Е јас па имам нормална/комбинирана кожа и многу почна да ми го суши лицето (тој од козјо млеко со пивски квасец) и прекинав да го користам. Сега го користам Dove shea butter и супер ми е! Пробај, зошто мислам дека кај секој има различен ефект, се зависи од кожата
Користам Dove со пилинг,али многу ми го суши лицето.Би сакала да го заменам со Козјиот сапун со Лаванда
Користам бебешки сапун за лице, од бекутан новиот со камилица. Ми се погоди, не ја пресушува кожата, нежен е а и убаво мириса, на бебе
јас го користам сапунот на еуцерин и супер ми одговара на кожата. е сега е маку поскап мислам дека беше околу 170 денари.
60-70 денари е.[/quote] и ас го користам овој сапун на DOVE и презаволна сум...го мијам лицето сабајле и навечер и по една недела користење веднаш кожата е помека и почиста..јас имав црнки околу носот ама сапунчево све ми исчисти...предобар е.. а и преубаво мириса. ЛАВ ИТ!!!!!!!
Ме мрзи да барам, имам отворено една тема за домашни сапуни. Ќе ги пребараш моите мислења и меѓу првите е. Или барај на тема лице домашни сапуни имам објавено еден линк. Инаку најдов еден нов ама заборавив да го постирам. Значи 200 мл. козјо млеко се меша со 200мл вода. Се става да замрзне во оние што се за змрзнување коцки лед. Потоа се вади и се става во сода, е сега баш и незнам каква е таа сода ако знае некој нека ни каже. Исто така во содата може да се додадат и билки и слични работи, зависи што сакаш. Седни малце прогуглај и ќе ти излезе. Само на српски барај бидејќи на англиски кога бараш тие користат многу продукти кои ги нема кај нас. Се надевам помогнав
И јас моментално го користам овој, навистина мириса многу убаво на ванила и од како ќе се измијам некое време го чуствувам мирисот, а и ја измазнува кожата. Мене лично овој со шеа путер ми е подобар од тој со краставица.
Вчера го купив овој и еднаш се измив така да неможам ништо да кажам , освен за мирисот кој е прекрасен. Дали можам да се мијам секој ден со сапунов иако е пилинг?
Порано користев Нивеа или Докторс, но сега само гелови за чистење лице од проста причина што се подинамични за употреба.
Ја видов темава и одма ми дојде едно лошо искуство на памет...Си купив сапун Дав гледајки ги рекламине и се миев лице со тој неколку дена и почнаа да ми се појавуваат флеки и бубулици...Праав моабет со другарка ми и ми вика дек не се ставало сапун на лице,а јас секогаш ставам,ама првпат го пробав овој на Дав...Што мислите вие кој е најдобар?