chocolate...girl Правиш грешка, Во Кодот на Да Винчи не се зборува за масони туку за Сионски Преориум, односно братство на Витези Темплари кој настанал некаде во 900/1100 (не сум сигурен за годините) и нивната цел е да ја заштитат Исусовата Света Лоза, односно според нив некои фамилии кои живееле во франција се со исусова крв, има многу да се пишува за оваа ама неможам сега. А и плус темата на форумот е САТАНИЗАМ, а Илуминатите и Сионскиот Преориум па и Масоните си немаат врска со САТАНИЗМОТ
Тука можеш да ја видиш Бијонсе како ја опседнува демон. Дали човек може да го направи ова со вратот? За целосно изменување на нејзиниот лик исто. Тука самата си кажува како нешто (демон) влага во неа и прави работи кои она сама неможе да ги направи. Слушни го целото видео, не е долгo 3 минути трае. Погледнете ги спотовите на сите пеачи, како си поминуваат годините, се се помрачни, на големо се промовира насилство, лутина, гнев, омраза..блудство, спотовите денес се чиста порнографија. И сите окултни симболи во спотовите не се туку така, истражете малце и ќе ви стане јасно дали го величаат и Му одаваат слава на Бог или некој друг? Христијани Бог ни кажува дека секој ќе го познаеме по неговите плодови дали е со Бог или против Него. Слушнете ги внимателно текстовите што ги пеат. Слушнете го само почетокот на спотот на Бијонси од песната Hold up скроз на почетокот каде она зборува. I tried to change. Closed my mouth more, tried to be softer, prettier, less awake. Fasted for 60 days, wore white, abstained from mirrors, abstained from sex, slowly did not speak another word. In that time, my hair, I grew past my ankles. I slept on a mat on the floor. I swallowed a sword. I levitated. Went to the basement, confessed my sins, and was baptized in a river. I got on my knees and said ‘amen’ and said ‘I mean.’ I whipped my own back and asked for dominion at your feet. I threw myself into a volcano. I drank the blood and drank the wine. I sat alone and begged and bent at the waist for God. I crossed myself and thought I saw the devil. I grew thickened skin on my feet, I bathed in bleach, and plugged my menses with pages from the holy book, but still inside me, coiled deep, was the need to know … Are you cheating on me? Пие крв? Бог вика секој шо пие крв е одвратен во Неговите очи. И врвот на безобразноста и Богохуството, ја користи Светата книга (Библијата) за нејзината менструација? За да нема забуна за која света книга станува збор јасно е покажано во спотот. Кање е во филм дека е Бог уште бесрамно нарекувајќи се себеси Јesus заедно со Џеј Зи ист случај се. Да почнете да истражувате утроба ќе ви се преврти, но секако не треба да не изненадува знајќи дека кај мнозина љубовта ќе олади и на каде оди светот. Ова само Го потврдува Бог и Библијата. Добро е што барем повеќе не се кријат, отворено ни ја плескаат вистината во очи, но повеќто спијат за жал.
Wow. А ја цело време си мислев дека само металот промовира сатанизам. Од целиов претходен пост, најтрагично ми е што типот во второво видео вели дека за изработката му помогнала ќерка му и што девојкава расне со и е воспитувана од татко кој прави видеа за демонската опседнатост на Бијонсе. Сосема здрава и нормална средина за едно дете, нели. Поигрувањето со елементи од религијата, а пред се, со чувствата на религиозните, не е ништо ново во музичката индустрија - ваквите „контроверзни“ текстови, спотови и сл. создаваат дополнителен публицитет за музичарите, и од Мадона наваму речиси и да нема познат поп артист кој не го прави ова. А што се однесува на теориите за поврзаност на некој музичар со ѓаволот, тие датираат уште од времето на Битлси и Ролинг Стоунси, кога на некој му текнално да ги пушта нивните песни наопачки, а неразбирливите звуци и гласови да ги протолкува како сатанистички пораки. Оттогаш наваму, постојат безброј примери за ова. Дискусијава можеби не е лоша за темата „Теории на заговор“.
Секој со своето верување или неверување, мене лично не ми е сеедно кога моиве уши слушаат како некоја си ја користи Библијата за месечен циклус. Божјите зборови во таа книга се свети за мене. Но секој како си сака, дивете и се, величајте си ја таа персона доколку тоа си е ваш избор. Бијонси и било кој друг веќе одамна не се личности на кој јас се восхитуавам. Единствен карактер на кој се восхитувам и ми е пример е Бог. Денес за жал си мрднат, ретардиран, нездрав скроз одлепен, како сакате, ако веруваш во Бога и читаш Библија. Овие наводни измишлотини и призни ви кажува и Бог дека се случувае и ќе се случуваат. П.С. само да се надополнам на другиот мој пост. Не мислам дека сите луѓе во шоу бизнисот се лоши луѓе, туку се впуштаат во разни друшта за пари и кариера, а притоа ни самите не се свесни што преставуваат и кој се целите на тие друштва. Кримсон понекогаш најголемите вистини се кажани кроз шала.
