Од понеделник, 4 септември, промени во програмската шема на Алфа телевизија. 18.15 часот ќе стане термин резервиран за новата индиска теленовела "Сарас и Кумуд - бескрајна љубов", за чија содржина ве известуваме во продолжение : Сарас е младо момче кое доаѓа од индиска аристократска фамилија. Неговата мајка уште одамна извршила самоубиство, по што татко му се оженил со Гуман, една злобна и себична жена со која го добил синчето Дени. Таткото на Сарас му договара брак на синот со Кумуд, ќерка на еден негов пријател. Сарас не ја познава Кумуд и не сака да се ожени на таков начин, а воедно е и депримиран од смртта на мајка му. Па затоа, тој заминува во селото на Кумуд каде постепено почнува да се запознава со нејзината фамилија. Како поминува времето, Сарас и Кумуд вистински се вљубуваат еден во друг, започнувајќи ја приказната за една бескрајна љубов. Но, еден ден, Сарас наоѓа писмо на мајка му во кое открива дека таа се убила затоа што дознала за аферата на татко му со злобната Гуман. Потиштен и разочаран, Сарас ја напушта големата куќа и ја раскинува свршувачката со Кумуд, сметајќи дека повеќе не е богат и како таков не може да ѝ пружи живот на Кумуд каков што таа заслужува. Со самото раскинување на свршувачката, семејството на Кумуд смета дека честа на девојката е извалкана и дека треба таа да прифати да се омажи за друг човек. Затоа, Кумуд решава да се омажи со Прамад, син на политичка фамилија, со цел да ја врати изгубената чест. Но, бракот со тој човек не е воопшто среќен за Кумуд. Тој е алкохоличар кој почнува да ја малтретира, а единствен кој може да ја спаси од едни такви стеги е Сарас, чие срце не може да ја преболи и заборави Кумуд. Љубовта на Сарас и Кумуд ќе мора да ја плати својата цена за на крајот да остане таква каква што беше... една... единствена... бескрајна. http://tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/5809-20-23-02-09-2017 Јас ја гледам интересна ми е поинаква е од другите индиски серии
Се сложувам, некако како да не е индиска Али овоа со „заљубеноста“ на Кусум ми е без врска Али Дени ќе ја освое!
Kumud e edna naj glupava osoba koja ja poznavam Kusum e najlicemerna osoba koja ja poznavam Ali ipak ja mislam deka Kusum se omazi za Deni, a ne za Saras
Ne e najglupa tuku najcuvstvitelna nikogas ne misli za sebe tuku na drugite a za kusum da licemerna e a kumari ja nema nigde ovie epizodi
Кумари, да ја нема никаде овие епизоди Али сигурен сум дека сите од куќата и прават претстава на Дени и Кусум дека ја нема Кумуд и ја обвинуват Кусум за тоа само за да се зближат они двајца Кусум ми е најлицемерна особа, каква беше и до кај дојде А Кумуд да и удоволе на сестричка Абе мажи се за Сарас и нека се пале, нека се убива онаа кокошката Интересно шо го вклучија дедото во овие епизоди И тоа со Сарас партнери во интригите, Јако