оф топик сум но Сакам да прашам само, дали е потребен пасош за влез во албанија или може само со биометриска лична карта? - на братми му истече пасошот па не сум информирана дали македоја потпиша со албанија да моше да се патува само со лична карта или само беше предлог
Јас бев Ксамил пред 2 години, многу блиску е до Саранда, па бевме и таму.. градот е многу убав, среден.. со кафичи и со убави продавници што не очекував да ги најдам таму... инаку плажите во Саранда не се нешто нај нај.. ама затоа во Ксамил е преубаво Сепак, местото би го препорачала за семеен одмор, има некоја посебна смиреност
Сакаме годинава да одиме за саранда може ли некој да ми каже како оди цената за ноќевање на пр. може ли да се најде сместување откако ќе стигнеме таму колку е ноќевање Благодарам
Јас кога бев, со семејството, бевме сместени во центарот, ни 100 метра немаше од почетокот на пешачката зона-шеталиштето и плажата. Имавме студио апартман, огромен, со брачен и 2 засебни удобни кревети, кујна, трпезарија, тв, клима, големо вц и што е најбажно сјаеше се од чистота. Мебелот беше нов, мирисаше на омекшивач и мирис на нов мебел. Сефте им беше таа година изнајмувањето. Плаќавме дали 25/30/35 евра на ден за 4 члено семејство ( не паметам за точната цена),газдите беа младо сеемејство, мирни и пријатни, жената секој ден на своја желба ни чистеше, немавме никаков проблем во однос на ништо. Од терасата се гледаше морето и дел од градчето, убавини. Мештаните беа албанци католици, ланчиња со крст си носеа некои, мирен и гостопримлив народ, таверни и кафанчиња преефтини за разлика од другиве балкански туристички места. Градската плажа е солидна, дел со камења , дел со песок, ефтини пијачки по плажите. За Валона и Драч имам слушано не толку позотивни искуства во однос на плажа и море, ама Саранда ги засслужи сите пофалби, не изненади местото и се она што видовме во секој поглед. Црквички си има низ градчето, ни П од примитивни луѓе. Единствено на што би посочила беше патот до таму, 10-12 часа патувавме со автомобил, тогаш се градеше патот и беше ем долг, ем страшни кривини, ем раскопан да искршиш автомобил, а друга работа е што низ градчево ( центарот) многу брзо се вози, внимателно со децата. Сепак ова искуство е од пред 4-5 години, сега чув дека патот е скратен и среден, а во однос на услуга и смештај сигурно е дупло уходано и развиено. Инаку ние на лице место најдовме смештај, има премногууу вили и шанси нема да не се најде, а сигурна сум и за приступачните цени, зошто очигледно е дека луѓето знаат како со туристи.
Bidejki ke odam utre na odmor vo Saranda... Kazete mi so kola po koj pat najubavo da odam i kade da se isklucam za nakaj Saranda? Do igumenitsa da teram pa nagore ili uste kaj ioanina da se isklucam desno za nakaj Saranda???
Денес си дојдов,преубаво е. Бевме сместени во вила во Саранда,а одевме на плажите во Ксамил. Премногу е евтино. Ние со дечко ми за 8 дена потрошивме 150 евра со се плаќање лежалки,шетање,јадење,пиење. Плажите сите се убави,најмногу ми се допаднаа Гјири И Хартес и Бора Бора. Исто така премногу ми се допадна Лион Парк на островче до кое се оди или со чамче или пак со педалинка. Но поевтино беше со чамче,300 леки од човек. Те носи и те зема кога сакаш само треба да се јавиш. Водата пречиста и топла. Нека не лажат дека е ладна. Исто така има еден комплекс во Саранда се вика Келјани,тука се базени и се плаќа 300 леки од човек за капењето во базените,лежалки си зафаќаш каде сакаш и колку сакаш. Исто има и скалички за на плажа,но единствено тука е ладна водата бидејќи има многу бранови,а и плажата воопшто не е средена. Се наоѓа по некој да се капи и сонча тука. Низ центарот во Саранда,може да се прошета,да се купи некој сувенир од тезгите или пак бижутерија,нешто облека од бутиците,да се пие кафе,да се јаде. И исто така едно место што ми остави силен впечаток,сеуште е во изградба мислам дека се викаше Барила веднаш до хотел Нертили,има преубави базени со солена морска вода,која ја менуваат на секои 3 часа. Изведбата му е прекрасна,посебно навечер е преубаво. Во горниот најголемиот базен има како столчиња направени покрај шанкот до базенот и од едната страна се излива водата и се влива во другиот. Значи рај за очи,прекрасно нешто. Си лежиш во базен и тука те служат. Мислам дека се опфатив да раскажам пократко. (можеби и не баш кратко) Радо би отишла и другата година пак.
