И јас исто хаха имав неколку тел . Apple , но откако сум Samsung нема теорија да земам Apple веќе .. Не дозволувам некој да ме праи будала у здрав мозок со 4 години исти дизајн само цена да ми крева и далеку се послаби од Samsung ...
Имам проблем со телефонот. Кога го вклучувам екранот ми бара пин за отклучување го пишувам точниот пин, и притискам ОК и цел екран поцрнува и ме враќа пак на почетна.. Инаку тачот работи исправно, ми стигнуваат нотификации и пораки, но не можам да го отклучам и да влрзам во мени ниту settings.. Дали некој знае што проблем е ова? Инаку се работи за Samsung Galaxy J4+
Не се разбирам многу од технологија на тел, али на сите другарки што купија Хуавеј тел почна да им кочи, да се рестартира сам, на една на екранот и се појави линија... мислам дека на секои 2-3 месеци одат на сервис. Јас и моите сменивме по два самсунга и никогаш не сме имале проблем.
Добра батерија што знаеш дека нема да те изневери за брзо време, добар дисплеј со убави бои скоро на сите модели евентуално на ептен слаба J серија можеби ако има случај ма да и таму скоро сите се Amoled, како што кажаа по претходниот пост има доста издржливо стакло (не е невозможно да се уништи сепак не е ова измислено за да го трескаме), добро оптимизиран софтвер со доволна поддршка ,апдејти секогаш има на време за да го испеглаат системот доколку нешто не е океј. Ако гледаме за камери секогаш има некој телефон што ќе има можеби подобра камера од друг модел ама сепак еден телефон не е само камера нели, ако зборуваме за цена некогаш се претерува реално али углавно самсунг е доста квалитетен телефон гледан од сите аспекти. Не е најдобар во се ама е докажан со квалитет како што напоменав многу е битно како и ние го користиме секој телефон. Во сите телефони има нешто добро и нешто лошо, не е дека секој телефон друг е лош ама углавно многу пати сум искусил различни модели и секогаш има некоја огромна маана што ќе те натера да го смениш телефонот.
Здраво, не знам каде е соодветно да го поставам прашањево, па затоа тука... Имам самсунг и ми се избришаа дел од видеата кои многу ми значат... Има ли начин да се вратат?