепак, мислам дека треба да се биде внимателен, но не и да се биде опседнат со мислите за опасностите. . Позитивната енергија е онаа којашто треба да нè насочува во животот. Не треба да се биде слеп за опасностите, но ниту за можностите. Кога влегле спасените Евреи за првпат во логорот, не верувам дека им паднало на памет дека еден ден може да се најдат на Шиндлеровата листа, нели? Атмосферата не создава услови за такво нешто. Бидете внимателни, но не и по цена да го поминете животот во еден лош филм, тој е прекраток за тоа. Ако мене ме прашуваш, доволно си свесна за опасностите, биди грижлива и внимателна мајка. Тоа е сосема доволно.
     
    На DVAANGELA, Espadrila, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Ista sum i jas koga setame gledam malata da e vo kolicka vrzana ili za raka a koga ja imam za race ne ja ispustam ni za mig,iako ona saka da se setka i trca pa togas i jas trcam so nea :D
    Dosta znat da mi receat deka mnogu naglava i sedam,deka i de tresam i plasam deka sum bila mnogu.....a zasto zatoa sto gledam se da i bide dobro na malata i jadejne na vreme i piejne i spiejne,isto so bajnaneto i setajneto sum se vo svoe vreme.
    Svekrvami mi ima kazano deka ona 4deca rodila pa nebila.kako mene i ete gi zdravi i pravi.
    Ama jas sum si takva sakam sigurnost za malata,ima se i sesto denes pa se slucuvat razni raboti,za fb sto napomena jas nemam i ne sum pravela i ne mi e ni interesen.
    Ete tuka vo italija imam.slusnato mn slucaevi, nepoznat zemal foto od fb i otisol vo gradinka da ja zema malata demek majkai nemozela da odi.....neznam sto se slucilo potoa se nadevam se vo red.

    Taka da podobro na sigurno i bezbedno od kolku belja.
     
    На eloves и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    30.151
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш безбедноста и сигурноста беа само дел од филмските содржини, денес тие се неизбежна тема која не ја заобиколува реалната слика за животот. Внимателноста треба да биде присутна секогаш и секаде, но во умерен степен за да не прерасне во опсесивно функционирање.
    Животот е еден и единствен полн со убави и помалку убави случки и треба таков да го прифатиме.
    Убавите работи кои ни се случуваат се водечка сила за позитивно расположение. Низ секојдневието се соочуваме со непредвидливи ситуации во кои е потребно малку повеќе да ги вклучиме сетилата за опасностите кои не демнат.
    За жал, подготвеноста да се справиме со неочекуваното не треба да ја занемариме во споредба со среќните моменти.
    Поголема е потребата од грижа и внимание кога станува збор за најмладата популација, децата. Искрено, им се воодушевувам на родителите кои се свесни за модерниот начин на живеење и можните последици, па континуирано внимаваат и ги едуцираат сопствените деца за самозаштита од непознати личности и ситуации.
     
    На eloves и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.115
    Пол:
    Женски
    Odlicna tema Bubale.Site gi sakame decata i gledame kako e mozno da se pozastiteni.Koga bev vo stranstvo lani kaj sestra mi nagosti bev kako paranoicna koga ispagavme,pakistanci,crnci se ima,deteto si go drzev cvrsto misles niz raceto krv ne mu tece...no pusta strav.
    Na fb nikogas ne objavuvam sliki, imam nekolku od mene i mm i profilot ni e zaednicki (toj moze da se ukluci 3-4 pati godisno) . Jas se uklucuvam pocesto od cista radoznalost da vidam sto ima..Nekolku pati imam status napisano za toa kolku roditelite pravat greska,pogotovo na leto sto objavuvaat goli fotografii na nivnite decinja od odmor ili doma vo bazen.Svakam site si gi slikame decata,sakame da imame uspomen no tie fotografii drzete si gi za sebe i najbliskite,ne mora cel svet da gi vidi vasite goli deca.Jas seuste sum od onie postaromodnite sto sakame albumi :).Sin mi nema ni 3god a imam nad 400 sliki od nego,vo celiot svoj razvoj sto e slikan i mi stojat vo albumi.I majka mi isto ima od nas kako mali,pa i koga porasnavme i sekogas koga e osamena si gi gleda..veli toa i e najubaviot i najdragoceniot spomen..i navistina e :) .
     
