Девојки ајде кажете ми мислење за местово? Какво е? Дали сте задоволни? Дали има продавници? Ноќен живот? Какви се плажите? И доколку имате слики прикачете
Сарти е прекрасно место. Плажите ме воодушевија, особено дивите плажички до кои се спуштавме 20ина минути. Оринџ бич не смеете да ја пропуштите, кристална вода, бели карпи, милина. Исто и Палами(т)ци, водата е како на Оринџ, само е пофрекфентна. Каламици плажата е малку подалеку, 12ина километри од Сарти, ама вреди за секој километар. Водата е поладна, подлабоко е, но треба да се види. Помеѓу Сарти и Каламици има една плажа, Гоа Бич, ништо посебно, камења, но имаше многу фини журки лани. Лежалките се околу 3-4 евра за цел ден со кафе, на секоја плажа. Во врска со самото местенце... Мало е, убаво средено, навечер има нешто како чаршија во центарот. По текот на градската плажа има многу барови и ресторани со пристапни цени, освен на коктелите кои беа изгор. Гиро не знам колку беше, затоа што не сум љубител. Јас бев во сред сезона и бев прилично задоволна од сите цени. Храната е тука некаде како во Македонија, со исклучок на лебот и млечните производи. Доколку одите, пазарувајте во помалите маркетчиња, затоа што тој најголемиот, жолт, е изгор. Ние во глобала надвор се храневме и реално не потрошивме многу. Смештај советувам на лице место да си побарате, агенцииве се трчи-лажи, најужасните места се нивни. Ако случајно сте гледале за апартмани Космас преку агенција, откажете се, одвратни се. Моја нога таму веќе не стапнува. Има прекрасни вили за некои 35-6 евренца од ноќ, што е сосема солидна цена.
А пристапот до плажа како е? Блиску се плажите? Може пеш или мора со превоз? Значи не зборам за главната плажа, за тие да речам поубавите ...
Сум била на многу места во Грција и Сарти ми е дефинитивно едно од омилените по тоа каква плажа има! Значи по целата должина на градчето плажата е огромна широка, песочна, со лежалки и водата е многу чиста така да јас сум воодушевена што се однесува до плажите. Плус има продавнички да се прошета ама за ноќен живот во смисла клубови и останато не би знаела да ви кажам бидејки бев со моите тогаш и не ме ни интересираше тоа така што не ни прашав.
За пристапот на плазите мозе да се изнајми мотор околу 8-10 евра е за цел ден, доколку не сте со кола, оти се малку пооддалецени тие убавите плази од местото сарти. Во глобала, за местото има објаснето скоро се тинкербел во погорниот пост, така да тоа е тоа за ова место.
Девојки ме интересира какви се плажите во Сарти? Другарка ми со сопругот и децата сака да оди таму на одмор, но добила информација дека биле прилично длабоки, па си земав за обврска да ве прашам вас Однапред ви благодарам
Ме предомислуват за местово.Дувало ветер,малечко селце и немало ни шеталиште Стварно? А бев загреана да појдам на вториот крак
Јас до сега имам одено 4 пати на ова место и тоа за 2-3 дена само и искрено ми нема оставено некој убав впечаток, плажите не се со ситен песок и едната во градот е само блиску, останатите убавите плажи се подалеку и може да се оди само со мотор ако изнајмите исли со кола, инаку се далеку. Местото е мало, има мало шеталиште кадешто има неколку продавнички, неколку кафетерии, фаст-фуд и тоа е тоа. Не го препорачувам за малди луѓе цените не се ни малку ефтини, да речеме за разлика од Паралија кадешто сум јас, цение се многу по приступачни отколку било каде, исто како и во Мк се, ете толку ефтино....
Во Сарти сум била неколку пати . Првиот пат преку агенција а потоа во сопствена режија. Селцето е распослано во должина на самата плажа и било каде да најдете сместување , плажата ке ви биде блиску. Плажата е прекрасна со ситен песок , а водата во морето е кристално чиста. Кој сака и не мора да оди на околните плажи бидејки и самата плажа на Сарти е прекрасна. Посебно ми се допаѓа што е огрооомна па и да е преполно со туристи , на плажа секогаш имаш комоција , посебно во новиот дел на Сарти , а не да се тискаат и врз глава да ти поминуваат. За околните плажички да не зборам , преубави се , како што беше погоре опишано , освен што не беше спомната Климатарија која е стварно преубава. За цените мислам дека е малку по солено од на пр. Паралија , поготово во сезона. Сместувањето нема поевтино од 40 евра , а оние на сама плажа или првите 2-3 реда на куќи се по 50-60 евра. За младите нема забава во самото Сарти , освен преубави ресторани на самата плажа , но нема некои журки или слично. За во околината знам дека во кампот Арменистис има стално некои гостувања на познати групи и музичари па младите од сите околни места одат на тие концерти. Климата мене лично многу ми одговара , затоа што навистина постојано пирка ветер и кога е пеколна горештина , во Сарти не се чувствува и секогаш е пријатно. Како и да е препорачувам не секој да оди и ако ништо друго максимално ке се изнаужива во преубавата кристално чиста и топла вода за бањање.
