1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Санторини

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 22 мај 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    А бе луѓенца, (секоја чест на исклучоците кои ги лајкннав своевремено) ...
    Гледам доста од вас сте биле на островов, ама некој конкретен коментар на типот на сместување, цени, превоз, храна, плажи, екскурзии, прошетки .... никој ич не наведил.
    Па дајте пишувајте малку поконкретно, јесте да сите не мрзи, ама ако веќе пишувате дека сте биле, дај НАПИШЕТЕ и нешто во детал.
    Се изначитав, а ништо корисно не прочитав.

    Фала, Чао!!!
     
    На piksooki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Островот е прекрасен, во изобилие ќе посакате да останете таму, чист е целосно, речиси никаде не можете да забележите ѓубре.
    Пат:

    За до таму претежно со брод или авион. Превоз си наоѓате до Пиреа и од таму со фериброд. Се патува 8 часа до Санторини, бродот застанува во Наксос и Парос се задржува еден час ( прима и остава патници) и продолжува кон Санторини. Не смеете за време на пристаништето во Наксос или Парос да излегувате бидејќи не ќе можете да се вратите. Карта повратна како лице без кола е 80 евра, а за кола се доплаќа. Со авион некаде околу 95 евра повратна карта.

    Кога пристигнувате на пристаниште во Санторини тука имате rent a car продавници или rent a motocycle кои можат да се најдат од 20-25 евра на ден, се разбира само ако имате возачка дозвола за превозните средства. Патот до Фира или Периса е малку опасен, има доста кривини бидејќи се искучувате нагоре. Како се искачувате кон врвот се гледа цел остров. На островот нема полиција, така да имате слобода колку што сакаш и да направите сообраќајка нема кој да регулира си продолжувате по патот, ама затоа на агенцијата од каде сте го изнајмиле возилото или моторот плаќате оштета.

    Хотели

    Најефтините хотели се наоѓаат во Периса, за наша пара. Е сега јас бев преку друга агенција, а не преку таа што ја наведов и за превозот(бус, брод, организација,патничко осигурување) и хотелот со појадок платив 199 евра за 6 дена. Бевме сместени во Мементо Периса хотел одалечен едно 5 минути од плажа. Појадок шведска маса, солидни соби со купатило и мини кујна, клима и тараса. Искрено не знам која цена беше, хотелот имаше базен и многу јак интернет. Во близина се наоѓа познатата Камари плажа и да плажите се црни. Во Периса покрај плажите имате кафебарови и ресторани ама скапо е.
    9 евра гиро/суфлаки.
    3 евра газирани сокови.
    4евра па нагоре пиво.
    12 па нагоре пици
    20 евра па нагоре риба.

    Итн. водата им е многу скапа, јас си носев околу 10 мали шишања од дома.
    Во маалските продавниците 2,50 евра е леб.
    Секој кафе бар има свои лежалки, па со купување на пијачка или нарачување на храна добивате лежалки. Т.е. не плаќате за лежалките.

    Во нашиот хотел имаше шанк и пијалоците и кафето беа поефтини за разлика од друго место.

    Градови ( екскурзии ):

    Доколку сте љубители на екскурзии, ние си имавме преку агенцијата организирано и си плаќавме за истите.
    Брод околу 20 евра.
    Прво ви препорачувам да го посетите Вулканот ( Неа Камени ) со брод. Се плаќа влезница 2.50 евра и си зимате едукативен флаер кој ви прикажува каде да се искачите, историјата на вулканот и секако главните кратери. Историјата на вулканот е долга, за тоа можете да истражите на гугл. Патувањето со брод е околу 20 мин, понесете си бикини затоа што после ве водат да се искапите во термалните води.

    Потоа истиот брод ве носи до Фира. Градот е еден од најголемите на островот после Иа и еден од најскапите. За да се искачите до горе имате 2 избора, со жичара се плаќа 2 евра или со магаре се плаќа 5 евра ( за тие пари ве сликаат на магаре).
    Градот Фира како што кажав е еден од најголемите, тука се наоѓаат и најскалите хотели, е сега ако имате подлабок џеб тука имате хотели со два базени ( надвор и внатре),џакузи и тараса со поглед на море и цена од 250 евра до 6000 евра од ноќ, зависи и типот на ноќевање. Овдека имате базени луксуз какви немате видено.
    Во однос на рестораните имав прилика да разгледам на неколку места мени бидејќи имаа поставено надвор. Многу скапо.
    10 евра гиро.
    15 евра пици за нагоре.
    5 евра кафе, нескафе 8 евра.
    135 евра за морски плодови...итн.
    Сепак тоа е остров и секако ќе е скапо.
    Ако сакате да шетате по бутици има неколку брендови и повеќето со маалски бутици. Меѓутоа под 50 евра нема да најдете ништо од гардероба, освен ако нема попуст. Ги забележав Версаче, Бвлгари, од козметика ТОМ ФОРД и многу други.

    Скоро сите ресторани имаат подигнато тараса со поглед на море, што мене многу ми се свиѓаше, романтично место.
    Немавме прилика да шетаме навечер што за нареден пат секако тоа ќе ми биде во план. Мене тоа што е скапо не ме премисли, па ќе чекирам авион за следен пат.

    Пиргос е мало градче да не речам дел од град, кое многу популарно познат како градот на свеќи за Велики Петок, градчето за време на Велики петок уште во 18часот од најниската точка до највисоката точка го палат на свеќи, се пали секое делче, секоја куќа, секој двор и на оддалеченост изгледа фантазија. Потоа тргнува повојка од црквата и го поминува секој дел од градот и се спуштаат надоле носејќи го крстот и иконата на Исус Христос. Пред овој чин, секој верник може да влезе, да се поклони и да запали свеќа.
    Они не се протнуваат како кај нас.

