1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сатанизам

Дискусија во 'Религија' започната од chocolate...girl, 19 април 2013.

  1. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав кога ќе се прочитат книгите Ангели и Демони и Кодот на Да Винчи ќе се разберат тие разлики и поврзаности помеѓу илуминатите и масоните. Во Ангели и Демони се зборува за илуминатите, а во Кодот на Да Винчи се зборува за масоните. Прво требало да се прочита Ангели и Демони за да се свати суштината во Кодот на Да Винчи, меѓутоа книгите многу биле заморувачки и те терале само на нив да мислеш од кога ќе престанеш да читаш. Баба ми сака многу книги и ги прочита и двете, а во тоа време се однесуваше психички пореметено :$ :$ :$ (мислам не луда туку беше замислена многу) :rofl: :rofl:
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Прво, има илјадници магистри и со сета должна почит, тоа што твојата професорка спрема магистрат не ја прави експерт во сатанизам и масони и не го прави нејзиното мислење (за кое притоа нема никакви основани докази) валидно.
    И затоа, ако немаш никакви аргументи за да си го поддржиш напишаното не гледам каде би водела понатамошна дискусија.


    И колку да дополнам, еве ги основните принципи на сатанизмот:

    -Цел на човекот исклучиво максималната лична среќа и уживање во овој живот на земјата. Ако нешто направи за други, сатанистот тоа го прави само доколку тие го заслужиле тоа Абстинацијата е спротивна во сатанизмот.
    -Благословени се силните, проклети се слабите. Според сатанистот, силата и моќта се благодет, а слабоста и понизноста проклетство
    -Сатанистите во целост ја одрекуваат грижата на совест поради своите сторени дела, без разлика какви биле
    -Сатанистите се противници на сите религии а особено на христијанството
    -Сатанистите неверуваат во концепт за бог, во сатанизмот поединецот е бог самиот на себе
    -Сатанистите имаат три вида на ритуали: Ритуал на деструкција, Ритуал на сочуство и Секс Ритуали
    -Жртвување луѓе не е дозволено

    Симболот на сатанизмот:
    [​IMG]
    Многу луѓе ја мешаат со Давидовата ѕвезда или паганската, но има разлика. Чисто за споредба:
    Давидовата:
    [​IMG]
    Паганската:
    [​IMG]

    Откако еднаш ја воочите разликата, лесно е да се разликуваат. Кога ќе имам време, повеќе ќе напишам. :)
     
  3. Evellin.a

    Evellin.a Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Мене баш ми е криво, познавам неколку особи, сместени во групата даркери :D така си се двојат намерно самите, што да кажеме не знаат ни приближно колку што треба да знаат за тие работи, деца се буквално, а се мотаат по тие секти, уште па и се рекламираат како сатанисти, прават ритуали, слепо веруваат во црна магија и др. и др. :o гревче ми е за децата што си влегуваат во таков филм, можат да се од играчка заплеткаат по некои сомнителни установи, па после ќе се упрпаат... али ајде, секој на своја глава :)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, така пишува во Википедија.
    Инаку, сатанизмот, подразбирливо е дека е се она спротивното од тоа што го вели религијата.А инаку на метафоричен начин претставена е негативната и позитивната енергија во Библијата, секако претставена преку Сатана и Бог.
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Замисли идам според логика и наука ... ;)
    Нема везе се гледа дека си прочитала нешто ама не си дочитала или не ти се јасни некои раб.
     
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    A што треба да прочитам?Јас в ерувам во мојот едниствен бог па некој ако верува во сатаната тоа е негово право,нема тука со да се дочитува или си со доброто или си со лошото за тие натприродни работи нема наука тука,човековото око нема толкава видливост па да проучува надприродни работи .Ако си муслиманка верувајси во твојата вера ,ако сакаш верувај во сатаната секој со својата вера.
     
  7. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Domino, сето тоа што го кажа е вистинито, освен тоа дека, најмногу се против христијанството.
    Постојат редови како: Антихристи и Крстоносци.
    Антихристите се против христијанството, а Крстоносците(самиот збор кажува), сатанисти, кои сепак го почитуваат своето потекло. ;)
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Холивудгрл, закон оваа професоркава по историја, нема што :D , ете затоа ни цути образованието, наместо да се држи до она што е предмет на предавање, ви ја полни главата со шпекулативни теории за заговори. И верувај титулите кај нас дефинитивно не се многу често показател на знаење.

