Еве тука можеш да погледнеш 45 евра ти е повратна карта. Пишува дека се тргнува секој ден од Јаја Пашината џамија..Имаш и цени на апартмани, ако и тоа те занима. Само што се е на албанки, така да ако уште нешто друго те интересира, пиши ми ЛП па ќе се обидам да ти помогнам https://www.facebook.com/EuroTravelToursMK А еве во меѓувреме најдов понуда и од една друга агенција Тука е 40 евра (повратна) Сепак за условите и за се друго што те занима можеш и нив директно да контактираш. https://www.facebook.com/pages/Marigona ... 1218963303
Моите отидоа таму годинава и задоволни се, морето бисер чисто, плажите убави и чисти викаат, храната многу евтина цените како кај нас, градот бил полн со хотели, ноќен живот, апартмани 20-40 евра во просек... урбанизирано место. Убаво, се на се вреди да се отиде а и не ти требаат многу пари.
Еве разгледај тука, може ќе најдеш нешто => https://www.facebook.com/marigonatravel?ref=ts + еве и тука..http://shtepi-pushimi.al/list.php Веб страната е на албанкски јазик (иако има алатка и за англиски јазик (десно-горе)), ако тебе нешто конкретно те занима, прашај ме, ќе се обидам да ти преведам и да ти помогнам. позз
Ок така ќе направам за смештај ќе побараме лично сами,ме интересира и друго дали знаете кои агенции одат до Саранда,бидејќи досега што се распрашав или одат само до Драч па одтаму ние си бараме превоз до Саранда,или пак воопшто не одат Дали има некој така патувано и колку одприлика ќе ме кошта од Драч до Саранда?Бидејќи ако не најдам превоз кој што оди директно до Саранда,ќе морам вака,до Драч и потоа да барам одтаму превоз до Саранда.Ај ако има некој искуства за превозот нека пиши
А дали воопшто ги отвори тие линкови што јас погоре ги постирав??..Таму имаш информаци од Маригона тревел, и за престој (смештај) и за превоз!
Девојки и јас сум заинтересирана за превоз до саранда,но мене ми треба некоја агенција која што не оди преку грција,туку преку албанија.Дали знаете некоја таква агенција за превоз?
Лелее немој да си одела преку друг пат за саранда оти смрт е патот само преку грција .... ако сакаш дозивување 12 сати слободно мозиш да одиш а за смештај најубаво таму да си барате оти од агенција дупло е поскапо ....
Значи јас бев минатото лето во Саранда и беше убаво.Јадењето и се друго е поефтино дури и од кај нас,исто и плажите се убави.
Дали некој има искуство со агенцијата што беше предложена предходно Маригона травел,дали сте задоволни?Потребен ми е само превоз,зашто ако резервирам од Штипска агенција,ми испага околу 1000ден. поскапо,а со тие пари ке си го платам превозот Штип-Скопје Сакам да одам за Драч,поточно местото е пред Драч,Шкемби Каваја,дали некој има информации за таму? Ми го препорачаа местото,ама сепак... И дали за Албанија се патува само со лична карта,мислам дека прочитав на страната на МНР дкеа може,ама ако знаете да ми кажете сигурно. Многу прашања Фала многу однапред
Јас кога бев пред 3 години немаше за во Саранда ти кажувам.Ноќен живот воопшто само шетавме покрај море а немаше ни на плажа ни кафич ни ништо.За мирен пензионерски одмор измислено е.
и јас бев пред 3 години ама дека немало ноќен живот..имаше многу кафичи и ресторани и навечер беше пуно..сеа може во делот кај што сте биле сместени немало..ама таму у центарот имаше многу кафичи...а и во делот каде ние бевме сместни имаше неколку кафичи..и на плажата тие што беа и навечер си работа..
Не знам да ти кажам , за ресторани имаше се сеќавам седнавме во еден италијански и имаше многу убава пица е сеа додуша нас и не не интересираа многу кафичи повеќе сакавме да си шетаме покрај море .А другарка ми кажуваше дека Валона било поубаво со повеќе кафичи и добар ноќен живот , лани таа беше.
Ние ова лето одиме Саранда. Тргнуваме на 30-ти Јули и таму ќе сме до 7-ми Август. Си зедовме апартманче 6-ка и за тој период изнајмувањето е 400 евра,па не ни иди многу скапо за 6 души. Околу 67 евра,превозот ни е сопствен 50 евра од пар. Прв пат одам таму,како што гледав слики преубаво е,али останува да се увериме. Се надевам ќе си поминиме супер,можеби ќе научам и да пливам.
Јас се мислам повторно да одам.Бидејки ептен местото ми остави впечаток. Ми се допаѓа и ноќниот живот.