99% од апт во Сарти се резервирани одамна.. Ќе ти кажам имиња на некои, ама прво кажи ми дали сакаш во стариот или новиот дел?
Iliadis House, Stavros House i chrisula house ti se moja preporaka. Ke najdes kontakt na net, pisi im go imeto i dodadi sarti vo search barot..
Ќе ти треба аутан. Не беше толку страшно како што слушам за некои места, ама дека има комарци - има. Во смештајот имаше комарници, плус носев и заради малиот апаратче против комаци и релативно добро поминавме.
Јас бев лани Сарти,местото е преубаво,го просетавме цел 2 крак,преубаво плажи,Сарти е убаво типично грчко местенце,фина плаза водата е со бранови скоро цело време,но моја препорака е одење со кола,плажите околу Сарти да не се испуштат никако
Здравоо на сите наредната недела одиме во сарти . Па сакам да ве прашам за цените како се , како на пример пивото , соковите , сладоледите разладувачите да ги наречам можам ,фала ви однапред позз
Ако одите со кола најдобро е да си испазарите во Лидл (има ви Никити, ке поминете покрај него). Инаку ние бевме лани во Сарти и пазаревме главно од два маркети SUPER MARKET EXPRESS MARKET (спроти хотел George) или еден маркет што е спроти големиот паркинг покрај плажата (не ми текнува како се вика, но неможеш да го утнеш). Пиво 1,5 Е, фанта 2 Е, сладоледи 1 - 1,5 Е, гиро (во Овеликс најдобро) 2,80 Е, вода 1 Е. За доручен има една пекара Aptoxwpa Bakery преубави работи има, ама малце е скапичка. За шетање поубав е стариот дел, ама плажата е почста во новиот дел. После стариот дел има неколку заливчиња што може да отидете интересно е за бањање. Обавезно да ја посетите Orange beach, има и организиран превоз секое утро. Потоа Armenistis се плаќа влез мислам 1.5 Е од лице ама вреди. Убав одмор, не сте згрешиле во изборот.
Блaгoдaрaм... Прaшaв бидејќи е грев дa не се oтиде... имaм oденo и ствaрнo е ептен дoбрo... вoдaтa - кристaл...
Да да отидовме , повеќе пати мал рај за очи и душа , навистина би било штета ако си таму веќе а да не се посети такво нешто
Најдов топ понуда за смештај и превоз, би резервирала, само имам неколку нејаснотии.... 1. Втор крак не го владеам, па ако имате искуство споделете какво е во септември ( отворено море, бранови, топлина на вода....) 2. Дали е подобро со сопствен превоз поради шетање наоколку, или можеме да го искористиме и превозот преку агенција? Смештајот може да биде во стариот дел, друг објект има на самата плажа...
Зависи кога во септември, ама времето е ОК..ако не се погоди да врне. Во Сарти бранови има секогаш. Подобро е со сопствен превоз затоа што има мн убави плажи на втор крак. Ама ако сакате само во сарти да седите не ви треба .. Стариот дел има повеќе за шетање навечер, ние таму биравме.. Новиот ми е налик пустелија .. ама има за нијанса подобра плажа.
Ајде да ја заживееме темава, со оглед дека лето 2018 е на праг! Ако некој оди (а сигурно има такви), напишете инфо за цените, новости низ Сарти и сл информации поврзани со ова место.....
Здравоо ние се мислевме помеѓу Сарти и Мајорка Шпанија ама ете одлучивме Сарти поради друштвото ( во Шпанија требаше сами со дечко ми да одеме). Ќе одеме крај на август некаде 26ти 6 дена планираме, па ако може да ми препорачате смештај за 2 пара може и во ист апартман но различни соби да сме (со тераса и поглед на море). Исто така предложете некој позабавни плажи со музика или дј (обожаватели на house сме), не сме толку за навечер, ама преку ден сакаме забава на плажа. И дали има организирани крстарења со брод и колку коштат? Пс со кола ќе сме па може да предложете и некои места околу вредни да се посетат. Па ајде да кои ќе оди тој период таму, може да се дружиме
Во Сарти нема плажи..таа една е.. Е сеа house журки не верувам некаде дека ќе најдеш.. Дури и по плажите кај што имам отидено, немаше некои журки, обично пуштена музика..