1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сараево

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 15 април 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Дали сте биле во овој град, дали ви се допаѓа, треба ли да се посети? Јас не сум била, иако пододамна од дома го планиравме овој град за посета, ги споменувавме ќебапите, бурекот, босанското кафе, но некако од она што го следам на вести дека има многу Арапи, жени со бурки, значи одбивност ми создава и за градот и за земјата. Мислење ваше?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Феминки никој не бил и нема да пише што мисли за градот?
     
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Прекрасен град. Убави градби, народот е сличен ко кај нас. И одоколу има убави места за гледање. Вреди да се посети.

    Зошто би ти бил одбивен градот алп шетаат жени со бурки?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    За секој град ли душичко ќе отвараш тема!?
    Сараево е обичен град, ништо посебно, барем за мене.
    Кратко но точно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Tanjamm значи со оглед на тоа што си исламофоб и ти пречат босанските муслимани, сосема ти биле во ред настани како масакрот кај Сребреница?
    @RainBow дај реагирај, апсолутно не е во ред да се отвараат теми врз основа на верска омраза.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ти од Сараево отиде на Сребреница?

    Кој рече дека му пречат босански муслимани, пишувам за Арапи со бурки. Читај убаво. Таа земја од војната е потопена со крв, буквално. Не се убивани само муслимани, сечени се на парчиња и Срби и Хрвати, секаде низ Босна. Затоа мислев вреди ли да се посети, затоа што знаеме дека е длабоко поделена, но и сиромашна земја. Разговарав со жена која потекнува од Сараево, татко и е Србин, мајка и е муслиманка, а се омажила за Хрват, и таа самата си кажува дека ја одбегнува Босна заради тензии, напнатност, сиромаштија, едноставно вели нема живот. Сакав да видам какви искуства имаат феминките. Многу агенции прават тури со посета на Сараево и Мостар.

    Од она што гледав на тв, во Сараево уште има траги од куршуми по згради, тоа сепак не е пријатено и убаво за гледање, нели, ако некој реши да шета во земјата?
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Нема никакви тензии, нема ништо..
    Ако си турист голема е веројатноста дека нема два пати да поминеш на исто место, така да нема ни на криво да те гледаат..
    Жени со бурки има и по скопје и тоа еден куп..
    Освен ќебапите, бурекот и кафето, пробај и туфахија на нивни начин, бегова чорба, клепе, босански лонец, сатараш..


    Босна не е само Сараево, има многу убави места по БиХ
    Травник на пример, имаат надалеку познато сирење, нешто како ние по малешевијата
    Бања Лука, Мостар, Бихач...ехеее..
     
    На candy.cane и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    За Бања Лука сите ја фалат, на еден куп фотографии што ги гледав кај еден фб пријател од Босна, фантазија е. Се сликал кај некои замоци, преубаво. Зеленило, чисто, средено, убавина.

    Прашав за Сараево затоа што е главен град. Нивната Баш чаршија, на тв не ми се виде нешто далеку поразлична или поубава од скопската да речеме.