Санторини е на Егејско, Лорет на Средоземно, ама двете се спојуваат, така да нема некоја разлика И не е поентата во морето, воопшто, тоа што ќе го доживееш на Санторини нема никогаш да го видиш во Лорет. Ова дефинитивно не е за споредување: Лорет Санторини Не сум била во Лорет, ама бев на Санторини и го доживеав. Летав со авион од Солун (скоро исто беше како да се затераме со кола + траект, нешто плус) и не, не бев во јужниот дел, бев во Имеровигли и секој ден го доживував баш овој поглед. Имам само еден збор - СПЕКТАКУЛАРНО. Нема да видите не знам какви плажи на Санторини, нема да видите историски места, ама затоа ќе доживеете нешто сосема поинакво од било кое друго крајбрежно место. Мирот на врвот од карпите додека се слуша само пловењето на јахтите е прајслес.....неограничено синило, блештаво белило од куќите и тишина. Не би знаела да кажам дали е преценето како „монденско“ место, генерално не посетувам такви места и не отидов таму за да се чекирам и да кажам дека сум била, ама дека носи дух модерен и исконски во исто време - носи. Базен на раб на провалија, а апартман вграден во карпите. Џакузи од карпа, лавабо од клесан камен - тоа е тој луксуз кој се плаќа, и така се доживува Санторини во права смисла на зборот. Велат Модата прво доаѓа на Санторини, па во Њу Јорк - на западно-северниот дел од островот секое ќоше вришти од едноставност и луксуз. Клубовите се отмени, рестораните уникатни, и луѓето просто зрачат со богатство и едноставност. Не припаѓав таму, не се препичавам да кажам дека ме отсликува како личност, ама дека е нешто посебно - посебно е, и мислам дека нема потреба да го омаловажуваме како место само затоа што некои-си-таму се чекирале за да ги направат „пријателите“ на ФБ љубоморни
се зачудив од коментариве што ги прочитав, за вкусови не се дискутира ама што е убаво-убаво е.лорет де мар е едно од полошите места кои ги имам посетено,навистина како што имаше некој кажано тоа не е шпанија,освен пијани англичани друго ништо не сретнав,бев на 4 дена и верувајте не можев да дочекам да продолжиме понатаму,цените супер беа но не нудеше ништо гратчето. а скијатос е дааалеку од најубав остров во грција,каде се крит,родос,наксос,иос,миконос и нормално санторини? од овие сум била на скијатос и на санторини,скијатос има прекрасни плажи,културен ноќен живот,пристапни цени но со санторини не може во никој поглед да се спореди.санторини е светска дестинација,која нуди многу,многу повеќе од плажички кои можеш да ги најдеш насекаде во грција.не бев сместена во тие луксузни апартмани но се што требаше да доживеам таму доживеав,тоа е според мене единственото место кое вреди за парите да се види,освен патот и ноќевањето цените не беа воопшто различни од скијатос,а искуството беше далеку поразлично и поубаво.на сите што се двоумат топло им го препорачувам санторини,да се валкаат на црн песок,да вечераат на најубавите места на светот,да шетаат по најтесните улички, и нормално таму дефинитивно на романтиката и нема крај! и да, не се чекирав...немав ни фб профил кога го посетив..здравје следен пат
Моира јас во ни еден збор не реков дека се споредуваат, фала богу дека Санторини е полуксузно и поубаво од Лорет де Мар, но според тоа што го нуди Санторини за МЕНЕ не е нешто којзнае колку посебно. Убави пејзажи има да, се надевам само сликиве дека не се превише фотошопирани. Реченицата за вкусови не се дискутира, за мене е изговор на луѓе кои немаат свое мислење па се вадат со тоа. Не сум била, ќе одам некој ден, за да видам едноставно со свои очи. Ама цениве нагло им паднале, пред некои 3-4 години немаше аранжман под 500 евра, ме изнади ова 300 евра, но океј, не знам каде е сместувањето и што е. Јас лично сакам убави плажи, или сакам да видам нешто историски знаменитости кои ќе ме збогатат за цел живот. Тој спој го имам доживеано само во Египет и на никој друг одмор. На азурна обала имав можност само 1 час да се капам и желба ми е еден ден поминам 10 дена во Ница или некое друго туристичко место, зашто тоа беше нешто неописливо со зборови прекрасно. Или како вие викате прашање на вкус.
