Jas go imam toj za problematicna koza, imam kombinirana, go osekjav zategnato liceto i imav potreba od krema da stavam.
Е малку суво после миењето, ама многу по суво ми е на пример од дав, докторс, асо и други слични сапуни што се за лице и за кои производителите тврдат дека не ја сушат кожата туку напротив ја хидратираат. Особено асо на кој пишува дела има иста пх вредност како и човечката кожа. Всушност тој натпис ме убеди и да го купам, ама ете ме разочара. А мирисот не е лош, не мириса одврарно ама и не е некој прекрасен мирис. Пред да го купиш мирисни го, се осеќа и преку опаковката. Е сега има различни сапуни од козјо млеко од истата фирма. Знам има со лаванда, мед... јас имам пробано само од овој со пивски квасец и со мед. Тој со мед нормално поубаво мириса.
Јас имам сува кожа и до сега не сум сретнала сапун што баш ми одговара. Затоа можам да ти ја препорачам пенава на Балеа, за чувствителна и сува кожа е супер. Јас веќе го користам 3тото шишенце. Многу е нежна, убаво мириса, со убави состојки и многу прифатлива цена од 160 ден. Спојлер
Сум пробала неколку пати само со тоа да ја отстранам шминката, малку потешко е за маскарата, а другото го вади солидно. Јас прво го намокрив лицето со топла вода, очите поконкретно, за да го извадам римелот од трепки, па потоа се измив со пената и беше солидно, со минимални остатоци на очите.
Да, јас ја користам истата пена на тој принцип, прво вадам со мицеларна, па потоа мијам лице со пената и сум задоволна.
A каква кожа имаш? Јас имам комбинирана ама многу чуствителна, па се мислам меѓу овие две. Сега користам гел на Нивеа ама не ми се допаѓа, многу е агресивен.
Јас имам сува кожа. А инаку мислам дека треба розевата да ја земеш, таа секако ќе ти одговара и сигурно нема да ти ја мрси кожата или слично. Ако не се лажам и други девојки од форумов со комбинирана кожа ја користат. Сепак тие нека кажат подобро.
Nemam kojznae kolku mnogu akni, no mi smeta toa sto koga ke se pojavi ne isceznuva brgu, prv pat vakov problem imam 18 god. mi se pojavuvat na celoto po nekoja, no za nekolku dena ja nema a ovie ne pominuvaat razlicni se nekako.. i mi ostanuva kako temno koe tesko pominuva. Mi pominaa, ne mi se pojavuvaa novi nekoe vreme otkako bev na kozen mi dadoa, krem, losion i gel. Pred sekoe stavanje krem go cistis liceto so gelot,a pred spienje prvo so gel i losionot so pamukce. Vcera kupiv sapun Doctors protiv akni pa ke videme sto ke bide i izbegnuvam blago, pomfrit ,sendvici pici.. no izgleda ne e do toa. imam uste za pisuvanje no da ne bide premnogu dolgo haha valjda period e nekoj
Да кажам за сапунот Хедера Вита од козјо млеко и мед. Можеби некому ќе користи. Го употребувам само за лице. Недостаток- Не сум задоволна во однос на тоа колку ја суши кожата, но тоа го средувам со крема веднаш после миењето (додека кожата не создала свој себум) па така во ред си доаѓа еластичноста. Предности- 1. Прво, сапунот е цел на природна база. 2. Ефектот на чисто го добивам со едно миење, за разлика од другите сапуни кои го добивам со 3 миења. Зборам за она чувство на чкрипење. 3. Трета работа и поголема причина поради која би го земала пак, е тоа што ги суши бубулиците.
Во Дм има handmade козји сапун Стојанови. Го има некој пробано? Дали ја суши кожата толку колку на Хедера вита сапуните?