    Археолошки музеј и винарија.

    Во археолошкиот музеј Akrotiri се плаќа 12 евра влезница. Вреди да се посети, ќе ги видите градот од камења од времето пред големата ерупција, ископнини и уште многу интересни нешта. Ќе имате прилика да шетате низ куќите од камења.

    Винаријата е традиционално место, тука има и музеј. Не знам колку беше влезница, ние по разгледувањето дегустиравме 4 врсти на вино. Од кисели до слатки. Е сега винаријата е направена како музеј т.е. во неа се зачувани сите орудии со кои се произведувало вино во минатото. Во Санторини имавме прилика да видиме плантажи со грозје, па така ова вино кое го пробавме е оригинално, не преработувано.

    Плажи.

    Ви кажав за терминалните води, таму претежно во брод, Тоа е топла вода, а добро би било ако си изнајмите сами брод за да останете колку сакате, бидејќи туристичките бродови ви даваат само 20 мин пливање.

    Црната плажа - Камари Бич.
    И црвената плажа Акротири. - дива плажа е. Индивидуално се оди, кој како сака.
    Морето е многу чисто и на двете плажи, меѓутоа водата во април месец е ладна.

    Мене ми кажаа дека најтопла е во септември месец.
    Од временско гледиште стално дува ветер, наутро беше ладно( април месец сепак) а преку ден ќе се стопли може да достигне до 20 степени, а навечер да падне под 10 степени.

    Иа е мал град на островот кој е подигнат по ерупцијата на вулканот. Е сега во Иа е и она најромантичното зајдисонце на нејзината највисока точка.
    И да ви кажам е поефтин од Фира. Разни драгулии и сувенири по пола евро,магнетчиња по 1 евро.
    Можете да најдете и ефтини ресторани, кафе во кафебар 2 евра.
    Гардероба од 20 евра нагоре, некогаш и попуст.
    Кифли по 1 евро.
    Значи дупло поефтино од Фира, ама и дупло поголема гужва.

    Низ целиот остров забележав туристи од разни делови од земјата и во Иа имаше свадба.
    Најмногу Кинези има.

    Како што кажав островот е прекрасен и во изобилие е многу чист, не забележав ни куче ни маче.
    Никој не те чепка, не се многу љубезни продавачите, но сите си ја гледаат својата работа.
    Целиот остров е бело-плав, а само скалите се сиви,се водат спрема грчко знаме.
    Само во Иа има 72 цркви, а во Фира многу повеќе.

    Вреден е за секоја пара што ќе ја дадете, а ќе се вратите со надеж за повторно да го посетите.

    @bubac
     
    Последна измена: 19 април 2017
    На sexymia, CareTee, BeLLaDona23 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    You rock girl @buba4e89 :l: Ова се бара, фала ти на одвоеното време :*:*:*:*
     
    На piksooki, t-sweet и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Нема проблем, ако нешто те интересира пиши ми лп можам да ти пратам слики од плажите.

    Поздравче.
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Се надевам ова лето ке одам на Санторини :inlove:
     
  7. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Има летови од Солун дирекно Санторини. Гледам и агенциите почнаа да објавуваат има ниски цени.
     
  8. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е поефтино сама се да си организирас а не преку агенција,конкретно зборувам за Санторини
     
  9. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    имате ли некој сајт за ефтини авио билети од солун до санторини??
     
  10. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Кое место е најдобро за сместување?
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Сите хотели се убави и сите се од мермер.Зависи од буџетот.
     
  12. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Мислев дали Периса, Периволос, Камари?
     
  13. ina..ina

    ina..ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    87
    Преку која Агенција беше?
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Нехар Травел.
     
  15. DimitarLuna

    DimitarLuna Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Планирам да одам на Санторини некаде после Октомври годинава, или здравје тек во Март/ Април 2019. Читав по темава, и заклучив дека нај ефтино сепак е со авион од Солун, проверив, и да, има и за 84 евра повратен билет. Со оглед на тоа што одам на поладниот период од годината и повеќе одам за тој Санторински поглед, бирам/ в меѓу Фира и Оја. И, најверојатно ќе биде во Фира, затоа што е поблиску до аеродромот, и смештајот е поефтин од Оја, така на пример, во Фира за 4 ноќи за тројца во октомври најниската цена на Booking е 150 евра на некои 350м од центар, додека во Оја за истиот период и исти критериуми, најниската цена е 240 евра на речиси 2км од центар. Ваши предлози и искуства ако може, дали е попаметно идењето со авион? Како до нај ефтин смештај?

    * Макар што мислам дека ја најдов нај ефтината понуда за Санторини за почеток на Октомври за 402 евра (4 ноќи, ,3 возрасни)
     
    На buba4e89 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Според мене Санторини ми е повеќе како место за краток викенд онака како дестинација да го посетиш на 2-3 дена , а за летен одмор не е
     
    На joy1 и DimitarLuna им се допаѓа ова.
  17. luckyblonde

    luckyblonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    vo koj hotel e smestuvanjeto koga bese aj pisi mi ako sakas jas zaminuvam so istata agencija za 2 dena
     
    На JProud му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не бев со оваа агенција,бев со друга.
    Сум пишала на оваа страна убав текст, прочитај си.
     
    Последна измена: 22 мај 2019
  19. Tina22m

    Tina22m Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, ве читав ама сепак да си прашам.. Која агенција според вас кои скоро сте оделе или планирате да одите би ми препорачале?

    Или некое друго место во Грција кое со духот и убавината на Санторини :inlove:
     
  20. Ketrin21

    Ketrin21 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2019
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali nekoj znar kolku e povratna karta od atina do santorini so feribrod?