Искрено, криво ми е многу што агенциите последниве години го направија Санторини достапен за секого... му се изгуби магијата, луксузноста и недостапноста, а со тоа и посебното чувство кога си на него. И одмор во Египет е светлосни години од Санторини, ама како 2 екстрема кои врска немаат еден со друг. Како и да е, спремете побааѓи пари вие што ќе одите за Санторини, зошто ќе ви требаат, и уживајте во едноставноста... п. с. Хипстер жено... Верувај дека ниту еден фотошоп не може да ја среди таа убавина, подобро од оригиналот
Сликите не се фотошипирани, и јас тврдам Од грчките острови сум била на Крит, Крф, Санторини и еве сега за Закинтос се спремам Секој (од трите што ги видов) е различен од другите, и не сакам да споредувам. Само би кажала - не за џабе во било кој Топ 10 од светски дестинации ќе се појави Санторини, а не некој од другите. Е сега, за наши услови достапните места не се оние на сликите, туку нормални хотелчиња, на убави плажи и можност за половина час да се стаса до луксузните локации и спектакуларни видици. Конечната цената на чинење зависи од желбите таму - но тоа е така и насекаде. Траектот е скап, но сепак поефтин од оној за Скијатос, иако е многу подалеку. И да, таму е за одење само со партнер, ако е желбата за журкање по барови, забава на плажа и бурен ноќен живот, ова е многу погрешно место.
Едно прашање до сите што лани биле на Санторини. Какви се цените на храната, колку е да изнајмиш лежалка и најбитното дали има некаков превоз за да може да се прошета островот и да се доживеат тие прекрасни погледи ?
Цената на храната многу зависи од тоа каде се храниш. Ако се сместиш во Камари или Периса (местата со плажи) цената доаѓа како на Халкидики (има и некои понуди за двајца и сл. што доаѓаат и поефтини). Во Фира или Оја (местата со поглед) рестораните и кафиќите се поскапи (додуше таму и хотелите се многу поскапи). За превоз има автобуси, секако и рент-а-кар, но не би знаела да ти кажам нешто поконкретно бидејќи бевме со сопствено возило. Еден ден зедовме и целодневна тура, бидејќи само така можеше да се посетат и другите островчиња, па со таа тура бевме и во Оја (најпознатотото место од разгледници во Грција), каде и го гледавме зајдисонцето.
Се сеќаваш колку плаќавте за турата ? И да, некаде прочитав дека може да се оди пешки накај тие хотелите со убав поглед, вистина ли е тоа ?
http://www.jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=181 Ме заинтересира понудава само нема слики од хотелов а сакам да ги видам собите.Дали некој бил во овој хотел да ми каже како е?И дали е задоволен од плажите оти знам дека не се многу песочни пошто нели вулкан било порано.И уште нешто колку одприлика е јадењето на пр гирото?Сум била во полихроно и на олимпик бич околу 2евра беше мислам и на двете места.Е сега ваму да не е бааги поскапо?
Ако добро се сеќавам, 35 евра беше целодневната тура, ама не ме фаќај за збор... Хотелите со убав поглед се во самите градчиња Тира и Оја, и секое шетање по улиците поминува покрај нивните влезови, така да погледот секако не може да се испушти Јас бев во Периса, и плажата е убава, широка, песочна (црн песок). За хотелот не би знаела да ти кажам, во друг бевме. Што се однесува до цените, во Периса покрај морето се нешто повисоки одошто на улицата што поминува низ местото, ама детали не знам. Ние имавме полупансион, па немав потреба да јадам на друго место. Гиро тешко дека на Санторини ќе најдеш
Не се луксузни вечери и ручеци, има куп опции за јадење, понуди за двајца скара + салата за пристојна цена и слично, пици, но баш гиро не сретнав. Веројатно не е типично за тој дел од Грција.
