1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Санторини

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 22 мај 2013.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Здраво , ме интересира дали до сега некој го има посетено овој преубав остров :) и ако сака да ги сподели искуствата овде ? Мислам дека најдов не толку скапа понуда за Санторини 370евра + појадок + превоз ,9 ноќевања.Па ме интересира какви се цените таму ,плажите и др ......


    фала однапред ;)
     
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    САНТОРИНИ

    Јас бев на Санторини. Островот е преубав, навистина вреди да се посети. Во кој дел би се сместиле? Плажите се кај Камари/Периса/Периволос, и убави, големи (и црни!) се. Оние сликовитите места од разгледници (Оја, Тира) немаат плажа, туку се на литица. Цените зависат од реанот - во местата со плажа се пристојни, Оја и Тира се секако поскапи.
    Слободно пиши ми лп, или овде прашај, што знам ќе ти кажам :)
     
  3. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    САНТОРИНИ

    Периса ,изгледа е местото ... еве ја понудата : http://supertravel.com.mk/arrangement.aspx?id=457
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    САНТОРИНИ

    И јас баш во Периса бев, на овој хотел додуше не ми текнува. Плажата е убава, широка и мирна, тоа време немаше ни многу луѓе (крај на јуни). Има барови на плажа, и на главната улица кај што поминуваат автобусите (таму цените на пијалоци се ефтини, ама нема море). Во Камари има многу повеќе кафани, ама сметај на тоа дека Санторини нема некој јак ноќен живот - сакаат повеќе роментика.

    Освен ако сакате журкање до сабајле, нема промашување со посета на островот - не за џабе во сите листи на топ дестинации во сватот е во првите места :)
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    САНТОРИНИ

    Еве и слика од плажата во Периса:
    [​IMG]
     
    На buba4e89, VACA и karenin им се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    САНТОРИНИ

    Леле навистина е добра понудата! Може ли да ми кажете дали водата во морето е чиста? Дали рестораните се скапи? Дали на плажа може да се лежи на пешкир само :rofl: и колку евра е лежалка? И дали островот е голем, всушност дали треба да се рента кола или пак има превоз како мини бусчиња?
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Водата е многу чиста - бидејќи Санторини е дел од вулкан, во морето нема многу жив свет. Ние бевме во полупансион па не одевме во ресторани посебно, но можан да кажам дека во делот на Камари и Периса не се поскапи од Халкидики. Во Камари имаше во сите и понуда за 20 евра за вечера за двајца, сосе вино вклучено. Автобуси за превоз има, може да се рента кола или мотор (детали не знам, бевме со сопствена кола). Островот не е голем - околу 25км од крај до крај. Лежевме само на пешкири, имаше дури и неколку дрва за сенка, па и не плативме чадори. Во некои места нудеа чадор ако земеш пијачка.
    Други прашања? ;)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Ако некој дознае нешто повеќе споделите :) :)
     
  9. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    супер е ;)
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Летово планираме овде да отидаме...
    Па ајде некој ако сака да ми ги каже цените како одат..и некој подобар хотел...
     
  11. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    ја видов сега и ова понуда па почнав да се двоумам санторини или шпанија ? :D

    http://supertravel.com.mk/arrangement.aspx?id=510 истиот период ,скоро иста цена ... а ова е ШПАНИЈА <3 my dream destination :)
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Љорет де Мар не е баш Шпанија :) (знам дека е таму, ама само толку)
    Сосема се различни двете опции за одмор (сум била на двете), многу зависи од твојата возраст, со кого одиш и што очекуваш од одморот.
     
  13. kejt25

    kejt25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Како Лорет де мар не баш Шпанија , ако си била и на двете ке знаеш дека Лорет де Мар е во Шпанија, резликата е во тоа што со ова патување се посетуваат повеке места и држави, додека со другата понуда е само островот.
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас би ја одбрала Шпанија, токму поради овие места. Преубаво е, посебно Costa Brava, ама како што забележав во понудава не е вклучена. Саграда фамилија не се пропушта дефинитивно, улицата Ла Рамбла (овде ги имаш сите познати марки, некои со пристапни цени :) ), паркот Гуељ (и тој не е спомнат, ама најверојатно ќе се посетува, моја претпоставка), и нормално, Магичните фонтани.
    Барселона шопинг најверојатно ќе биде во Матаро, голем трговски центар со сите марки :) , уште еден трговски центар во близина на споменикот на Колумбо и Ла Рамбла.
    Јас дефинитивно би ја одбрала Шпанија :)
     
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    darcy кажа дека сте оделе со сопствен автомобил, колку време патувавте, колку ви беше карта за траект од кај минувавте? :)
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Географски Љорет де Мар е во Шпанија (поточно Каталонија), но го нема шмекот на Шпанија. Туристите се млади од цела Европа, само Шпанци не видов. Дури и менито во рестораните не е типично шпанско. Costa Brava е преубава, но искрено откако неколку години подоцна отидов близу Валенсија (Costa Azahar), во посета на Шпанци, видов колку Љорет е далеку од вистинската слика.
    Барселона е преубава секако, и таму вреди да се отиде без оглед дали е вклучена во турата (од Љорет има автобуси).