    На Nausicaa, eloves и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    49.436
    Во време во кое живееме денес и потребна е поголема обазривост. Јад мислам Бубале дека ти добро правиш.

    Баш вчера и јас читав еден текст, додуша на англиски, лекција за децата сексуално злоупотребување.
    Не може да се примени на ист начин, бидејќи има смисла на англиски, секоја буква има значење кое детето лесно ќе запомни ама во суштина може да се поучи детето дека гаќички се неговата приватност, дека е во ред да се каже Не, дека треба да биде слободно да ги кажува (недај Боже) тајните... итн... Нели, тој што ги злоупотребува децата обично ги изманипулира и на крај им кажува како тоа треба да остане нивна тајна. Линкот:

    http://www.nspcc.org.uk/preventing-...&utm_content=underwear hub facebook promoted1

    Јас и сега син ми нонстоп го испрашувам и за градинка дури, кој што направил, кој што кажал, како некоја воспитувачка се однесува итн. За жал слушнав и лоши работи што ги зборат учителките пред децата: пример син ми кажал дека тета Д му кажала на едно бебе коешто плачело: ѓубре едно.
    Или им кажала учителка: па сега е жешко, зошто доаѓате во градинка итн.

    И така, секојневно го испрашувам син ми за се и го охрабрувам за се нешто што не му се допаѓа да ми каже.
    Знаат децата иако се мали, што е добро, а што лоше. Се раѓаме со совеста за добро и зло, треба само поучување за да не ги збуни некој.

    Можеби малку отидов од темата, ама сметам дека поучување треба за секаде, не знаеш какви фрикови каде има.
     
    На girl-miri, victoria и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Темава иако е поодамна морав да ја искоментирам.Мислам дека многу паметно ѓи советуваш децата сега е 21 век се е можно тоа што пред неколку години било во Америка и тие некој поголеми држави денеска е многу често застапено кај нас за жал.Да ти е страв да се прошеташ со детето за рака или во количка.Но не само тоа да ти е страв и да го пуштиш надвор да си игра.Мојте деца сеуште се мали не излегуваат во град ама искрено утре ден кога ќе изгледуваат јас стварно незнам како ќе издржам не во таа смисла дека ќе ми недостигаат ќе бидам среќна бидејки излегле со друштво пораснале, него во денешно време све е можно.Само господ нека ѓи чува ама стварно живееме во многу стресно и опасно време
     
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    100.143
    Пол:
    Женски
    Да надоврзам уште нешто од вчера шо ме остави во неубави мисли и општо чувство лошо...гледав документарец за жртви на сексуално насилство на деца. И тоа 90 посто од напаѓачите биле некои познати,блиски луѓе кои имаат пристап до дома, или повозрасни деца од друштвото... ми се згрози, плачев кога слушав што раскажуваа и деца и возрасниж уништен е цел живот нивни засекогаш. Од страна на очув, роднини, блиски пријатели, па дури и од роден татко имаше случај:x Мора отварање очите четири, мора контрола и следењњ на детето,многу муабет, објаснување... Навистина се промени се во светов, страшно време дојде, опасности демнат насекаде, педофили и манијациподостапни информации од секогаш имаат со помош на интернет.....
     
  9. I'MBadDadGirl

    I'MBadDadGirl Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И јас да се надоврзам....
    Она што го читав пред некој ден ми остави ОДВРАТНИ впечатоци...Момче било 2 пати слилувано од својот очув на 13 годишна вораст.Се плашело да каже на мајка му бидејки очувот му се заканувал дека ќе го убие...
    Мора да се превземат мерки, особено оние мајки кој имаат женски деца нека ги советуваат да им кажуваат се за надај боже што и да се случи утре да не им биде страв да кажат.Па и следење додека е надвор бидејки какво што е времево денес не се знае што може да се случи.Најпрво треба да се заштитат од педофилите и манијаци кој што се на интернет бидејки највеќе се напаѓани девојчиња кој што се допишуваат со непознати луѓе на интернет..Преку разговор-на несаќајки ке каже каде живее и така страда...
    Мајка објавувала слики со ќерка и на ФБ ќерката имала 14 год. според локацијата педофилот го наштол 14 год. девојче и го киднапирал. Девојченцето било силувано, малтретирано, тепано од негова страна, за среќа девојчето било пронајдено откако ја барале 3 дена...
    Незнам што ќе се прави со ваквите на светов.... :(