Користам Дав,бев задоволна но во последно време имам забележано дека повеќе црнки ми се појавуваат,а мозолки немам. Да прекинам со користење или не?
Девојки сакам да ве прашам. Сакам да си земам сапунче за лице некое убаво. Моето лице е комбинирано, Т зоната ми е мрсничка, а обравчињата ми се суви. Па сакам да ве прашам, кое е идеално сапунче за такво лице. Сакам навечер откако ќе ја исчистам шминката лицето да си го измијам со водичка и со сапунче. Поздрав !
Не знаев дека има и сапун Еуцерин. Добар е? Претпоставувам дека го има во Зегин или по другите аптеки.
Можеш да пробаш со медицински или па со Dove. Јас Dove користам и сум задоволна а имам исти тип на кожа како твојата.
И двата се добри, т.е. според моето досегашно искуство, нема лош сапун за комбинирана-мрсна кожа. Асо Дерм го имам користено и имам само пофални зборови, а овие со козјо млеко само ги меркам, а никако да се решам да земам некој. Кој и да го земеш, нема да погрешиш.
Јас дојдов специјално за Асо дерм да кажам збор-два. Имам прилично чисто лице, немам никакви акни, само тук-там некои потемни делови, масните ткива афкорс... Кога почнав да го користам сапунов (јас обавезно мијам лице насабајле и навечер), не сеќавав некое подобрување или уау, масовна разлика во чистота на лице. Тоа што ме изнервира е фактот што откако го користев подолго време, почнаа да ми испаѓаат едни акнички на двете страни на образите, толку клети и длабоки, што ми стоеја со недели и не ми минеа од ништо.. Цимерката ми даде еден гел на Балеа со овошни киселини (розово пакување, гелот е проѕирен) и тој ми ги исчисти брунчињата. Гелов го препорачувам, не е многу скап, максимум 200 денари, ама од вечерта до утрото имаше разлика, и тоа голема. Сега Асодермот распаднат ми стои во едно кутиче, се шлакам на бањање, како сапун за тело. Исто и за козјиот, ништо посебно, немам некое добро искуство... Сакав на Еуцерин да го пробам, ама по искуството со лабелото, ќе си земам некој друг.
Дузи, да не е ту мач соуп и навечер и наутро? Можеби лицето не ти ја поднесува таа комбинација. Само со Асо дерм-от така ти се прави или? Јас правам комбинација од сапун и гел за миење лице. Ако наутро го измијам лицето со гел, навечер со сапун и обратно. Засега е океј. А, земи си Давче со краставичка или шеа путер - немаш утка.
Го има по аптеките го земав 157 денари, го користам речиси цел месец засега добар е, не предизвикуа несакани реакции на кожата.
Јас го користам сапунот од козјо млеко и мед, и многу сум задоволна на природна база е направен и воопшто не го суши лицето
Така го мијам лицето добри 3 и повеќе години. Не можам едноставно насабајле само со вода да поминам, сакам да ставам шминка на чисто и свежо измиено лице, а па навечер нема теоретски шанси да легнам со немиено лице... Дури и да сум немала шминка. Си користев јас Дав пред некое време, ај ѓоамити подобри, скапи, дрн дрн... Ама ништо чудно да им се вратам. :geek:
Јас имам таква кожа,и мене повеќе ми одговара Ассо дерм .Тој од козјо млеко ми стои така ,го поттурнувам таму ваму.Не ми одговараше некако што знам.Како да не го имав измиено лицето.
По препорака од една од феминките, го користам половина година Докторс, анти акне. Мноогу помага, особено овој период, со ладна вода. Лицето е затегнато и мора да се стави некој не многу масен крем после миење. Супер, презадоволна!