Прилично имам нормална до сува кожа на лицето, па затоа го користам Бекутан за да не ми ја суши кожата. Иначе само наутро го мијам лицето со сапун, а навечер само со вода.
Користам сапун бидејки имам мрсна кожа, а тој како да ми ја суши кожата,се мијам со Dove два пати дневно
Користам сапун за лице Бекутан,ама сеа скоро ми kaжаа дека од него се правеле црнки иначе имам мрсна кожа...и сакав да ве прашам дали некоја од вас го користи црниот сапун на Докторс и дали сте задоволни?
Супер е сапунот за мрсна кожа, посебно ако имаш и мозолчиња. Зависно од тоа колку ќе ти ја суши кожата после миењето стави си кремче. Нема некој убав мирис, важно помага.
И јас сега користам Бекутан, а пред него долго време, неколку месеци го користев црниот сапун од сулфур и боров катран. Ако ти е за бубулици, добар е. Не очекувај уште одма резултат, туку биди упорна секое сабајле и вечер да се миеш, и ставај си некој крема за лице за да не ти се пресуши кожата. Единствена мана на сапунот му е непријатната миризба ама ќе се навикнеш.
Имам сува и чуствителна кожа. Користев сапун од Dove но лицето ми поцрвенуваше. Сакам да купам бекуатан сапун за лице но ми е страв и од него да не поцрвенувам како булка. Гледам сте го пофалиле но дали ја суши кожата??
Купив еднаш Dove и не планирам никогаш пак. Имам комбинирана кожа ама повеќе кон мрсна ми иде. И викам ај гулабов да го пробам, да не ми сјае лицето. Ми го исуши цело лице, ама ненормално многу. Воопшто не сум задоволна од него.
Дали некој користел медицински сапун, дали стварно помага за чистење на акните? Ако не кажете дали има некој сапун против акни.
Го користам dove секој ден наутро кога станувам и навечер пред легнување, мене многу ми одговара не ми се појавуваат мозолчиња
Сакам да испробувам нови работи и затоа ретко купувам повторно ист производ. Мојата нова љубов после Бекутанот ми е Dove-go fresh, fresh touch од краставица. Одличен е.
Асос дерм од Алкалоид, многу убаво реагира мислам дека на секоја кожа, после миењето ја прави исклучително мека, не сум слушнала до сега некој да се пожали од овој сапун Исто и Дав пилинг сапунот го користам долги години како за лице така и за тело. :up:
Само тој Dove со хидрадантен крем што е го користам за лицето. Добро е што не ми го суши и ми останува свежо
Гледам го фалите оној ДАВ од краставица,јас пред некој ден си зедов но со пилинг ефект,па да не сум згрешила или скоро исто си е.Имам мрсна кожа со по некоа мозолче ,чекам совет
Јас користев бекутан сапун за лице, ама мислам дека малку и ми го засуши лицето,почнаа мозолчиња да ми излегуваат и сега одвреме-навреме го мијам со бекутанов.. Тоа што сакав да прашам е дали некоја користела сапун за лице кој помага за чистење пеги?Дали знаете некој ефикасен сапун претив пеги?