Ајде додека ми се тазе импресиите да го споделам моето искуство Навистина посебно, магично место. Поинаков одмор од тоа што додега сум го искусила на осторвите на Грција. Бев сместена во Периса, во хотел кој се наоѓа многу блиску до плажата. Безброј таверни, сите интересни на свој начин, различни, цената за лежалки се движи од 5 до 10 евра (2 лежалки + чадор). а има и такви што не наплаќаат, доволно е да порачаш кафе, сок, пиво или да јадеш од кај нив. Најчесто пиев нескафе или џус и цената беше околуу 3, 4 евра. Некој спомна дека немало гиро...Не е точно, гиро има насекаде, во рестораните е поскапо, а има и посебни сендвичари каде што може да се најде за 2 евра. За превоз до градот ги користевме локалните автобуси кои ги има на секои 15 мин. Цената за билет од Периса до Фира е 2,20 евра, а од Фира има автобуси до било кое друго место на островот што сакате да го посетите, на пример Oia и цената на билет е 1,60 евра. Најголем впечаток ми остави Фира, белите куќички, ресторани, вили, луксуз насекаде, погледот кон морето од таму воодушевува. И секако Oia, од каде се следи зајдисонцето, безброј туристи (оваа година кинези во преголем број, италијанци, французи, англичани) доаѓаат околу 18.00 часот и се до 20.25 се чека сонцето целосно да го снема и даваат аплауз Тој временски период бојата за фотографирање е идеална, светлоста на сонцето кон белите куќички е волшебна. Потрошив околу 300 евра, со тоа што речиси секој ден плаќав лежалки или пијачка на плажа, два, три пати си дозволив луксузна вечера во градот, локалното вино им е фантастично, чаша е околу 6 евра. Бев и на црвената плажа, многу интересна, таму доаѓаа цело време бродчиња кои што носат прво до една црна, па до белата плажа, билетот за возењето е 5 евра (повратна). Камари е слично на Периса и е исто така полно со таверни, чиста вода, долга плажа со црн крупен песок и ситни камчиња. Турата за до вулканите ја платив преку агенцијата која бев, но не би ви препорачала да постапите како мене, зашто ми наплатија 35 евра, а истата тура во локалните агенции за такви тури, како во Периса така и на други места чинеше 20 евра. Топло го препорачувам на сите ова мало прекрасно островче.
Феминки јас со другарките (5 сме вкупно) сакаме да одиме за 8 март тука на 1 недела. Е сега неможеме со кола, па ќе мора со автобус. Дали некоја од вас била така па да сподели искуства? Ние планираме да одиме прво до Солун, па потоа да фатиме воз до Атина? Споделете искуства кој е наефтинот и најбрзиот начин да стигнеме таму (се разбира не авион )
Definitivno so avion e najeftina varijanta,nie bevme so kola I plativme recisi 800 evra za pat,so toa sto traektot go plativme 480 e,plus gorivo do atina,moi prijateli stignaa tamu so avion I pratile 117 e povratna karta od solun,vidi ja taa varijanta, inaku ke platis preku agencija recisi isto a maltretiranje e strasno, 8-9 casa na brod
Остров кој дефинитивно треба да се посети.. Јас бев на еден месец и стварно е преубаво место, преполно со туристи и убави места.. Мене лично Oia ми остави најголем впечаток место на кое буквално да си го најдеш мирот.. Сместена бев во Камари, а планирам и оваа година да појдам исто на 3-4 недели Се ти е блиску, а можеш да си изнајмиш автомобил, мотор или па градски автобус кој има пристапни цени.. Имаш и скапи и ефтини места за ручек или вечера А за патот дефинитивно авионски е најефтино .. Вреди да одвоите некој денар + и да го посетите местово