1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сам со дете

Дискусија во 'Дете' започната од sirius, 9 септември 2010.

  1. sirius

    sirius Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    OSTANAV SAM SO MALO ZENSKO DETE I NEZNAM DALI DA GO PRATAM VO GRADINKA ILI DA ZEMAM ZENA DA GO CUVA DODEKA SUM NA RABOTA ? MALATA IMA 2 GODINI....I MI TREBAAT USTE MNOGU DOBRONAMERNI SOVETI I POMOS OKOLU CELOSNATA GRIZA I VOSPITUVANJE.......
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    SAM SO DETE

    Јас би ти препорачала да го носиш во градинка за да не се приврзе многу со жената :)
     
    На sirius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    SAM SO DETE

    Тешко е кога маж ке остане сам со токлу мало детенце... па посебно кога е женско. Ти претстојат многу обврски, грижи, жртви... многу нови работи кои треба да научиш. Се надевам мајкиве од форумот ќе ти помогнат со корисни совети. :)
    За прашањето мислам дека е многу подобро да ја носиш во градинка малата. Некако ич немам доверба во бебиситерките посебно по еден клип што го гледав. :( Барем таму не може лошо да го третираат детето, ем ќе се дружи со деца на негова возраст и ќе научи многу нови работи. А за овие по куќи најчесто се необразовани, без искуство, го занемаруваат неговото воспитување...
     
    На sirius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    SAM SO DETE

    Дефинитивно да си го носиш детето во градинка.Таму ќе се чувствува најдобро меѓу неговите врсници.Плус не мора да го мислиш додека си на работа дали е јадено или одморено.В градинка се знае дека ова мора да се направи.Зарем навистина би го оставил детето дома со непозната жена.Не велам дека ги познаваш тие во градинката,ама сепак е поинаку.
    И немој да се грижиш дека ќе потфрлиш во воспитувањето.Со многу љубов и градење убав однос се’ се може. :)
     
    На sirius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    доколку нема детето баба и дедо на кои можеш да се потперш, нај убаво решение е да го однесеш во градинка. таму ќе биде со многу деца и лесно ќе му поминува времето. и нема да го мислиш дали јадело, дали спиело... таму си има ред и дисциплина. и тебе мирна глава и детето на време најдадено, облечено... ;)
     
    На sirius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Градинка..ем нема да го мислиш..средено,редовно ќе јаде,спие,а и на девојчето ќе и биде подобро,ќе започне да се социјализира.. ;)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа и другите, и јас мислам дека е подобро во градинка. Таму пред се друго, ќе се дружи и ќе си игра со други деца, нема да биде осамено. А за жена да доведеш да го чува, кој ти гарантира дека таа убаво ќе се однесува со него и ќе го чува добро додека ти не си дома. Градинка ти е подобар избор.
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Најубаво за детето е да расте во градинка,опкружено со многу дечиња со кои може да си игра,да се социјализира и слично.Мене ми е многу криво што како мала плачев и не сакав во градинка.Се би дала да се врати тоа време.
    Прати го девојчето во некоја добра градинка каде има добри воспитувачки.Таму рачунај и ќе преспие,ќе си игра,ќе биде најадено.Ако донесеш жена дома нема да знаеш како таа се однесува со него,нема да знаше дали детето е нахрането,дали плаче или се смее :)
    Се согласувам со останатите,најдобро за детето е да го однесиш во градинка.
     
  9. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    И јас сум за градинката како супер опција ама внимателно избери во која градинка. Меѓу државните градинки има за истите пари и фантастични и ужасни. Имам многу информации за градинките на пр. 8 март расадник или прзино е извонредна. Кочо Рацин исто така. Би ти препорачала да го бираш клонот што е во склоп со администрацијата бидејќи таму е персоналот најдисциплиниран.
    За франкофонската градинка детето ти е мало. За оваа елитнава кај што се плаќа 12 000 може само да ти одгледаат сноб а останатите приватни се адаптирани, непрофесионални и има случаи каде толку непрофитабилни (иако родителите плаќаат да речеме 6000-9000) градинката не може да си ги плати сметките па им исклучуваат струја. Во Козле и во Тафталиџе има 2 добри градинки ако ти требаат имиња не можам да се сетам ама ми се на работа запишани па можам да ти ги испратам во лп.
     
