Јас за вадење на шминка исклучиво користам само сапун и откако ќе се измијам ставам крема за лице Нивеа ама обична. За вадење на шминката не користам некои специјални лосиони од причина што после тоа имам чувство како да имам уште шминка на себе,некако како да не го чисти длабински лицето и затоа најсигурен ми е сапунот и нормално откако ќе се измијам се мачкам со крема за лицето да не ми биде суво.
ја бев на кожно и ми рекоа да го мијам лицето со бебешки сапун- бекутан наутро и навечер, да го мачкам навечер лицето со лосион прво еден месец клиндамицин а после еден месец ми рече да го сменам со хлоракол и после лосионот да се мачкам со крема за акни и флеки скинорен, а за преку ден крема со заштитен фактор 50 хелиокар во аптека ги има сите. и да ви кажам има резултати само ме нервира тоа што кожата на носот многу ми е мрсна ми свети :evil:
Јас никогаш порано не го миев лицето со сапун, но имав проблем и бев на кожно и ми го препорачаат асодерм сапунот и почнав само со тој да го мјам лицето и потоа ставам лосион Eucerine и сега за сега супер ми е.
Значи тој сапун е медицински и е за секоја проблематична кожа, ми го препорача дерматолог, но ако многу ти е суво лицето од кога ќе се измиеш можеш да си ставиш хидратантна крема или лосион.
Lele kako te sfajkam! Jas koga bev na Florida, liceto pocna da mi se menuva, polno bese so akni! samo odev vo walmart, walgreens...vo publix odev za organska kozmetika imaja tamo, probav sto uste ne....nisto, ne se smeni! eve sega koga se vrativ doma liceto mi ostana nepromeneto, sekojdenvno se boram so aknive ...uzas! a koga ke pomislam kakvo belo ubavo i cisto lice imav .....horor! Probaj da ne koristis mn proizvodi, znam vo amerika ima se i sesto...i jas se mamev stavi ona, stavi ona....ama mislam deka od toa i najmnogu ja unistiv kozava! Probaj nesto na prirodna baza, kako maslinovo maslo! Aspirinska maska koristi, i maslinovo za cistenje na liceto! I nastrana od sonceto, koristi SPF...sonceto vo FL e ludilo... !
Zenski nikako sapun za lice moj iskren sovet , sapun kako sapun ma kakov bilo vakov onakov ja susu kozata , cistenje na liceto so krem ili gel za cistenje na liceto i vednas ke pocustvuvate razlika.Kremovite za cistenje se posoodvetni za normalna do suva koza ,a gelovite za cistenje za normalna do masna koza.
навечер го мијам лицето со сапун ассо дерм, инаку имам чувство дека ми е нечисто и наутро го мојам со гелот од Гарние и секако крема исто од Гарние. Инаку за лице со акни и митесери знам неколку девојки користат сапун за бричење, на пазарче го има некои 30/40 денари. Делува малку чудно ама им помогна да си го исчистат лицето.
Како бекутан или мерима сапун нема поубав .. бебешки се и не се скапи а лицето ми е кристално чисто од нив ...
^ Бебешките сапунчиња се најнежни, најмалку ја иритираат кожата. И јас користам Мерима И бекутан. Некако најсигурни ми се. Сепак се произведени за деца. Денес веќе се и сешто ставаат во производите, да не знаеш на која фирма да и веруваш и дали да веруваш на декларацијата на производот, ама сепак си викам ова за дечиња наменето, би требало да подлежи на построги контроли... Така да искличиво бебешки производи! Посебно за лице и за интимни делови.
Сега во летниве денови, кога кожата е најизложена на сонце,би ти го препорачала DOVE сапунот за нежен пилинг.
Никако не го мијам лицето со сапун. После еден третман кожата ми станува бела и се лупи. Веќе некое време го користам Nivea Oxygen Power гелот и сум презадоволна. Најдобар е
Бекутан, најубав ми е , сите ми го сушат лицето премногу и овој, но помалку. Имам многу мрсна кожа незнам зошто толку било кој сапун ми ја суши ептен , некогаш и се перути.