Дали ја јадете знаете ли да ја правете ако знаете споделете некој рецепт Јас лично незнам да ја правам но многу ми е вкусна. Мајка ми ја прави прекрасно според нејзин рецепт кој незнам како е
И јас многу сакам сарма, незнам како се прави, ама знам дека најбрз начин да се направи, потребно е зелка, мелено месо, и фант зачин за сарми. Со фантот и месото се прави филот, е сеа зелката незнам како се прави мека да е, се обарува валјда, и вкусно испаѓа...
зелката се остава да се скисели, и затоа нели викаме пресна и кисела зелка, киселата зелка за вариво и сарма е многу поубава, ама како се прави не знам баш ќе ја прашам мајка ми.. е сега ме заинтересира
Јас ќе ви кажам како се вари зелката Го длабите тоа тврдото внатре- кочан мислам се викаше и ја ставате во тенџере доволно големо за да ја собере. Потоа ставате малку лимонтус, на врвот на лажица и додавате вода во тенџерето. Го пуштате шпоретот на најсилно додека да зоврие водата, а потоа намалувате на 2ка или послабо. Постепено го кревате капакот од тенџерето и внимателно со лажица ги тргате првите листови и полека ја вртите зелката. Потоа оставате да се вари на тивок оган околу 10 минути, ќе видите кога листовите ќе ја променат малку бојата и потоа го исклучувате шпоретот, ама тенџерето го оставате уште малку, додека да се олади водата за листовите убаво да омекнат. Потоа имате спремни листови за сарма
Кај мене мама ја прави со пресна зелка. Ќе спржи и мелено месо со вегета, бибер и сол и после става со лажица во еден лист омекната зелка. Листовите ги мота и одоздола на тенџерето става неколку големи листови зелка и ги реди сармите и потоа кога ќе заврши и одозгора става неколку листови зелка колку да се покријат и ако има некоја коска ја става. Го става тенџерето во релна и толку. Сега на колку пече и колку време не знам.
Сарма од кисела зелка Потребни состојки: - 1 кгр. мелено месо мешано (говедско и свинско) - 150 гр. сланина - 2 кисели зелки - 50 гp. ориз - 2 главици кромид - црн и црвен пипер, сол, вегета и зејтин Подготовка: Исечкајте го ситно кромидот, и ставете го во сад со зејтин да се пржи. Откако ќе порумени додајте го меленото месо. Ставете малку вода и оставете да се испржи убаво. Пред крајот додајте сол, вегета, бибер и оставете уште 10 минути да се пржи. Потоа тргнете го месото од оган и додајте црвен пипер (2-3 дрвени лажици) и оризот. Земете ги зелките и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - големина по желба. Во подлабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Сланината исечете ја на подебели листови и ставете ја меѓу сармите. На крај прелијте ги со вода, за да се покријат сармите. Затворете го садот сo алуминиумска фoлија и ставете го во рерна да се вари 3-4 часа на умерена темпераryра од 150°. Потоа извадете ја фолијата и оставете уште половина час да се пече сармата и да добие светло кафена боја.
мммммммммм Состојки: 1 главица кисела зелка 1 килограм мелено месо 1 главица кромид вода масло сол и црн пипер Подготвување: Кромидот се сечка на ситни парчиња и се става заедно со меленото месо во сад. Добро се зачинува со сол и црн пипер и се замешува. Зелката се вари околу 10 минути, за листовите да можат полесно да се одвојат. Листовите внимателно се одделуваат и се полнат со смесата од мелено месо. Свитканата сарма се врзува со коноп или се прицврстува со штипалка за сарма. Сармите од кисела зелка се запржуваат на масло во тава додека не поруменат. Се додава 0,5 литри вода и се варат на тивок оган околу 1 час. Сармите се вадат, а сосот се процедува низ ситна цедилка. Јадењето се зачинува со црн пипер и сол. По желба, сосот може да се згусне со малку скроб. Останатата зелка се сечка на ситни парчиња и исто така се запржува на масло и се динста. Подготвените сарми од кисела зелка се сервираат со издинстана зелка, варени компири и сос. ДОБАР АПЕТИТ!
леле како ме настрвивте со темава,баш сега не смеам да јадам инаку и јас незнам да правам,во план сум,ке одам кај стрина ми на пракса чека гости во сабота,па ке помогнам и јас ке пишам како испадна
Едно од поомилените јадења ми е сармата...Кај нас баба ми ја прави и е најубава Прави две врсти на сарма. На лето замотана во лист од лоза, а на зима замотана во кисела зелка. Мене повеќе ми се допаѓа ,,летната‘‘ во лист од лоза. За рецепт незнам ќе треба да се консултирам со баба ми.
Посна или мрсна ? Еве ти рецепт за посна : Блитвата ќе ја исчистиш од рачките ке ја измиеш и ке ја ставиш да се обарат листовите . Во тавче ке запржиш кромид ситно сецкан а може и праз , па потоа се додава миен и исчистен ориз малку да се пропржи колку да испари водата што ти останала од миењето на оризот . Се трга од оган и се додаваат зачини: сол, бибер , црвена мелена пиперка и нане (им дава посебен шмек на сармичките ). Потоа се виткаат сармички како и со зелка само помалечки. Се редат во тенџере , каде претходно си ставила неколку ливчиња од блитвата на дното , колку да се прекрие , наредените сармички одозгора се покриваат со ливчиња блитва се налева врела вода колку да ги прелиеш сармите се покрива тенџерето со фолија и се печат во загреана рерна на 220 степени околу 1.5-2 часа. Готовите сармички се служат со кисело млеко или павлака , На Здравје ! Пишете како ви се погодиле ако некој проба да ги направи .
м,м,м,м,м,м,м,м...Обожувам сарма само направена од рацете на мама па и затоа не го знам рецептот бидејки секогаш мама ми прави...
Вчера направив сарми. Со лисја од грозје, многу вкусни беа. Има уште, бујрум кој сака. Спојлер Рецепт не давам... ... бидејќи не го знам!
Сармата ми е најомиленото јадење ммммммм кога јадам не знам кога е доста Највеќе ја сакам на мајка ми и баба ми сармата