Ајдее, па и рок музиката, била???? И што треба сега, да слушаме тралалајки?? Оти и тие гледам се во игра.
Знам, и ја исто се осетив. Ама, шала на страна, извесен Владимир Димитријевиќ, српски филолог, но и православен апологет и автор на бројни дела за православието, меѓу другото е и автор на книгата насловена како „Хари Потер и лов на дечије душе“, во која образложува, надолго и нашироко, зошто Хари Потер е, практично, Антихристот лично. Еве краток дел од неговите размислувања за Хари Потер пренесени од порталот pravoslavni-odgovor.com.
^ И папата го слушаме на видеа како се моли, но од друга страна истиот го слушнавме како повикува на обединување во една религија, зашто нема врска дал е Исус, Алах, Кришна, Шива итн. Дали е ова христијански? На оваа добро звучна лага ќе наседнат само оние што не ја познаваат Библијата, а со тоа и самиот Бог. Ако Бијонси е вистинска христијанка, не би и паднало на крај на памет да ја помисли таа гнасогија, а не да ја каже. Секој греши но ова не е било каква грешка, да не се праиме духовно наивни, не е туку така и случајно ставено на нејзиниот спот, цела минута зборува за тоа. Ако верувате во она во што сакаат тие да верувате дека се мисли на Џеј Зи, преслушајте ја повторно внимателно таа минута и јасно самата таа ќе ви каже кој е нејзин бог сега. Многу добро знае Кој е Исус чим се дрзнува на такво богохулство, но со нејзината волја го бира другиот, што е нејзино право како и наше да одбереме. Видете само какво однесување промовираат. Секој може да се моли, но како тој/таа живее, како се однесува, што прави, покажува се. А за тоа дека Обама, Хари Потер, Рајко и Трајко биле антихристот , не се. Не се фаќајте одма со тоа да се исмевате на христијанството нарекувајќи го секој еве го антихристот на христијаните. Точно ни е кажано со опис на настанте кога ќе дојде на власт тој човек и што тој ќе прави, па така ќе нема никава забуна дали е тој или не. За Хари Потер мислите дека е наивно создаден лик? Малиот волшебник го завладеа цел свет, од 2000 до ден денес е актуелен, милиони деца се воведени во окултизмот, имаа желба да станат како него, вклучувајќи се и сама себе. Бевме воодушевени од тоа како би било супер кул да ги имаме моќите на Хари и да правиме што и да ни текне. Помислете само колку многу деца наеднаш почнаа кроз игра да зборуваат и да се однесуваат така, колку од нив почнаа да бараат разни окултистичко-магиски книги, колку деца добија на подарок ouija board, таблата за повикување духови и слични вакви работи. Ако знаеме дека Бог ни кажува да се држиме настрана од магесници и сл. на нив и ако знаеме дека има духовен свет и дека војната е со злото, размислете која духовна позадина стои позади Хари Потер. Согледувајте ги работите малце подлабоко, трудете се да ја согледувате и позадината, ако кај нас не беше до толкава мера бум, во остатокот од светот беше и сеуште е. Интересно како магиоичари, волшебници, вампири и сл. ликови го добиваат светското внимание и популарност, а учењето за морални вредности и градење на таков карактер е одамна неинтересна, не кул и досадна тема, да не речам затуцана. За многумина Хари е само безсмилсена фантазија, но секој што имал прилика да ги искуси духовните сили знае дека не е безопасен лик и знае што ви зборува и колку е само Бог и Светото писмо вистинито. Духовниот свет е реален и постои. Мал дел од она што кажува Бог за овие работи: - Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство, зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. (Ефес 6:11,12) - И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела. А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите, дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници. (Дела 19: 18,19) - ги намрази древните жители на Твојата света земја, кои вршеа одбивни дела на вражање и идолски жртвувања, бездушни убијци на деца, на жртвени гозби кои јадат утроби од човечко тело и крв на тајни собранија, и родителите кои убиваа безпомошни души, одлучи да ги погубиш со рацете на татковците наши (Мудр 12: 3-6) - Да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник, бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ни таков што разговара со мртви, зашто, секој, кој го прави тоа е гнасен пред Господ (5 Мојс 18: 10-12) - Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога, јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните, не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните (1 Кор 10: 20,21) Сум кажала и пак ќе кажам, Бог не кажува ништо туку така, кога нешто забранува навистина има предобра причина за тоа. Цел се децата зашто тие најмногу можеш да ги менуваш и обликуваш како сакаш. Опасноста е што злото го прават да изгледа невино. Како што рекол Ленин: "Give me just one generation of youth, and I'll transform the whole world." Безосетно се трасформираме и програмираме како што светов сака. Христијани, ако се ова ви е драматично и безмислено, не ми верувајте мене, туку отворете Библиите запознајте се со Бог и што Тој ви кажува, зашто Бог сигурно не драматизира и не лаже. П.С. Ова е само мое мислење засновано на мое искуство и долго годишно истражување. Не го сваќајте како наметнување на истото.
