1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сапун за лице

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 15 декември 2009.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    По препорака на доктор го користам на Eucerin со 5,5 PH. Досега најдобар сапун што сум го користела за мојата комбинирана кожа. Со него го мијам лицето секој ден или на два дена, вклучувајќи ги и очите. Благ е за сувиот дел, а доволно го чисти мрсниот дел. Околу 180 ден е во аптека ама долго трае. Сепак, после чистењето користам и крем за лице.
     
    На Angy.S и Noemi им се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    1.630
    Што ќе кажете за овој сапун? Се мислам да го порачам 20200211_234842.jpg 20200211_234842.jpg 20200211_234825.jpg 20200211_234825.jpg
     
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    1.630
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ајде да си ја пробам среќата. Овој синдет на L'Erbolario дали некој го користел? @Biodevojka можеби може да помогне околу составот?
     

    Прикачени фајлови:

  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга овој сапун воопшто не е природен станува збор за синдет со оглед на тоа што има пХ 5,5,. Природен сапун нема шанси да има пХ 5,5, има многу повисока алкална пХ вредност.

    Јас ви препорачувам сапуните да ги купувате од некој кој ги прави по стар метод со ладна сапунификација како на пример Ла Сој или други производители. Или пак уште подобро правете ги сами. кај мене на Јутуб има еден куп видеа за почетници и понапредни. Ќе потрошите два три саати од денот за подготовка и околу 3 месеци за созревање на сапунот ама барем знаете со што се миете. Зошто некој да ве залажува со производи кои не се воопшто природни.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka фала ти на одговорот. ЛаСој ги користам за тело, ама за лице нешто не ми пријаат. Мојата кожа од некоја причина повеќе ги сака овие синдетиве, да не е многу агресивен за лице, Асодерм би бил идеален. Не знам дали е во прашање некоја состојка. Знам единствено дека на ланолин сум алергична, со друго немам посебен проблем. Затоа наклонета сум им на овие сапуниве "без сапун".
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Мислење за секојдневно миење на лице со сапунот Dove со зрнца за пилинг што е?
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга секојдневно пилинг не е препорачливо, а ако ми дадеш декларација ќе знам повеќе да ти објаснам околу составот.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Sodium Lauroyl isethionate, Stearic acid, Lauric acid, Sodium palmate, Aqua, Parfem, Glycerin, Sodium Chlorid...ова се дел од состојките на декларацијата.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга не е природен сапун, станува збор за синдет.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Фала ти:f:
    Јас ретко користам сапун, ама читав дека овој го користеле и дека бил убав, го купив и вака ми одговараше на кожата, имам комбинирана кожа...
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Фала за инфото :). Не ни мислев дека се природни, ама ете ми годи на лицето, за разлика од другите сапуни и средства за миење лице што ги има на нашиот пазар. Во меѓувреме почнав да го користам овој на алкалоид - Ассо сапунот, и тој ми има исто добар резултат, а малку е и поефтин од Еуцеринот. Ама баш и ќе ги пробам и тие на Ла Сој. (y) Имам убаво искуство со другите нивни производи како рол он-от. Него го користам веќе некоја година и сум презадоволна. Ни сврбење на кожата, ни ништо, а дискретна свежина цел ден..
    И се согласувам - пилинг не треба да се прави секој ден, ќе се пресуши и оштети кожата. Мене лично од Доув со зрнца катастрофа ми беше, а не го ни користев секој ден, туку еднаш неделно..
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Во последно време почнаа се повеќе акни да ми излегуваат па препорачајте ми некаков сапун што се користеле. :)
    Претходно краток период користев Dove сапун.
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Би те советувала наместо сапун да користиш гел за миење, бидејќи помалку ја суши кожата. Би ти го препорачала Балеа мед, наменет е за чувствителна кожа, го користам со месеци и наутро и за да го извадам остатокот од шминката.
     
    На S.W.A.G и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Балеа ги има само во dm така? Е јас каде живеам нема dm маркет..
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Да, само таму. Тогаш ти го препорачувам сапунот на Себамед, тој го има во аптеки. Јас од Еурофарм го имав купено.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.256
    Пол:
    Женски
    Со сапун само повеќе ќе ти се суши кожата и како резултат на тоа, ќе лачи повеќе маснотија и ќе се создаваат повеќе акни. Инвестирај во добар маслен чистач и гел/пена за миење, тоник и добар крем соодветен за твојот тип на кожа, па применувај ја таа рутина.
    Кожата не треба да се пресушува, треба да се чисти и хидрира. Кога редовно ќе се прави тоа, ќе се нормализира и лачењето на себум, ќе се намали собирањето на нечистотија во порите и со тоа и ќе се редуцира бројот на акните или целосно ќе исчезнат. Не мора да се од ДМ средствата, сигурно има поснабдени маркети во близина, евентуално онлајн да нарачаш, да ти донесат до дома.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AdaLovelace

    AdaLovelace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Од пред некое време исто почнаа се повеќе акни да ми се појавуваат, па по препорака на другарка купив анти-акне сет на Хедера Вита. Е сега, имаат повеќе производи од истата колекција. Јас се одлучив за гел, тоник и серум и ептен сум задоволна, ама не пропуштам ни ден во користење. Имаат и сапун, ама мислам дека е подобро гел во вакви ситуации отколку сапун, можеби затоа што отсекогаш јас лично повеќе преферирам гел/пена.
    Исто голем плус беше што почна да ми се регулира мастењето на кожата (имам комбинирана)
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kathy es

    kathy es Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.984
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka дали може детокс сапунот на Natura siberica да го користи 10 годишно девојче? Ќерка ми веќе неколку месеци се соочува со акни , па не знам поради возраста што може да става на лице а што не и не знам дали ова би помогнало.