  10. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Definitivno vo gradinka,
    mozebi vo meguvreme ste ja resile situacijava,
    pa po moznost kazete ni!

    pozdrav
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Малку ќе бидам офф топик.
    Извини ама не се согласувам со тебе. Керка ми оди во таа градинка и можам да кажам дека ни она , а ни јас сме снобови. Ако некој има можност своето дете да го запише во приватна градинка, школо, факултет не значи дека е сноб. Јас керка ми ја запишав таму бидејќи градинката работи од 7-19 часот, а моето работно време е од 9-18 часот, сама сум и немам кој да ми ја чува. Ниедна државна градинка во Скопје го нема тоа работно време.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Неса, алал да ти е што можеш да издвоиш 12000 за градинка.
    За жал многу самохрани мајки земаат околу 16000 плата и ептен мала алиментација, па немаат шанса да платат толку пари за градинка
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Сесилија ти благодарам,
    Бев малку изреволтирана од етјена. Јас се сама сум постигнала во мојот живот. А алиментација земам само 2000,00 ден месечно, бидејќи имам добра плата, а тоа што плаќам и кирија на никој не му е гајле. Ептен отидов офф топик извинете.

    Сириус си побара помош, па да му ја дадеме.
     
  14. sirius

    sirius Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    благодарам на сите вас мои дами и го послушав вашиот едногласен совет и си ја запишав во градинка, немав доволно за приватна но сепак и тоа е едно позитивно размислување баш поради работното време на Неша, уште еднаш благодарам и среќен сум што ве имам. ако треба друг совет се надевам тука сте :)
     
  15. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    А колку пак си го познаваш детето ако го оставаш до 19ч со туѓинци и си го земаш навечер само за да ти преспие дома? Сто пати по 12 000 да им платиш не можат да му заменат мајка и татко.
    И јас работев до касно бев опседната со самодокажување и огромна заработувачка се додека не останав трудна. Тогаш си ги променив приоритетите и решив дека ќе заработувам 25% помалку ама во 15ч најкасно ке излезам од работа и ќе отидам да си го земам детеот од обична градинка со деца со различен економски статус и потекло. Од 15 до 21 времето е комплетно нејзино.
    Сепак секој си знае за себе и своето семејство најдобро.
     
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Детето и те како си го познавам, а благодарение на мојата амбиција сега сум во Дубаи заедно со мојот сопруг и мојата ќерка.
    Ти можеш и цел ден дома да го поминеш со твоето дете и тоа време да не биде продуктивно, а можеш и два-три саата да бидеш и да и се посветиш целосно. Епа сега размисли малку пред да напаѓаш
     
    На losa-sreka и mina им се допаѓа ова.
  17. silvy

    silvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    22
    Еве да напишам и јас нешто.Моите две деца пораснаа во градинка .И тоа тргнаа кога имаа само по една година. Не дека немаше кој да ги гледа . имаат две баби .Но мојата одлука беше заснована на тоа дека јас одев на работа, па не сакав децата да растат опкружени по цел ден со баби околу себе . И вистина еве денес кога ги гледам и кога пак треба да донесам одлука за тоа пак би го направила истото. Големиот има веке 15 години а малата 9 и навистина сум презадоволна од тоа сто тие го науција во градинка .И ден денес имаат ред и навика за работите и обрските што тие требаат сами да си ги извршат.Се снаогаат во секакви ситуации, и се социјализираат со секави деца.Не ги потценуваат лугето и знаат да се социјализираат со деца од секаков ранг. Навистина ако се прифати мојот совет , најдобро решение е градинката за секое дете .И тоа обична градинка кај што има деца од секакви социјални групи. П.С. Извинете за долгиот пост
     
    На lolyta777 и Annath им се допаѓа ова.
  18. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Жал ми е што се чувствуваш нападната. Затоа и напишав дека секој најдобро си знае за своето семејство. Јас сакам детето да ми расте пред очи, сакам да си играм со неа, да читам да разговарам да ја гледам во очи, сакам да уживам во секој момент. Ако тебе ти се доволни 2 саати со твоето дете мене ми е малку и цел живот.
    Разликата во размислувањата произлегува од тоа што јас твоето сум го поминала. Десет години ме буткаше амбицијата по светов. Постигнав доволно за сега да можам да ги диктирам условите, да не ме поседува работодавачот туку да ми удоволува за да ме задржи. Јас си стојам на тоа дека на децата им треба мајка и татко а не платени учителки ама не очекувам да се согласиме зашто сепак секоја со своето животно искуство.
     
  19. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Најубаво е малото да се носи во градинка. Две години е навистина одлична возраст за во градинка. Со жена би останувало само дома. Најбитно во градинката дете се социјализира, гради пријателства, учи да се дружи, стекнува навики. Се што ви треба конкретно, можете да ми се обратите и во лична порака. Што и да се случило со мајката, Вие на тоа мало душиче сега сте му единствени. Тоа ќе биде дополнителна мотивација за вас за сите постигнати успеси во животот.
     
  20. losa-sreka

    losa-sreka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Потполно се согласувам со тебе, јас сум самохрана мајка и искрено чекам детето да ми наполни 1 година и да го дадам во градинка, сепак подобро ке се прилагоди во процесот на социјализација со своите врсничиња отколку да е 24/7 со мене