Каков спој на неодоливата Џени и урнебесниот Сендлер! Двајцава, + тука може и Бен Стилер ми се врв за во комедија. Филмчево го имам неколку пати гледано и би го гледала пак. Првиот пат (летото, дома, со отворена балконска врата, доцна навечер) се смеев така гласно, што комшиите другиот ден ми кажуваа како слушале чудни звуци во текот на ноќта Комедија која нема промашај кога се вакви актери во прашање. Омилен лик ми беше девојчето кога сака да зборува со Британски акцент
Јас па се смеев како луда на овој филм,знам дека не е нешто добар или квалитетен филм ама би го гледала пак . Особено она девојчето кога зборуваше со бритиш нагласок .Анистон и Адам ми се многу антипатични глумци,па и никаков пар.Ама не беше толку очаен филмот,барем на мене не ми беше.
не е нешто посебно филмов, онака просечна комедија, колку-толку ќе те насмее. Џенифер ми била отсекогаш смешна, си остана запаметена како незаборавната Рејчел Грин од "Friends"
Mене па не ми беше интересен филмов, го искклучив, Cара ми е ептен антипатична, само во Cексот и градот ја сакам, а вака не, ни нејзе ни тој нејзиниот и стил
^Си се збунила нешто, со Џенифер Анистон е филмов. Си го помешала изгледа со I don"t know how she does it. Мене баш ми се допадна филмов, интересна комедија, а и Адам Сендлер си го сакам.
мене па филмот баш ми се допадна и тоа го гледав два пати во ист ден, ептен ми беше добар, дали оти ја обожавам Анистон?? и крајот на филмот го предвидував уште на почетокот, и навистина така излезе. Ова е еден од филмовите што откако ке го изгледаш добиваш позитивна енергија
Го имам гледано филмов со брат ми, ептен ми се допадна, супер филмче комедија за релаксасија. Некако ептен е со позитивна енергија и дига расположение. :up:
Аууууууу ептен ми е јак филмот,баш онака лесна комедија за релаксација,пушти го мозокот во лер и без размислување смеј си се ем здраво,ем чао на негативната енергија
Интересен филм за релаксација и тепање време . Само што Џенифер Анистон е досадна више со овие лесни комедии , за промена би можела да сними филм од некој друг жанр . Вака како се во една иста улога да ја гледам.
Го имам гледано, ми се допадна, се смеев како луда. Ама повеќе очекував 8/10 му давам. (као демек некој мене ме пита).
Го имам гледано и вистина бил прогласен за најлош филм за 2011? Па не би се согласила со тоа, сум гледала многу подосадни... Добра комедија, ме насмеа. Девојчето беше најјако!
Ах, мојот омилен глумец... Адам Сандлер... Нема човекот утка филм да се разјасниме, а посебно па не овој кога е во комбинација со Џенифер. Ова ми е еден од омилените филмови, па на секој му препорачувам да го изгледа.... Ем ќе ве насмее, ем ќе ве разнежни.
Адам Сендлер имал многу по јаки комедии. Но и оваа воопшто не е лоша. Многу убаво филмче, за убаво неделно попладне.
Зарем филмов заслужи да има тема на форумов Колку само нереална и предвидлива приказна, мрзам вакви филмови кога во првите 15мин од гледање веќе знам дека ќе завршат двајцата заедно, се чекаше само моментот кога и тие двајца ќе сфатат. Најсмешни моменти беа случувањата и пациентите во ординацијата, тоа почетокот некаде, понатаму веќе беше булшит. Некаде прочитав дека неговата прва жена со која требаше да се венча всушност му е сопруга во реален живот