За оваа вила не знам но може да проверите на трип адвизор искуства,но знам дека сите што ги зачекавме додека бевме таму беа многу разочарани од агенцискиот смештај,затоа подобро информирајте се.Најголема мана е што нудат смештај само за периса,таму си само блиску до плажа,друго ништо,ни малку не се чувствува санторини,нема ништо,без рент а кар нема шанси,разгледајте понуди преку букинг или други страни за онлаин резервација,па договорете го само превозот агенциски,има преубави места,по пристојни цени,а што нудат скромен смештај но со преубав поглед,периса не го нуди тоа,на пример во близина на фира или во акротири.
Рент-а-кар е секако потребен (ако се оди без сопствено возило), за да се види целиот остров. Или ќе се сместите во место со поглед, или место со плажа - двете заедно не одат. Ние бевме во Периса и искрено сум многу задоволна, иако можеби Камари ќе беше со повеќе народ. Фира или Оја се задолжително за да се видат, но секој ден патување до плажа не би одбрала.
Taka e,no ako ne patuvas do plaza, treba sekoja vecer da patuvas do oja ili fira, ne znam sto bi se pravelo navecer vo perisa, nie bevme 12 dena a samo edna vecer otidovme vo perisa I definitivno najpromasena vecer ni bese.Megjutoa plazata e tuka,sto e sekako dobro
Многу зависи од тоа што очекуваш од одморот. Ние бевме на меден месец, во хотел со полупансион. Вечерата беше во отворено ресторанче покрај плажата, многу пријатно, после прошетка покрај плажа, евентуално пијачка и толку... Навечер еднаш бевме до Фира, два пати до Камари, зедовме една тура до Оја и другите островчиња и 2-3 пати денски со кола прошетавме по островот. Инаку специјално навечер да се доаѓа во Периса, ако си сместен на друго место, или да се очекува некаков посебен провод и забава, не.
Женски најдете си само смештај преку интернет ако не сакате агенциски, а превозот нека ви биде авионски иначе со автобус до атина и после со траект е многу малтретирање, а и поскапо те фака.. јас си резервирав авионска карта за август за 90 евра повратна карта значи има да начекаш.. Иначе Периса е многу лошо според мене.. нема ништо што да се види таму.. а агенцииве сите таму ги носат.. јас минатиот пат бев сместена во Камари на 100м од плажата.. блиску ти е имаш ресторани фини цени раздвижено е повеке за разлика од Периса. Годинава ке бидам во Фира, на 10 мин од центар се надевам добро ке испадне @darcy @Mila987 @gagic
@Miss.N blaze si ti! Uste utre bi trgnala da e pogolemo bebceto, zdravje za dve tri godini moram pak da se vratam definitivno fira e najdobar izbor, ne se ni somnevam deka ke imas nezaboraven odmor! Uzivaj maksimalno!
Еден пријател беше лани. Не беше многу фасциниран од островот. Беше сместен во тоа градчето што е со плаво-бели куќички. Него нозе му се здрвиле од идење нагоре-надоле. Имаат и магаре како превозно средство да те носи од горе до доле до плажата.
Епа што мислел тој, дека Санторини е рамен како Паралија? Штом се разочарал од Санторини, значи дека тргнал на слепо и воопшто не се распрашал како е. Ако не си за угорници, воопшто не тргај натаму. Подобро оди во Олимпик Бич
Мало но убаво место има 3 плажи со црн песок и е преубаво кој и да иде му посакувам убаво да си помине
Епа добро, тој е постар човек. Затоа. Иначе видов една од плажите што снимал, ама и мене не ми фати око. Изгледа поубавите се на друга страна.
Другарка моја беше и кажа оти изнајмиле кола и секој ден оделе на разни плажи. Низ островот имало многу прекрасни плажи. Инаку од нашите агенции сместувањата не се баш во оние белите куќички туку подалеку. Ама затоа од сабајле излегуваш од апартманот и цел ден во авантура. Прекрасен е Санторини се надевам ќе отидам и јас.
Друже, постари луѓе без авантуристички дух, не се за тука. Мислам, без навреда... Истото важи и за Миконос.. Подобро да отидел на Наксос, него тука
Јас бев сместена во Периса, преку агенција. Плативме за двокреветна соба и не' сместија во мала соба без прозорци, само со еден брачен кревет и расипана славина. Откако побаравме ново сместување, претставничката на агенцијата таму дури и зема да се кара со нас. Мислам дека сите агенции соработуваат со истата жена што ги држи вилите таму, барем до тогаш кога бевме ние. Потоа не' сместија во друга вила во соба со расипан еркондишн. Плативме за целиот аранжман 370 евра. Е сега, некои луѓе добија подобро сместување за истите пари. Работи што треба да се знаат за Периса: плажата е со црн вулкански песок и водата затоа не е тиркизна како што е прикажано на сликите. Дното во водата најчесто е лизгаво и нерамно, треба внимателно да се влегува во вода. Лежалките се по 7-10 евра и повеќето не се чистат редовно, а песокот е вулкански и е жежок така што некако и мораш да земеш лежалка. Целиот остров, како што знаете е како пустина, нема баш дрвја. Вреди да се посети само заради Фира и Ија. Ноќен живот има само во Фира, каде што има повеќе клубови. Ако одите на некоја од турите со брод, препорачувам да најдете некоја во тамошните грчки агенции, водичите се ептен интересни, а и поевтини се турите.