    Јас имав на факултет многу мудар професор, кој ни рече дека неговата улога се состои само во тоа да ни даде насоки, за да потоа ние сами се усовршуваме и никогаш да не престанеме да трагаме по нови знаења самите. За твое добро е сама да се трудиш да дознаваш и истражуваш, ако почнеш ќе сфатиш всушност колку ти е во право професорката ;) .

    Чоколејт грл Ден Браун е автор или писател, кој секако дека треба да се зема со резерва, пишува фикција и тоа не смее да се занемари. Далеку е од сериозен аналитичар, неговите дела се изложени на остри критики од познавачите на материјата, ама нему му е целта да биде читан и да профитира, не да разобличува нешто.

    Домино официјалната масонска ложа не прима жени и тоа веројатно уште долго ќе остане така. Постојат ко-масонски ложи, како ЛДХ (која е активна и кај нашите соседи - Србите и Бугарите), како Големиот Ориент на Франција и многу други, кои имаат мешано членство, ама тие не се дел од официјалната масонерија и таа не ги признава. Уште векови наназад има луѓе кои се отцепувале и формирале свои ложи, дел биле и поранешни масони, ама тоа не им дава легитимност на ваквите организации и за нивната дејност и ритуали и било што, одговараат самите, Лондонската масонска ложа се оградува од нив, таа е братство, таму жените понекогаш присуствуваат само на некои прослави и сл. како мајки, сопуги, сестри на масоните, но не како рамноправни членови на заедницата.

    Во секој случај масони и илуминати (кои бај д веј веќе со векови не постојат) се оф топик на тема сатанизам.

    Оној извадокот кој го имаш постирано е учењето на Ла Веј и неговата Црква на Сатаната, значи тие не веруваат во Сатана, како некое рогато, опашесто битие, затоа некои го нарекуваат овој сатанизам и атеистички сатанизам, бидејќи не е поврзан со форма на антропоморфен или зооморфен бог. Меѓутоа, приврзаниците на класичниот сатанизам си веруваат во постоење на Сатаната и другите демони и ги обожуваат. Имаше еден дел од нивната книга, во заповедите, според кој ако некој ти минува на територијата, предупреди го да си замине, па ако упорно не заминува убиј го :D ... Има и многу многу други окултистички групи, кои влегуваат под категоризацијата сатанизам, или имаат допирни точки, како Телемата итн. итн.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  9. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Теодора, кажи нешто, што сум го напишала, а не е вистина?
    Готово, се спрчкавме :rofl:
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Холивудгрл, види ако веруваш во тоа дека тие сликите со јавните личности се доказ дека се сатанисти, нема ни да разговараме повеќе готово :D ...

    И ти реков и претходно, најди ми еден единствен валиден линк или посочи ми било каков материјален доказ дека денес постојат илуминати, чекам...
     
  11. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Да Theodora. Но, те молам прочитај ја Кодот на Да Винчи и Ангели и Демони и ќе ја разбереш поентата.
    Инаку јас да ти кажам: Во Ангели и Демони се зборува за еден симболог Роберт (му го заборавивив презимето :D ) кој сака да ги открие така да кажеме друштвата наречено Илуминати..понатаму ќе си ја прочиташ :*
    А во Кодот на Да Винчи се зборува за светиот грал. Се започнува кога исто така Роберт открива дека во Лувр е убиен стариот кустос :D и до него е најден кодот. Симбологот дознава дека со овие работи си има врска и Леонардо Да Винчи бидејќи тој бил член во Сионскиот приориум. Сите мислат дека светиот грал е чаша, но на тајната вечера нема чаша, тука почнува да се сомнева Роберт и дознава дека светиот грал е жена, а жената е Марија Магдалена, сето тоа го знаел Леонардо Да Винчи. На сликата на тајната вечера мислиме дека се само мажи но на местото на Јован седи Марија Магдалена и меѓу Исус и Марија Магдалена има направено фигура на чаша..Немам време повеќе да раскажувам бидејќи треба да правам еден проект. Позз :* :* :D
     
