Јас го користам овој, го купив пред некое време и сега не го гледам по продавнициве. Да не знае некој каде го има? Инаку, кожата ми ја прави многу мека и нежна. Плус преубаво мириса. После миењето најчесто ставам Dove крема, ама понекогаш и ја оставам кожата да дише. Е сега, го има сапунот со краставици од Dove исто, ама не знам дали е убав. Некој што го користел?
Јас го имам користено тој од краставица. Многу е добар, освежувачки е, иако имам сува кожа мене воопшто не ми ја сушеше. И тој да го купиш нема да згрешиш
Го користев Dove со краставица и супер ми делуваше, не ми ја сушеше кожата што е случај со било кој друг сапун. Сега го земав овој па ќе видам како ќе се покаже иако знам дека ќе е супер, бидејќи навистина се добри сапуните на Dove. Инаку ако го користела некоја овој сапун, може да сподели искуство? Можеби требаше да пишам во темата за Dove производи, но бидејќи само со овој сапун го мијам лицето тука пишав .
Да, јас само тој го користам и задоволна сум. Сега незнам како ке биде кај тебе, бидејки секоја кожа не е иста
Го користам DOVE BEAUTY CREAM BAR веке 1 месец и почна челото да ми се исфла со многу ситни мозолчиња ,дали на некој му се има случено ова ? кој сапун би било добро да го користам за мозолчињата дали ассодерм или некој друг ???
^Леле и јас не можам да поднесам тешки мириси на лицето,моментално го мијам со детскотот сапунче од Џонсон.
Јас за лице го користам тврдиот сапун од Clinique, веќе една година точно го имам а негде до пола ми е потрошен со секојдневно користење.. Мене ептен ми одговара, а други сапуни не сум пробала, пред овој се миев само со гелови за лице.. Инаку сапунов изгледа вака, си има и свое кутивче за чување:
Јас користам Dove сапун од краставица и многу го прави меко лицето еве каков е: презадоволна сум од него..
Колку е овој Асодерм гледам мн го фалите па да го пробам па ако е добар ке му го препорачам и на брат ми бидејки има проблематична кожа