zdravo sakam da ve zamolam za pomosh Ako moze nekoj da mi kaze nekoja agencija sto vrsi direkten prevoz Skopje Saranda
здраво ако може некој да ми каже,што треба за 20 месечно дете за да ја помине границата со Албанија.дали мора пасош или....
Преубаво! Само што се вративме и можам да кажам дека е преубаво! Морето воопшто не е прљаво како што некои горе напишале, напротив на приватните плажи на хотелите морето е фантастично! Проѕирно плаво,чисто пречисто не е ладно баш е пријатно, по 1 саат си седев у вода уживанција! Градската плажа како што ја ѕирнав не беше баш нај нај ама затоа плажата на хотелот каде што бевме сместени и те како беше убава! Саранда иначе е брдовито, ветровито местенце. Има едно доооолго шеталиште каде навечер е гужвичка ама пријатно за шетање. Луѓето се фини,љубезни.... Е сега нешто што ме нервираше беше тоа што во некои маркети каде што производите немаа напишано цена, ги продаваа поскапо т.е. ти кажуваат цена повисока од реалната! Улиците се асфалтирани, дотерани, направени.. Видов една дискотека поркај шеталиштето ама беше празна, кафичи, ресторани има на секој чекор. Саранда иначе има пазар и многу повеќе од ова што споменав , но доколку можете да трпите топло време во тој период од денот тогаш можете да тркнете и до таму Што се однесува до цените имаат многу низок стандард така што многуууууу е евтино! Гирото е 70 ден. кригла пиво 35 ден , кроасанчиња 10 ден.. Пиците им се движат околу 600 леки што значи 300 и нешто денари, сладолед 11 ден топче. Грицките (чипсови,смоки итн) се иста цена како кај нас. Лиснати работи 25 денари. Благи работи и тоааааааа убави како трилече, еклери, некој си нивни рецепти за кроасани (што се преубави и превкусни!) до 50 ден.. Соковите 2 литри за 100 ден. Фамозните печени кокошки се 300 ден Така што храната им е многу евтина! Не можеш едноставно а да не се изнајадеш за мерак! Нешто што би ви препорачала доколку идете со кола да идете преку Грција, зошто патот преку Струга, Елбасан е преполн со кривини!!! Нешто што мене ми беше баш језиво, зошто они таму не почитуваат многу сообраќајни правила брзо и улетуваат во лента. Како и да е нешто што ќе ми остане во сеќавање е МОРЕТО, преубаво и премногу ми недостига!
Дурс Албанија бев лани катастрофа водата за никаде ... темна никаква навечерта во хотелот немаше струја климата не ни работеше и водата мирисаше катастрофа друг пат идам у ксамил е многу убаво
Nie rezerviravme vo Penny apartments vo Saranda. Dali nekoj slucajno bil vo ovie apartmani. Pisuva 950 m odaleceni od centarot. Vaka ne e mnogu pa ke vidime. I dali nekoj znae sto znaci vo prevod CASA ZIO na booking? I dali znaete kolku e taxi ili bus za Ksamil? Pozz