Глупости во боја. Што прават?! Само спијат,лежат.. Дааа понекогаш знаат да се опнат еден на друг и таа приказна секој ден. Нормално дека нема да ги гледам. Незнаат како да се занимаваат.
Де бе луѓе, сте се запнале срамота срамота... Па како ќе се докажат пред народот инаку? Образование имаат колку да соберат 2+2 колку се, вокабулар имаат во минус (Нулата е комплимент за нив), однесување никакво, навики никакви, само седење и дебилење на куб. Многу му е гајле нив што зборува народот, битно е да зборува. Многу му е гајле кога имаат како што велат на "Солзи и смеа" дупка меѓу нозе, на која лесно ќе се зацапа некој клепчо, со карактеристики од темата being а сељак, кој со гордост ќе ја претставува женска му што била на телевизија. Стално е така со таквите...
Го имам фатено неколку пати шоуто (како и да не го фатиш кога откако почна на Канал 5 само тоа се врти 24 часа дневно) и кратко кажано шоуто е УЖАС исто како и учесниците во него! Таму нема еден свесен и нормален, машките кој од кој поголем сељак, а девојките - ај да не кажам некој ептен навредлив збор, а знаете на што мислам. Сума сумарум се собрале група на необразовани и прости луѓе, со степен на интелегенција под нула и прават мајмуни од себе за 10 илјади евра.
Ова таканаречено "шоу" не заслужува ниту тема да има за него, ниту да се дискутира за него. Иако веќе коментирав за ова "шоу", сакав само ова да го додадам.
Оние од темата симптоми of being а сељак Не стварно се за грев. И планира ли шоуво да заврши некогаш? Исфрлување има ли воопшто?
А таа трудна што излезе? Девојчето нарави 4 теста (отприлика), и сите позитивни испаднаа. Цела јавност дозна, ја виде... плачки, цимолења, едно друго... На крај отиде на лекар (мислам дека така беше), и кога се врато демек не била трудна Абе ајдее, замачкување очи пред јавноста. Не може 4 теста да ти испаднат позитивни, и на крај да не си Намерно е скриено од јавноста мислам, затоа што сите дознаа се, и дека не знае кој е таткото, па после еден месец само онака се гледале... па дома ова ќе и направеле
Мене ич не ми се интересни само се глупираат нешто и не е реално шоу- сето исценирано им е фактички како серија во живо што се прикажува режисерот секако знае кој што ќе прави и кој ќе победи не опстанува такво шоу во Македонија сето местенки е и со пријатели Баба ми вика оние сите избркани се од дома хахаха
Јас мислев дека пакетчиња од спонзорите ќе добијат. Каков ментален склоп на луѓе беа таму , супер награда дале.