и јас го користев на докторс и бев задоволна.. ама сега си купив на нивеа.. со зелен чај и краставици.. сапунот е околу 40 денари.. и е прекрасен..
Јас го користам тој асодерм..тој не е обичен сапун, тој е повеке од сапун така пишува на паковањето, али сепак смее да се користи и на лице...башка ја имам мрсна кожа и ок ми е ако ми ја исуши малце,е сеа ја ке си видам, ако премногу ја суши (што неверувам) ке си ставам навлажнувачко кремче малце и готовоо =))
Во ред е ако ти одговара сапунот, но навлажнувачко кремче обавезно мораш да користиш, не само понекогаш. И мрсната кожа има потреба од хидратација на внатрешните слоеви. Ако е мрсна не значи дека е и хидратирана. Ако само го миеш со сапун, подлабоките слоеви дехидрираат и правата реакција на кожата е да произведе повеќе маснотија за да се заштити. Значи, и тие со мрсно лице морааат да стават соодветен крем, или барем лосион за мрсна кожа. Сепак, секој си знае најдобро како му реагира кожата, ова е само добронамерен совет, но ако ти осеќаш дека поубаво ти делува терапија која се состои само од сапун и повремено навлажнување, продолжи да си ја користиш додека не најдеш нешто подобро. Поздрав!
Веке цели два дена (мислам) си праам третманчиња..прво мијам со сапун после лосионирам и на крај ставам хидратантно кремче ако е сабајле, и имам и еден гел за навечер кој наводно се бори со акните..иначе ги нема тие производи кај нас..и вака ми изгледа ко да ми е подобрена кожата за два дена можда само ми се чини..али незнам, ке видиме, ке продолжам со употреба..иначе кремчето е малку навлажнувачко и control shine e и таман ми е за преку ден, супер ја матира кожата, и и го дава баш оној здрав сјај, и не ја пресушува.. така да без секирации =)) поздрав!
Против акни пробајте ја комбинацијата ассодерм сапунот , клиндамицин лосионот и здраве кремата.Јас сум задоволна , ми помогна ...лицето ми е во одлична состојба сега и не ми се појавуваат акни
До пред некој ден користев Asso Derm (задоволна сум), сега го купив и Doctors со сулфур (црниот), па да видам кој повеќе ми одговара. (Инаку имам мрсна кожа)
Од скоро почнав да го користам Докторс антибактерискиот и има некој ефект на Т-зоната пошто целото лице не ми се мрси многу,само Т-зоната. Сори за офф топик ама видов пост за кремата Здраве синото пакување.За што е наменета?За акни или?
Не користам сапун за лице, ја суши кожата, дури и за мрсната кожа навистина не е добар, добронамерен совет престанете да користите сапуни за да го миете лицето, имам разговарано за тоа со мојот лекар, преминете на течни гелови за лице, само изберете го оној кој ви одговара на типот на вашата кожа,SpoiledBaby ако ти се мрси само т-зоната значи имаш комбинирана кожа
Сапун за лице не користам со години, навечер обавезно ја вадам шминката со марамчиња на бекутан, па потоа со гел за лице од Oriflame- чајно дрво, и после тоа крема на Dove... Комбинацијата совршено ми одговара, па сега за сега не ја менувам.
Јас неколку пати неделно користам крем сапун од Dove со екстракт од краставица и ми одговара на кожата, ми ја омекнува и хидратира и по миењето не чувствувам затегнатост на лицето
Не користам сапун за лице ниту планирам од причина што тоа не одговара на мојата кожа.Лицето си го мијам со гел од авон од праска и бадемово млеко.Добро одговара на мојата кожа,сапунот ќе ми ја направи ептен сува.
Сапун за лице не користам веке со години одкако сватив дека не е добар за лицето.Сега го мијам лицето со пена за лице или со гел за лице.
Сапун? Што е тоа? Се зезам Не користам сапун, секогаш сум го миела лицето само со вода. Посекако ми е суво, па уште со сапун да го мијам ќе го досушам