Девојки колку чини сапунот од козјо млеко? Сакам да си земам. Ќе се мијам со сапунот, и после кремче и ај создравје.
И јас го практикувам истото и често луѓето се смеат кога ке им кажам дека никад не мијам лице,единствено кога се туширам.Навечер ќе го избришам со влажна марамица па после со хлоракол и воала чисто и мазно лице
Да да,јас го користам веке долго време.ПРЕзадоволна сум од него.Мислам дека другите од DOVE баш не ми одговараат,иако сите ги неам испробено но DOVE BEAUTY CREAM BAR.Вреди да го пробаш.Поздрааав
Да,да и јас ги имам пробано истиот сапун на Dove и добар е со хидратантен крем е ,баш ми е мака и мазна кожата
Дефинитивно и јас го препорачувам Повеќе од ова не ти треба, пали патиките и оди да си земеш, нема да зажалиш. позз
Јас си користам обично бебешко сапунче оти другине сапуни не ми го смирува и не ми го омекнува лицето толку колку бебешково, а ми треба некое такво оти си имам спицифично лиценце
Пред една недела си купив еден сапун Dove за лице.После неколку дена употреба забележив дека воопшто не ми одговара.Моментално користам еден од Орифлејм со пилинг. Убав е за комбинирана кожа и ми одговара.
Никаков. Не користам сапун за лице зошто премногу ми го суши. Инаку досега сум ставила само Дове. Ако веќе морам сапун да ставам, тоа би било само Дове - обичниот син.
Или ги користам Dove сапуните или некои бебешки сапуни бидејќи од другите ми се појавува црвенило или печење на кожата
Цело време го користам Dove сапунот, многу ми се допадна, задоволна сум. И акните забележав дека ми се намалија