Веќе со години наназад го користам Neutro Roberts и за рацете и за лицето А кога ќе ми досади (затоа што нема некој дефиниран мирис), купувам Asso Derm
Ако не го измијам лицето со сапун не сум жива хаха, некако се навикнав и го години наназад го мијам секојдневно со сапун, а веќе цела година и повеќе може го користам сапунот на Eucerin
И јас го користам Dove. Прекрасен е. Лицето ми се исчисти и од мозолчиња. Кога вадам шминка, прво лицето го мијам со вода и со dove, а потоа со друго.
После догомесечното користење на сапунот од Докторс, го сменив со сапун од Бекутан и добар е, нема никакви несакани појави од неговотот користење освен нормално дека ја суши кожата и обавезно треба да се стави помада. За разлика од сапунот на Докторс, Бекутанот ми го измазнува лицето.
Јас користам Bübchen сапун. Претходно еден период користев Dove, ама беше како со гранули некои внатре за ексфолијација, и мислам дека само ми го иритираа лицето.
Пред некое време користев сапун за лице од Докторс но почна да ми ја суши кожата и сега користам Dove и задоволна сум
Dove. Мада сум голем фан на Бекутан производите ама не сум употребувала сапун, имам мрсна кожа може ли некој од искуство да каже дали одговара?
Почнав да го користам Dove и искрено сум презадоволна. Не сакав сапуни да ставам на лице, оти имам мрсна кожа и сум читала доста често дека сапунот е уште поштетен за мрсна кожа, ама ми здосади од сите тие пилинзи, гелови, тоници, лосиони за лице, лосиони за отстранување на шминка и пак никакви резултати. Дове гел- кремот за туширање го користам веќе 2 години и ми се исчистија и акните од грбот, па и тоа беше еден плус да да почнам да го користам и Dove сапунот за лице. Го имам оној со пилинг ефект, и уште еднаш ќе кажам дека сум презадоволна. Искрено го препорачувам и за мрсна кожа