Девојки, ако може мала помош, да ми кажете ако некој употребувал вакви сапуни, како делуваат? Поздрав. Модератор: При пишување на мислење употребувајте кирилица.
Сулфурен сум слушала дека против акни го употребуваат ама јас не сум го пробала. А за катран не знам Глицерински и антибактериски имам употребувано за лице.
Јас користам сапун од Doctor's, со сулфур и црн катран, црн е сапунот и малку непријатно мириса ама навистина помага , ги суши акните и помага да не се создаваат нови .Ако ти е сува кожата ке ставаш хидратантен крем после миење и немаш гајле .Со миење 2 пати дневно ке има резултати . пОЗДрАвчЕ
И јас го имам користено црниот сапун од Doctor's, ама престанав да го употребувам бидејќи многу ми го сушеше лицето, и ептен гадно мирисаше,мислам не можев да го поднесувам. Го користев неколку дена и еве уште ми стои така да реэултати неэнам баш какви има.Само энам дека сите дерматолоэи препорачуваат да не се користи сапун эа миење на лице. Ама кој сака нека го проба, доста е евтин, мислам околу 50/60 денари во сите аптеки.
Татко ми го користеше црниот за првут и тоа екстремно лоша ситуација беше,сега нема ништо од него,му се исчисти скалпот.Малце нетипично за коса,ама тука го прочитав пред некој месец некој спомна,му препорачав и го спасив од навистина грдата појава.
Го користам на докторс сапунот со сулфур и боров катран и задоволна сум ми ја намалува мрснотијата на т-зоната и ги суши акните. Ако ти е за акни нема да ти биде доволен само сапунот мора да се користи и лусион против акни и хидрантна крема за да не ти се пресуши кожата.
И јас го користам и стварно ептен ми се погоди и мн ми се исчисти лицето од него е сеа малце прегадно смрди али тоа е , мора и нешто негативно да има
Јас го користев сапунот од докторс од боров катран и воопшто не ми помогна. Освен што си тргав маки половина час да го чувам на лице,да ме стега и да ми смрди друго ништо не добив
сапунот од катран од докторс,јас сум го користела и навистина е добар,помага за мозолките,ги суши..вистина дека ја суши и кожзата но самом доколку се употребува премногу...два пати да се мие лицето е многу...или да се стави од сапунот само на мозоклите..а да не се суши многу најубаво да се мие еднаш дневно....и на неколку дена да се направи пауза од 1 ден.
Никој од дерматолозите не ги препорачува овие сапуни за лице, вклучувајќи го и глицеринскиот. Причината е што надворешниот слој на кожата премногу го сушат, заедно со акните и мозолките, и вам ви изгледа дека лицето ви е стакло, а длабоко под кожата, се' уште имате мрснотии, црнки кои си се таложат и само чекаат да излезат на површина. Плус, надворешниот слој е дехидриран и пресушен, па може да доведе до лупење, лишаи на лицето итн. Многумина ја прават и таа грешка ставајќи алкохол на лицето, со цел да ги исушеле акните. Да ставиш 100% алкохол на лице е = на солна киселина во окото. Ете тој е ефектот и штетата. Како и да го третирате лицето, гледајте да ви отстои малку на пареа, за да се отворат порите и да го третирате како површински, така и длабински.
Сапунот од катран ми го препорача една членка од форумов, на некоја друга тема. Одличен е...го чисти лицето и телото и спречува перут. Малку е чудно да си ја миеш косата со сапун, ама многу помага
Барав слика од сапунот што го имам користено ама не најов...опаковката му е бело со зелено и добар е сапунот за мрсна кожа, е сега да се вратам на сапунот од сулфур и катран, имав како лишаи на лицето и влегов во аптека и прашав што ќе ми препорачате и ми рекоа земи си ваков, го користев и ми помогна...сега ми стое дома и некогаш се мијам со него ама имам забележано дека ако немам лишаи а се измијам со него ми се појавват...баш ќе се измијам утре со него да видам шо ќе ми се десе со лицето ќе одам на ризик
Па вака јас го имам користено сапунот на докторс црниот катран, но кај мене баш и немаше некои мн добри резултати, гледам другите феминки се фалат од него ,ама на мене не ми пријаеше мн
Jas duri vcera slusnav za ovoj sapun. Bev vo Zegin po apcinja i tamu edna zena kupi duri 8 sapuna za sestra i koja bila vo Srbija. Pomagal i pri lekuvanje egzemi, barem taka mi kaza zenata. [mod-kirilica:kvmd8s0w][/mod-kirilica:kvmd8s0w]
Сапунот од катран за лице и коса е топ. Колешка на работа, која е пред пензија, една брчка нема на лицето, баш на работа ја прашувавме во што е тајната. Ни кажа дека катран сапун и на времето не сум сигурна дали лосион било тоа или што било Рашел. Кажа дека како мала многу го изгорела лицето, и тогаш козметичарот и кажал на мајка и дека една лузна нема да и остане, само со редовно миење со катран сапун и некој лосион што тој и го приготвил.