само со гел од манго во последно време порано со дове или нивеа...иако најмногу си го обожавам бекутанчето
Си го сменав сапунот за лице ...сега користам Dove.. Лицето ми е далеку помазно и меко ...Користев Докторс но некако ми го сушеше...со овој сега си го осеќам некако ептен чисто. Ми се чистат и мозолчињата...
Вчера си го купив Мерима и се надевам дека ќе ми се погоди. А можам да го пофалам и од Докторс црниот ептен ми помогна ми го исчисти лицето али секогаш експериментирам со разни работи па ако не ми се погоди овој се враќам на Докторс
Црниот сапун на Докторс со сулфур и катран е магичен ми светна лицето! Сега го земав Ассо дерм за проблемаатична кожа ама не ми е погоден па се враќам на докторс повторно !
Веќе подолго време го користам овој сапун Имам мрсна кожа на лицето, па после миење на лицето со овој сапун го осеќам лицето нормално (а не суво како што најчесто се осеќа после употребата на сапун) Во некои периоди го осеќам лицето посуво (пример кога е постудено и има ветер) и затоа во такви ситуации после миење на лицето со сапун ставам и мнооогу малку павловичева крема! Сама си чувствувам кога и колку ми е потребно крема на лицето и тоа е најчесто многу тенок слој бидејќи си имам јас мрсна кожа на лицето! Досега сум задоволна и продолжувам да го користам секоја вечер овој сапун!
Не користам сапун за лице,користам само гел за лице...Сапун мислам дека не е баш добро да се користи за лице.
И јас денеска си купив сапун на Dove , и пред малце си го измив лицето и многу ми е меко и некако чисто си го осеќам
претходно многу користев и си ја заситив кожата сека мн поретко онака поубаво ми е со ладна вода и одма кремче за лице а за сапуните дефинитивно DOVE
Јас не користам никаков сапун за миење лицето туку го користам овој гел и морам да признаам дека ептен е убав....
Јас долго го користев Дав тој со пилинг, ама многу ми ја сушеше кожата. Пробав со тој од краставица тој ми направи алергија околу очите. Потоа решив да го чистам лицето само со влажни или евентуално со невеново масло маскарата да ја вадам ама и тоа не ми одговараше. Си се вратив на Дав ама овој пат на најобичниот и сега за сега ми е супер, не ми ја суши многу кожата.
Јас го користам гелот со лаванда и боровинка, мириса прекрасно, а резултатите се беспрекорни. Инаку почнав да го користам Докторс анти акне со мента/пеперминт (whatever) и прилично сум задоволна, ми ги демолира новонастанатите акни и лицето ми е стакло, пу пу, да не се почудам