Моментално го користам овој сапун,убаво го прави лицето,а толку убаво ми мириса што ми се иде кога се мијам лице да го изедам
Го користам пилингот на Dove, и можам да кажам дека сум задоволна. Не сум имала проблеми со кожата никогаш, без разлика кој производ да го користам. Е сега пошто обравчињата ми се малце црвени , се обидувам да го користам еднаш до два пати неделно, совет од козметичарката. Плус мислам дека секојдневно користење на сапуни за лице доведува до сушење на кожата.
Најчесто го користам кога ја отстранувам шминката не секојдневно воопшто не ја суши кожата напротив одлично ја измазнува дури заприметив некои црвени иритации на кожата ги смирува.
Dove - темно плавиот, мене ми е прекрасен, не ми ја суши кожата воопшто и гледам дека ми ги суши и бубулиците, поубав сапун до сега за лице не сум користела.
Користам Dove и многу сум задоволна од него. Откако го користам ми се исчисти лицето и не ми е толку мрсна кожата.
Прекрасен сапун, го препорачувам на сите кои сакаат да си го исчистат лицето само не очекувајте уште по првото миење резултат, туку после месец редовно користење наутро и навечер. Лицето ми светна како од ниеден друг сапун до сега. Медицински сапун е и знам дека некои дерматолози го препорачуваат. Спојлер Asso derm - Наменет е за секојдневна хигиена и нега на нормална и на проблематична кожа. Со својата pH вредност не го нарушува природниот хидролипиден слој на кожата и е прикладен за кожа чувствителна на класични сапуни и како средство за нега на заболена кожа од хронична егзема, младешки мозолчиња, алергиски дерматитис, дерматози придружени со лупење на кожата и др. Клинички е тестиран.
И јас да го пофалам , вистина многу убав сапун, јас еднаш го измив лицето со него и навистина е мазно и убаво, но повеќе го користам за под пазуви бидејќи сум таму осетлива, овој период многу ме вребаат иритации а овој сапун успешно ги елиминира и плус подолго време чувствувам свежина дури и без стик да излезам сапунот не дозволува да замирисам, а мирисот е фантастичен. :up:
Jaс го користам сапунот од козјо млеко со мирис на лаванда. За моето проблематично лице ова ми беше откритие на годината, не дека сега лицето ми е совршено, ама подобо е каде каде, од времето кога користев други работи.Јас скоро се сум пробала за миење, авон, орифлејм, докторс, нивеа, дав и од ништо не ми беше добро лицето како од овој сапун.Овој има најдобар мирис од сите други на оваа фирма, чиста лаванда, убавини е.Е само ако ти влезе во очи страшно е, многу пече. Исто и од зелена глина го користев прво, ама почна многу да ми ја суши кожата и го сменив. Во Космо овој од лаванда е 189ден, малку скап ама го користам многу време, а останатите се по 139ден.
А баш го гледав пред некој ден, и во Веро центар го имаше во маркетот, околу 150 ако не се лажам.. се мислам да го купам, читав позитивни коментари, па може да се проба инаку од пред некое време почнав да го мијам со бекутан купката со пантенол и камилица, и убава е.. не ја суши кожата..
Јас вчера го купив сапунот од козјо млеко со квасец. Како за почеток е океј, само, нормално е што не прави многу пена? Таков си е?
Го користев сапунот од козјо млеко со пивски квасец наутро и навечер и презадоволна сум. Има само позитивни ефекти на кожата на лицето , а верувам и другите дека се добри , на секој си пишува за каква намена е и планирам пак да си го купам
И јас почнав да го користам тој од козјо млеко, со невен зашто имам сува кожа и ми е феноменален. Не верувам дека наскоро ќе го сменам. Сабајле и вечер и лицето ми е многу поубаво