Кој од овие сапуниве со козјо млеко е наменет за масна кожа? Сакам да го сменам мојот и најверојатно ќе купам таков.
http://www.vulmarg.mk/index.php?option= ... &Itemid=59 Еве си пишува овде, пронајди си кој ќе ти одоговара
Ептен се добри козјите сапуни. Прв пат сапун да не ми ја суши кожата. А, и не мирисаат лошо како што очекував.
И јас ко користам,овој сапун и навистина е прекрасен.Не само за на лице туку,и за на тело е прекрасен.Многу убаво мириса,а и кожата ми ја прави помека по нежна.
јас го користам на докторс сапунот за пилинг,и баш ми е добар дава свежина на лицето,ги прочистува порите и не ми излегуваат акни повеке
Јас го користев Дав за лице и мене не ми беше ништо подобар од останатите кои не ми помагаа, јас го користам за тело. А сега зедов од Докторс од маслиново масло, пошто кај нас нема од овој од козјо млеко.Што знам не ми е толку добар како него, ама може да помине.
Сапун од козјо млеко Јас знам еден наједноставен рецепт: Спојлер одам во Космо, Јуник или Веро маркет и го купувам за 150 ден.
Јас имам пробано многу сапуни за лице,но бидејќи кожата ми е мрсна,единствено добар се покажа Дове ,се мијам секој ден барем еднаш и презадоволна сум
Рецепт не знам но за 100 денари ги имаш во Тинекс и Космо. А од 130 до 150 денари се ако е со додатоци како мед, пивски квасец, зелена глина, Q10, сурутка, невен, пилинг ... Така да иако одговараат на секое лице сепак имаш во зависност од додатоците за худратација, за осетлива кожа, повеќе витаминска, си пишува на секоја одпозади. Dove сапунчињата ги обожавам за раце, ама овие од козјо млеко сапунчиња се совршени за лице. E да прашам, видел ли некој од друга фирма сапунчиња од козјо млеко? Не дека не сум задоволна од оваа, презадоволна сум, ама би пробала од радозналост и од друга фирма. И да, не мирисаат грдо. Не мирисаат ни убаво, ама неутрален мирис имаат пред се
Роси јас го имам користено сапунот од козјо млеко Жељковиќ.Го купив од Ниш во Меркатор.Сличен е на овој можеби за нијанса е помек.Не е лош.Јас го користев тој со сина амбалажа.
Моментално го користам овој и сум презадоволна од него, н е ни очекував дека ќе биде толку многу ефикасен.
Би сакала да го пробам сапунот за лице од козјо млеко, ама имам сува кожа на образите и челото, да не ми се доисуши уште поќе? Од сапунот се суши лицето...
И јас имам многу сува кожа па еве веќе го користам со месеци и преубав е штом го измијам лицето одма ставам крема и немам ни бубуличка ни лишаи како порано што знаеја од време на време да ми се јават