Бекутан сапун наутро и навечер и кремче од нивеа, исто така детско Имав прекрасно лице се додека не почнав да запаѓам во мисли дека едно брунче морам да го третирам со третмани за мрсна и акничава кожа така што наместо да ми помогнат тие гелови и кремови за читење на лицето, само продолжуваа да ми излегуваат бубулици по целото лице... Единстен лек видов во Asso derm сапунот, тој ми го исчисти лицето, ама доста ми го сушеше така што си се префрлив на бекутан сапун Сега Asso derm-oт го користам кога не дај боже заради нечиста вода на одмор или незнам што ќе ми се појават бубулици на лицето Имам користено и Dove od кратавица, исто така помага Всушност, најдобар лек е само миење на лицето со вода, неколку пати дневно и ќе се исчисти
сапун не користам пошто не само што ми ја суши кожата, туку ми предизвикува и лупење и чешање. се мијам наутро со Nivea Oxgen Power и после нанесувам Nivea крема за хидратација, пошто имам сува кожа.
Понекогаш го користам гелот на Авон од колекцијата за сува кожа, но често менувам, бидејќи не е добро кожата да биде свикната само на еден препарат...па сега го заменувам со Dove сапун...одличен е! :up:
Искрено не го чистам лицето со сапун воопшто, секогаш чистам со тоник, па со нежен гел, па плакнам и на крај крема.. Иначе годинава експлозија ме акна, цело лице ми е лом со бубулици Не сум некој преетежок случај али имам акни по целото лице А кога ке видам слики кај што лицето ми е џам ми се плаче, се надевам ќе се опоравам брзо.. А гледам многу позитивни коментари тука за некои од сапуниве и се мислам да го купам или Дав, или асодерм или бекутан.. ќе земам некој од овие да користам, и после ако ми ја суши многу кожата ке ставам крема за навлажнување ако не тогаш ништо..и онака иам премрсна кожа.. Се надевам ке помогне...преку глава ми е од бубулициве више..
епа почни да го миеш со сапун за да ти се исушат акните, ако ти стане премногу суво земи си на гарниер крема која што не го масти лицето само му ја одржува влажноста позз
И јас сега почнав овој да го користам..Добар е ...А и Palmolive со мед и млеко ми се допаѓа.Не ја суши кожата
Го купи сапунот? јас да. уште некој продукт имам за снабдување и почнувам со третманчиња..се надевам ке има ефект =) поз
Сапуните се премногу агресивни за да се користат на кожата на лицето, освен ако не се специјално наменети за лице, како тој на Seba Med, но и тие се поагресивни од благите средства за миење лице. Јас користам крем за миење лице на Collin Paris, и не можам да опишам колку сум задоволна. Го користам него 4 пати неделно, а три дена го мијам лицето со Garnier гелот за ексфолијација со салицилна киселина. Сапун не користам во никој случај, можеби ќе ви ги исуши акните, но ќе ја исуши и дехидрира и кожата, што има трајни последици. Плус, многу порано ќе ви се појават брчки. Мојот совет е: никако обичен сапун! Не за џабе секој производ си има своја намена, обичниот сапун е за раце. Тоа би било исто како да користите крем за нозе на лицето .
Јас го мијам лицето со Doctor's антибактерискиот, ама лицето ми е мрсно, и гледам дека ништо не ми помага, ама баш ништо потоа ставам Нивеа Висаж, за подмладување на кожата порано го миев со Ассо,(оној од 100 денари) исто и од тој немав никаква промена на лицето Ве молам нека ми каже некој, како да продолжам понатаму, сакам да продолжам да го мијам лицето со овој докторс, ама не знам искрено, се некои бубулици, некои црнки се појавуваат, цело време и во текот на денот пак ми станува мрсна.