  12. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ја имам прочитано Кодот на Да Винчи и уште други три книги на Ден Браун, тоа не го менува фактот дека книгите се фикција и дека може и да се докаже, што и е направено дека податоците во тие книги се изменувани, модифицирани и сл. во име на приказната. Исто ја имам прочитано и Господарот на прстените, па не значи дека постојат хобити, елфи, орки, тоа е друг тип на фикција, имам и многу од книгите на Артур Кларк прочитано, па ни се храниме цела планета од морската храна, ни ја користиме енергијата од земјиното јадро, ни успеавме да ги пробиеме црвоточините и да патуваме низ времето...

    Значи, разликувајте писатели на фикција, глупави видеа на ЈуТјуб и сл. и вистински извори на информации. Греота сум и јас да реплицирам сериозно на вакви глупости, проверете два три најмалку сериозни извори (неколку посериозни енциклопедии пример секогаш се добар старт), ќе видите и самите...

    Холивудгрл, нема ни да ги изгледам видеата на ЈуТјуб (за што не знам колку пати веќе напоменав дека не е и не може да биде релевантен извор, абе секој лудак може да постави видео на ЈуТјуб аман), побарав валиден извор на податоци од тебе, ништо дајте друго дете * неколкукратен фејспалм* ...
     
    На 1209, babymama, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  14. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ^

    Гледам си се намачила да ми обезбедиш уште *се накашлува* докази, во ред е, не ми помагај повеќе, премногу ќе научам...
     
    На Domino и vitomir им се допаѓа ова.
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јасно си пишува дека најмногу се против христијанството што е многу логично. И многу ме интересира, каде најде информации за тој култ на Крстоносците? Баш би сакала да прочитам.

    Theodora, делумно си во право за тоа што го кажа и точно дека жените се високо почитувани како мајки, сопруги, сестри но има докази низ историјата за жени масони, и тоа во официјалните ложи. Има докази за постоење на жени масони уште во 1800 години, па и порано. Една од нив е Elizabeth St. Leger, жена масон која била член на големата ложа на Ирска.
    Точно е дека имало и несогласувања и спротивни мислења околу жените масони и уште има наголемо, но постоеле жени масони во официјални ложи.

    И знам дека се оди далеку од темава и стварно не гледам зошто се расправа дали постоеле илуминати или не и не гледам која е понатаму целта на темава, кога се дискутира за се, освен за сатанизам. :^)
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Сатаната е лик од христијанската религија :^) како спротивност на Бог. Веројатно сатанизмот ги опфаќа оние "верници" кои не му се молат на Бог, туку на ѓаволот :^)

    Потпирање слепо на Ден Браун? Во денешен весник не можеш да прочиташ вистинита вест, не па во цела книга.
     
    На Juccy и manja666 им се допаѓа ова.
  18. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    kravce тоа што го кажа е највистина до сега..од кај да знаеш на кому да му веруваш денес, утре може да кажат оти сатанизмот е сосем др. работа. хаха. Најарно на нас ни е да не се замараме и што сака нека биде.. :D :P :rofl: :lol: :$
     
  19. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
  20. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека познатите личности ги уценуваат група од луѓе(така викаат).Им викаат дека ако не станат илуминати ќе им убијат некој од семејството.Многу познати ѕвезди и служат на сатаната.Спотот на Ke$ha-Die young може да го погледнете.Во него има симболи на Сатаната како на пример пирамида,крст наопаку,Ke$ha игра некоја игра кои ја играат илуминатите,раскинуваат девојка и такви некои језиви работи.Може да погледнете на YouTube.Исто така ако песните на познатите се свртат наопаку во некои песни се спомнува нешто како I love Satan,Hare Rama,Save us Satan и такви неко работи.Викаат дека со песните познатите бараат помош од нас,да ги спасиме од илуминатите.Затоа што ако они се откажат од Сатан ќе ги убијат.Ова е многу језиво.За подетални информации одете на YouTube... :)
     
    На untouchableGirl и HollyWoodGirl им се допаѓа ова.