    Патот е долг и прилично напорен - до Атина 700км, а после тоа со траект до Санторини. Ние спиевме во Атина (Пиреја), затоа што не сакавме некоја пречка на патот да направи да го пропуштиме траектот.
    Дневно имаше еден траект од поефтините (и тој над 200 евра задва патника + возило), и трга рано наутро. За жал нема ноќен, што многу би одговарал, бидејќи патот трае околу 8 часа.

    Уште еднаш само да кажам - и Шпанија е прекрасна (тоа е и мојата омилена земја), и Санторини е многу интересна локација. Изборот премногу зависи од тоа што човек очекува од одморот, и секако неговата возраст, навистина искуството е многу различно.
     
  17. TAZ

    TAZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    Само да прашам дали евтиниот траект е 200 евра?
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Споредувате монденско место (за мене преценето Санторини) со едно од поефитните за средна класа летувалиште Лорет де Мар, немаат допирни точка едно со друго, прво не излагаат на исто море(колку што знам).
    Според мене Скијатос е најдоброто нешто од Грција, не сум била, али имам слушното прекрасни зборови и има комбинација и од убавини и од забава.
    Санотрини е прескапо за тоа тоа што го нуди, прескапо, прво патот е пре-пре далеку и не е место на кое ме минува со малку пари. 1000 евра за одмор, па за во Грција не сметате дека е премногу?
    Би сакала да одам не викам не, ама за тие пари мислам дека може да се најде поегзотично место со поубави плажи.
     
    На chiquita1 и Lilit им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Хипстер, Санторини е сон на сите соништата на сите оние кои ги зборам со чек ин-от. Умрени се да се пофалат дека биле на такво место,а нема ни до пола да го изживеат како што треба. Патат од тоа да бидат видени, чуени и раскажани, и патат од оние кои реално имаат и си шетаат поштено по светот,ама ги раскажуваат како нешто негативно и незаслужено.
    И јас не сум нешто импресионирана од островов, од слики гледан, можеби да поминам 2-3 дена колку да го истражам и толку. Да видам по нешто и фитиљ. Премногу е пуст и прецент, скроз се согласувам со тебе.
    А и рака на срце, имаше понуди од 200 евра па нагоре во зависност од сезоната. Па да ти кажам, на Санторини само со пари се оди, во тие убавите рисорти па да отседиш квалитетно да одмориш во тоа пустелијата. Инаку за нас обичната раја тоа не е место за одмор ако искрено зборуваме. Не е она, еј се пикнав во еден никаков смештај,ама битно бев таму, за 400 евра по човек, милина за мерак, полупансион, ама нема врска гиро јадевме секој ден, битно бевме и видовме, еве и вие видовте сите на фејсбук и сега може да ни завидувате како топ сме си поминале.
    Каде бе со тој памет? Ми се блуе од ваков народ. Од средна искомплексирана класа.
    Кога ќе видиш од тоа како споредуваат неспоредливи места, јасно ти е се... не е битно каде е,битно е што е чуено име...
     
    На mime87, mims-89, ocila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе Санторини ти е за со магаренце да го прошеташ :wasntme: (нека крене раче кој го гледал сестринството со панталоните :D ). Убав остров ми е, јас имам желба да го посетам... со директен лет до таму, а не со 3дена патување. Нашиве агенции го нудат баш тоа што го спомнувате, можноста да се каже дека си бил во Санторини и само тоа. Да си на Санторини а да си сместен доле покрај плажа не е филингот. Санторини е познат по убавите бели градби, специфични грчки, по прекрасниот поглед, горе на островот... не по плажите. Јас не верувам дека некој отишол таму само за да биде на море. За да бидеш на море има далеку поубави места и острови. Тука башка имаш можност да се активираш, за подобра кондиција...кога ќе се вратите во МК ќе имате посекси нозе :D
    [​IMG]
     
    На buba4e89 и CoverGirl10 им се допаѓа ова.