Не си единствена незадоволна од шеа путерот, истото се случува и со моето лице, го суши после секое миење, но јас продолжив да го користам - и сама не знам зошто.. се мислев да го заменам со тој од краставица, но се предомислував, ама дефинитивно после твојов пост ќе го купам
значи го земав денеска и јас, оној со шеа путер, ама истото . А претходно тука прочитав дека единствено тој не ја суши кожата .
Jaс дефинитивно ќе ги испробам сите Dove сапунчиња како што сум тргнала. Го купив овој. По мирис е најсличен со оној класичниот Dove, ама понежен е. Или така ми изгледа, не сум сигурна уште, ќе ми треба уште некој ден за тестирање. Им го препорачувам овој на оние со сува кожа - можеби овој нема да ви ја суши кожата. Јас имам мрсна кожа, а по миењето со сапунов не чувствувам потреба да нанесам крем - не ја чувствувам кожата затегната воопшто, ами мека е и миризлива - афкорс. Се чувствувам ко бебенце.
Ако ставам сапун на лице, тоа мора да е само природен сапун, од чисто билни состојки. Инаку, од обичните сапуни, па дури и Дав не се осмелувам да ставам, зошто кога сум пробала ужасно многу ми го сушат лицето.
Освен сапуниве од козјо млеко други не можам да користам, имам користено и бебешки сапунчиња, и на Нивеа и на Дав, ама кај сите е истиот ефект, го осеќам лицето нечисто и ми се јавува некое чешање А, со овие од козјо млеко , ми е меко, нежно и осеќам како сите нечистотии од кожата да ми ги извадил
Јас сум буквално разочарана од сапунот од козјо млеко. Не ми одговара ич на кожата. Користев Doctors сапуни неколку години. Прво тој црниот, па после сменив на тој од ментол. И од двата бев презадоволна, не знам кој ѓавол ме тераше да менам. Во најскоро време се враќам пак на нив.
Асо Дерм од Алкалоид го користам и ептен ми се погоди, лицето ми се исчисти од него, а и мн ми ја прави мека кожата па дури и не треба да ставам крема... А сапунот од козјо млеко и глина го користев и не ми е нешто посебно не знам али очекував повеќе за тие пари
Моментално користам природно изработен сапун за лице на Hemel со жалфија и лаванда, можам да кажам дека е одличен,воопшто не ја затега и не ја суши кожата.
Прво го купив Dove - Shea butter и освен што прекрасно мирисаше, од друго не бев задоволна бидејки ми го сушеше лицето. Спојлер Потоа продолжив по стапките на Noemi и го купив тој со краставица и зелен чај и подобар ми е од претходниот, но и овој ми го суши лицето. Спојлер Барам совет од вас кој сапун да го земам, а да немам потреба од крема по миење со сапунот? Денес од сабајле приметив на некои делови кожата ми беше ептен сува до тој степен да се лупи, па се си мислам дека е од сапунот, иако ставам крема некогаш, но сакам да го одморам лицето по миењето. Имам нормална/комбинирана кожа. Да го пробам обичниот Dove или да ги баталам сапуниве?
А да си земеш одбично детцко сапунче бекутан или некое слично јас со такво си го миам лицето и сум задоволна
Јас користев Nivea(Cucumber & green tea) и искрено бев доста задоволна, и мислев дека е нормално сапун да ја суши кожата и да си бара поише хидратација после т.е. да мораш да шлапаш крема. Последниот пат земав Dove Extra sensitive, на брзање бев и тој прв го дофатив па си реков да му дадам шанса, искрено многу ми другачиј од другиве сапуни, помалце пени и нема толку агресивна пена (да печат очи и сл.) таков е како лигав, но најмалце суши од многу други сапуни кои сум ги користела тука влегуваат многу видови на Палмолајв, Дав, Нивеа, Бекутан, Беколино и сл. Да нагласам дека јас имам сува кожа, и после сапунов чуствувам минамална потреба од крема, не ми е затегнато како со други, туку напротив нормално ми е, ко кога од сабајле ќе измијам лице само со вода без да ставам креми и сл. Топло ви го препорачувам ако ништо друго барем пробајте го и онака е иста цена ко другите Дав сапунчиња 60тина денари. Еве и сликица да ви е полесно .
Досега редовно ги користев сапуните на Dove или Eucerin. Но одкога пред некоја недела го открив овој Lush Herbalism, сега е мој фаворит! HERBALISM Чистачи за лице Прочистувачка и ексфолирачка е нашата ролна за комбинирана и проблематична кожа. Зелено и меко направено од пудра од билки кои се одлични за кожата. Herbalism длабински ќе исчисти со глина, со мелените бадеми ќе направи ексфолијација, ќе ја оживее кожата со рузмарин, копривата во прав ќе ја исчисти нечистотијата а маслото од камилица ќе ја смири кожата. Секако, пијте по 2 литри вода дневно, пешачете барем 3 километри, не пушете и јадете барем 5 парчиња овошје на ден и помогнете и на вашата кожа да биде фантастична. Herbalism навистина прави магија, но и вие треба да сторите нешто.
Колку ги засакав сапуниве за лице, а порано ми беа незамисливи (имав чувство дека ми го пресушуваа лицето, иако имам мрсна кожа) и нон стоп терав со гелови. Сега не можам да замислам да се мијам само со гел, ко немиена се осеќам после. Еден период користев АсоДерм, арно ама ми се исфрли лицево многу и посакав да сменам малку. Го зедов овој на Dove, непарфимиран за чувствителна кожа. Одличен е. Лицето ми се исчисти за рекордно време, немам чувство на затегната кожа и досадното црвенило конечно го снема.
A што е ова? Кај се продава и колку пари е? Нешто како паста е? Изгледа интересно па може да се проба ...
Да, користам Dove. Бидејќи имам акни, малце видов ми исчезнаа со користење. Задоволна сум. Користам два пати дневно, а некогаш и еднаш.
Ни јас не сум задоволна од Dove сапуните, ми ја сушеа кожата и ми се лупеше иако ми е мрсна. За поблага варијанта земи си Merima (или било кое детско сапунче), само не се миј повеќе од 2 пати денот (без разлика каков сапун користиш), ако повторно ти се лупи кожата најдобро е да си земеш гел за миење лице. p.s. Фини се и Tete a tete сапуните.
Само еднаш дневно се мијам со сапун, значи не е до тоа. Ќе го пробам сега уште тој "Extra sensitive", па ако не го бива ни тој, не ни пробувам сапуни веќе (иако сакам да видам и Нивеа какви се). Не сакам да го заменам со гел бидејки гел претходно користев и искрено повеќе ми се допаѓа со сапунов, почисто го чувствувам лицето и посвежо. А tete a tete го користиме за раце и некако не ми се става на лице
Прееска прв пат во Тинекс го видов овој. Значи преееубаво мирисаше. Се мислев дали да го земам, ама пусто не ми се експериментира со мојава несалам кожа. Ако го пробал некој или планира да го проба, нека пише имресии. Посебно некој со мрсна кожа.