1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сара (Марек Халтер)

Дискусија во 'Книги' започната од al-vik, 12 август 2011.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Од познатиот циклус со 4 продолженија на Марек Халтер за хероините од библијата еден е и романот - Сара.

    Не многу позната хероина, но кога ќе се спомене фактот дека таа му била жена на Аврам тогаш многу работи стануваат појасни.

    Многу години треба да поминат за Сараи да стане библиската хероина Сара... позната по својата убавина.

    Како принцеза од сумерскиот град Ур таа одбива да се мажи на 12 години за човек што го избрал нејзиниот татко па бега од дома и надвор од ѕидините за прв пат го среќава Аврам, момче од номадскиот народ...

    Минуваат години и Сараи живее како почитувана свештеничка на божицата Иштар, а следната средба со Аврам засекогаш ја врзува за него. Сараи го следи Аврам и му верува дури и тогаш кога тој ја предава во рацете на Фараонот,само за да го спаси својот народ.

    Дури кога таа ќе се смири со Бога ќе ја добие и последната награда - староста која ја следи мудроста во животот... и пород.
     

    Прикачени фајлови:

    • sara.jpg
      sara.jpg
      Големина на фајлот:
      14,3 KB
      Прегледи:
      292
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Од познатиот циклус со 4 продолженија на Марек Халтер за хероините од библијата освен романот Сара се и романите Марија, Сефора и Лила. Иако се хероини од библијата не се религиски книги, но романи во кои се раскажува за нивниот живот. Приказната за Сара е историска топла и прекрасна, приказна испреплетена со љубовни емоции која маѓепсува! Стилот на авторот е извонреден.
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Ја има на македонски?
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Да, ја има, јас од библиотека ја земав.
    Мене од циклусот за хероините оваа најмногу некако ме трогна. Сега гледам дека по сите теми сум пишала за книгата. :)
    Еве еден извадок:

    Треба да се прочита дефинитивно.
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Како што објаснувате можно е и да се заинтересирам.. Многу сум слушала за книгава..мајка ми многу сака да ја прочита..Па после можеби јас сум на ред.. Ќе видиме.. ххааха :)