Се разочарав искрено од козјиот сапун од Тинекс. Зедов таков со сурутка, ама ич не ми се погоди Изгледа поради млекото, се разлигавува при допир со вода, плус имам чувство дека лицето не ми е измиено убаво како што треба, а тоа не ми се допаѓа, така што НЕ од мене
Добар е за комбинирана кожа,бидејки ако ја прави мека кожата за образите ќе си најдам чаре бидејки ми е сува кожата,а Т зоната(челото и носот) многу ми се мрси кожата и ми излегуваат мозолчиња...па затоа се двоумам дали да го земам
Dove. Доста сум задоволна од тоа како ја прави мојата кожа, а уназад во коментарите и за препарати за можолчиња и акни исто го препорачав. Навистина се осеќа разлика, самото лице ми е посвежо и по суво во однос на тоа дека јас имам мрсна кожа.
Од денес почнав да го користам Ассо дерм и ептен ми се свиѓа, ја прави кожата мазна уште од 1 миење а и мн убаво мириса. Го користев и Dove и сапуните од козјо млеко ( со зелена глина и со мед) од космо али не беа којзнае што за разлика од Ассото
Aссо дерм дефинитивно најдобар е за лице,единствен сапун кој не ми ја суши кожата на лицето,a убаво го чисти
Јас го користам Асо дерм уште од летото,и да ви кажам право ми нема помогнато нешто посебно да ми се ичисти лицево,се мијам со него и насабајле и навечер...
Мене ми се потроши тој најобичниот Dove, сега си купив со шеа путер. Многу го фалите, па ме фати мерак да го пробам. Уште не сум го започнала, ќе кажам коментар кога ќе почнам да го користам, ама мирисот дефинитивно му е извонреден.
Мене ми се чини помина времето кога доволно беше да се измиеш со сапун и мирисаш цел ден.Јас до средно училиште не знаев што е дозодоранс а не пак парфем.Тоа беа сапуни а не како сега. Во последниве години ,сапуните и нивната оценка според мене Dove -5 според,нега ,мирис,издржливост (под издржливост сметам да не се распадне при крај) Неутро робертс -4 исклучително хидратизира и го сакам неговиот мирис на чисто Фа сапуни- 3,добри ама мирисот некако не се задржува на мене Палмоливе -2 ме нервира кога од средината на трошењето почнуваат да се однесуваат како оние полжави Тео -1.не ми одговараат на кожата Тука не ги ставив во оценување беби сапуните кои се стандардно добри Бекутан,Косили и Мерима .Беколино не ми се допаѓа а Џонсон,откако прочитав се и сешто за него Овој го добив лани пред Нова Година,ја чувам амбалажата ,мирисот уште му го чувствувам а негата немам зборови...само штета овде го нема...
Ассо дерм и претходно спомнав дека е преубав, го чисти лицето, но повеќе ми одговара за во лето кога кожата не се суши толку, денес го купив еуцерин, затоа што ми требаше за чуствителна кожа па ќе видиме резултати
Сега г користам Докторс Антибактериал ,многу ми помага против акните кои ми се појавија одненадеж.Претходно го користев Дав за ексфолијација , тој пак е многу корисен против црнки .
Мислам дека еднаш го имам препорачано,но дефинитивно за мене до сега најдобар сапун е глицеринскиот сапун,има од бор и од катран.За мене од бор дефинитивно е најдобар,може да се најде во поголемите маркети,а и во аптеките.Не е многу скап,чини некаде околу 50,60 денари зависи од каде го купувате,а лицето ми го прави феноменално меко,ми ги суши акните кои што ретко се појавуваат и јас никогаш не би го сменила.