Ние со моите дома планираме да одиме во Сарти ова лето па ке може некој да ми каже дали има во селцево бар нешто за шетање навечер? Не барам дискотеки или кафичи туку дали има шеталиште или нешто слично? И сакав да ве прашам оние кои сте биле во сарти,плажите песочни се и дали се убави,чисти вака?
Sarti e ubavo mesto ocigledno, ama mnogu slabo dobiv informacii za cenite, vo marketi i restorani konkretno, dali ima lidl ili nekoj drug poeftin market? Isto i lezalkite na plaza kolku se naplakaat? Od tie sto ste bile tamu da ne informirate za toj aspekt malku poveke. Se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam
Имаше Арванитидис маркет.. Лидл мислам не. Цените зависи на што, стандардни грчки цени. 20-30% поскапи од кај нас, некои работи се и поефтини, зависи. Имаше лежалки што идеа со пијачки, имаше и без. Зависи пак што пиеш нели.. Друго, нека кажат другите..
Имаш Лидл во Никити. А во Сарти имаш Карфур, Маринопулос, Арванитидис, можеби и Масутис, ама не сум сигурна. За цените е подобро да ти каже некој што бил годинава, или што е моментално, оти мислам дека ќе се менуваат. Сепак со растот на ДДВ во Грција се очекува поскапување, ама кој да знае точно.
Моите се вратија пред недела дена. Лежалките одат со порачан пијалок или било што ама нели најчесто е тоа. Фрапето на лежалка од 2,5 до 3е, а за носење 1,5е. Цените низ пекарите од 1,5е до 3е. Готвени јадења по 6е, риба на скара 350гр порција 9е. Ова и текнува на мајка во моментов. Најчесто оделе на Портокали, оти поручек на гратската плажа на Сарти имало најчесто бранови и водата е заматена.
Сакам да прашам затоа што размислуваме со дечко ми да одиме таму, дали има превоз организиран - автобуси комбиња или слично до околните плажи затоа што и двајцата не возиме ништо а би сакале да посетиме повеќе ? Фала
Старо градче во Амерички стил. Порано америчката војска престојувала во овој град. Иначе плажата не ми се допаѓа. Прљаво, за шетање нема многу. Го препорачувам за стари лица.
Фамилијата на мм има летувано таму и многу им се допадна местото, мислам дека повеќе пати имаат одено. Исто така едни пријатели беа на одмор во Сарти и се испофалија дека преубаво било, особено Оринџ Бич. Па лани за продолжениот викенд за 1 и 2 Август мислам беше, со сопружникот се закренавме да видиме што убавина е тоа Сарти. Најдовме смештај на почетокот на вториот крак, местото се викаше Геракини. Ефтино беше, убаво место, вилата преголема, ама хигиената не беше на највисоко ниво. Имаше приватна плажа ама цела беше со камења и не доаѓаше предвид таму да се капиме. Со колата надолу стигнавме до Каламици, уште некои 72 км возење. Имаше бранови и беше ПРЕГНАСНО. Водата беше црна, мирисаше на нафта, гнасотија ми се лепеше по телото. Отидовме во блиското кафуле, јадовме по една вафла (превкусно беше) и пак в кола до Сарти. Истата приказна и таму. Многу гужва на плажата, одвај најдовме место за паркинг, имаше бранови, и гнасна вода. Исто така цела плажа беше валкана со отпадоци. Не ми остави убав впечаток. Сепак, морам да напоменам дека во истото лето бевме во Лефкада, па потоа на вториот крак. По впечатокот од Лефкада, секоја друга плажа особено на Егејско море ми изгледа втора класа.
Јас летово ќе одам во Сарти, и не се согласувам дека е за баби Цело време ги пратам местата на инстаграм каде што би сакала да одам, и има многу млади, сигурно има добра забава по баровите на плажа, им се гледа по фаците .) Инаку мислам дека има дискотека, а и башка на Гоа бич секоја вечер се дочекува изгрејсонце со диџеј. Можеш да се изнажуркаш како тинејџер, или да се изнаодмориш како пензионер, како и да е. Доколку некој бил, нека ми предложи места за храна/забава, инаку, ќе одам на слепо.