Секој сапун ја пресушува кожата, ја дехидрира длабински, барај некој гел, пена за лице нешто што не е така агресивно како сапунот.
Јас го користев и беше агресивен. Не знам можеби мојата кожа е таква. Сега користам дав и е подобро, ама се сложувам треба да земам чистач наместо сапун
Син ми има проблем со акни. Од асо дермот не виде некоја корист. Моментално користи на Грин мед африкански црн сапун и после тоа става од нивната хидратантна (дневна) крема и е задоволен. Ги купивме од Косово од Приштина мол. Му кажаа во дуќанот дека тој сапун доста ја испостува кожата и мора да се стави хидратантна крема после миењето. Не инсистираа дека мора нивната хидратантна крема, ама за креми од други производители не можат да гарантираат. Еве линк - https://www.facebook.com/greenmed.ks Пред некој ден нарачав online од нив, ќе видам дали успешно ќе пристигнат. А асо дерм јас користам долго време и тоа секој ден со млака вода. Користев и неутрален сапун на еуцерин, кој е исто така добар ама тој е малку поскап. Јас не го користам против акни. Мене ми го препорачаа за миење на очите/трепките и т-зоната зошто ми се мастат многу и ми се затнуваат лојните канали на капаците од очите. Мене ми е супер и не го менувам за никаква пена. Од пените не ми се миеше маснотијата од кожата доволно добро и само ми го влошуваа проблемот. Веројатно ассо дерм не е за луѓе со посува и поосетлива кожа, иако е 5.5 ph.
Дали некој знае каде во Скопје може да се купи castile soap (кастилски сапун на база на маслиново масло) ?
Сум користела секакви гелови, пени и што ли не, меѓутоа како што го чувствувам лицето чисто по миење со сапун со ништо друго.