Во времето кога е напишана првата книга за Хари Потер, Џ. К. Роулинг била скромна и сиромашна самохрана мајка, која живеела од социјална помош. И не е баш некој evil mastermind чија цел е корумпирање на христијанските вредности на денешната младина, нели? Ако се впуштиме во подлабока анализа од овој аспект, навидум антихристијански елементи можат да се најдат практично во се - книгите за Хари Потер, Господарот на прстените, Twilight серијалот, цртани како Сунѓерот Боб, Покемон и слично. Всушност, луѓе имаат направено вакви „анализи“, и според нив, на денешниве деца тешко им се пишува. Но, што е со оние деца израснати пред повеќе време - како мојата генерација, на пример - во времето на бајките на браќата Грим, разно-разни стрипови и цртаните филмови на Дизни? Барем ние сме имале нормално детство, без окултизам, маѓесништво и антихристијански пораки, така? Nope. Истите антихристијански елементи можат да се најдат и во сите овие работи, ако се направи истата длабинска „анализа“. Впрочем, побарајте ја на интернет вашата омилена детска книга или цртан филм, во контекст на сатанизам или антихристијански пораки, и шансите дека ќе најдете нечие толкување во оваа насока се огромни. На пример, една од моите омилени детски книги беше „Пипи Долгиот чорап“ и после буквално 3 секунди на интернет, најдов текст насловен како „Pippi Longstockings is the Antichrist“. Што се случува овде? Зарем ниту едно дете не е безбедно од канџите на злото? Можеби. Но, можеби има и поедноставно објаснување. Постои појава наречена апофенија, која всушност е човековата тенденција да пронаоѓа шеми и онаму кај што ги нема. Односно, да пронаоѓа шеми во согласност на сопствениот начин на размислување и перцепирање на светот. На пример, религиозен човек, претерано опседнат со злото, во постојан страв дека неговата вер(б)а е ставена на искушение, и убеден дека злите сили на светот се во завера против христијанството, најверојатно ќе пронаоѓа докази за истото во било која книга, цртан филм или песна која ќе се нафати да ја анализира. А можеби нештата се токму онакви како што изгледаат - Хари Потер е измислена, забавна книга за деца, со која децата ќе се поистоветуваат, соживуваат и ќе ја сакаат - а потоа, едноставно ќе ја прераснат и ќе им остане како убав спомен од детството. Како на мене Пипи Долгиот чорап.
И сега уствари испадна дека ако гугламе име на било кој/а од најпознатите музички изведувачи, политичари и воопшто селебрити персони, или наслов на некој од најпознатите филмови + зборот satanism, обавезно ќе ни излезат како резултати теории на заговор од мрачната страна на интернетот Conspiracies, conspiracies everywhere... Видете, што се однесува до познативе и најмоќни пејачи, пејачки и бендови - јас лично не сум некој огромен фан на најнајкомерцијалните како овие што сте ги спомнале тука (Бијонсе, Кети Пери...), во смисла не им ги рачунам за некој арт во глобала текстовите и не се пронаоѓам во нив... ама и оние верните нивни фанови (во мера на здрав разум, нели ) - мислам дека мнозинството не се задлабочуваат толку, уште помалку па да ги рачунаат за модел од кои ќе примаат некои морални вредности. Само Лана дел Реј и Арктик Манкис eве барем не ми ги чепкајте, ве молам Anyway, она што најмногу ми е некако... неубаво за читање еве да речам - е вмешувањето на наивни работи што ни предизвикувале радост во детството, во ваков контекст на некакви мрачни сили, перење мозоци и сл. Читав и во друга тема за Дедо Мраз - и повторно мислам беше од тебе @A-j-a, дека тоа било погрешно воспитување на децата, па дури и алудирања дека Santa=Satan... сега и за Хари Потер ова (Немој да ме сфатиш погрешно Аја, ти си баш една од оние што со знаење, со култура и трпение ги изнесуваат своите ставови тука, таков впечаток имам од она скромно што сум читала во категоријава, само ќе изнесам поинакво мислење.) Мислам дека ова е големо, ама навистина ептен големо претерување. Тоа се едноставно наивни (да, и ќе си останам на ова мислење) теми од областа на фантазијата, кои децата искрено и чисто ги перцепираат со радост - и кои од дистанца кога ќе пораснат, истите ги гледаат со разнежнување и носталгија. And that's it На таа измислена тематика со магии се базираат и многу други детски (анимирани/цртани) филмови, детски приказни - и, што сега, за што сè треба да се каеме дека сме гледале? No, just no. Дури крипи ми изгледа волку претпазливост и вакво перцепирање секакви безопасни работи како перење мозок и тоа од ваква мрачна страна. Олабавете малце луѓе, не дозволувајте задлабочувањето во истражување на религијата да ви влијае до толку во вакви правци.