^ Некој поблаг, детски сапун. Јас повеќе од година дена го користам ова сапунче и сум немала несакани последици како исфрлања, акни ... Го има во повеќе видови - мед и млеко, алое вера, бадем и млеко, сите ги имам пробано и супер се. Исто, задоволна сум и од Асо Дерм - можеби малку е поскап, ама многу добар сапун е.
Ако ти е осетливо лицето на сапуни, подобро купи си гел за миење лице. А кој од Дав го користеше? Мене најобичниот и тој со пилинг ефект не ми правеа проблеми, освен што ми ја сушеа кожата по малку. Еднаш го купив тој од краставица и имав страшна алергија околу очите и на образите Така да може и еден вид да ти е ок, а друг да ти прави проблеми. Инаку за мене лично Дав се покажа како понежен од Бекутан сапунче и Асо Дерм, со нив после миење кожата ми беше затегната мислев ќе ми распука.
Јас овој на Дав го користев долго време, ми беше мека и нежна кожата, бубулиците ми се чистеа. Сега воопшто не ми влијае, па престанав да го користам. Сега го користам Дискавер Мексико од Орифлејм, ама не е тоа тоа. Само бубулици чисти, а кожата ми е како затегната, погруба. Се мислам да зеам на Нивеа Како сте вие задоволни од Нивеата? Или предложете ми некој друг за комбинирана кожа.
A да ги пробаш оние со козјо млеко? Има и за мрсна и за комбинирана кожа. Разгледај на нет мора да ги има сите, или прочачкај назад некоја страна, имаше ставено линк каде беше напишано повеќе за секој вид на сапун од линијата.
Јас лично од Нивеата не сум задоволна оти многу ми ја сушеше кожата,дури на образите ми се лупеше кожата.Бидејки имам комбинирана кожа,сега за сега идеален избор за мене е Dove тој со пилинг.
Бебешките сапуни се препорачливи и за возрасни со чувствителна кожа бидејќи се благи, не се агресивни и смируваат. Може да ги користи секој. А еуцеринот е околу 150 денри, цената варира во зависност од аптеката. Убав сапун е и тој. Поздрав
Нивеа сапуните за мене се најлошото нешто што сум го пробала Суви пресуви, ме оптегнаа, не видов ни ч од чиста кожа, почна да ми се лупи носот и образите да ми бидат апла суви. own: Од масна кожа добив излуштена(добро де, мојава и онака е феномен, па не знам да решам дали е масна, сува, нормална, со т-зона масна стварно не знам) и лицево чинам ми се изнафрла за сите пари Сега си зедов од добриот стар Дав со краставица, за жал немам од кај да си порачам од гелот од босилек кој ми ја прероди кожава
Од Нивеа сапуните немам лошо искуство, но и не бев нешто посебно задоволна ги имам пробано сите, а најмногу ми одговараше тој со јагода и млеко, но сепак гел си е гел.
Doctor's сапунот го користев се додека не почнав да чувствувам дека лицето ми се лупи потоа престанав го миев со гел од орифлејм но кога ке поцувствувам дека лицето ми е ептен масно го мијам со сапунот. факт е дека сапунот ги суши акните и може и да поцрвенат но сепак подобри и побрзи резултати ке добиеш со сапун а не со гел. бар така мислам
Нивеа софт крем не сум го користела па затоа неможам да ти одговорам.Но јас го користам овој сапун и супер резултати има.
Обично не користам сапуни за лице, освен кога ми се "разубавува" кожата пред добивање. Комбинација на ассо дерм со крема здраве чуда ми прави, буквално, за еден ден ми ги решава проблемите.
^ Јас имам комбинирана кожа и супер ми е ептен.Многу убаво мириса лицето после миење .Според мене досега од сите Dove сапуни овој им е нај Зависи и до кожата да,ама ете во претходните постови го користеле некои што имаат сува кожа.