1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сатанизам

Дискусија во 'Религија' започната од chocolate...girl, 19 април 2013.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    За да ме разбете зошто цврсто стојам до Библијата? Зошто сама увидов, почуствував, искусив, дека тие зборови се вистина, тој духовен свет за кој Бог низ цело Свето писмо зборува е реалаен и постои.

    Се случи летово, ноќ пред задушница беше, навечер околу 8, 9 саат, значи не спиев, ниту бев легната. На телевизија имаше фудбал, се сеќавам татко ми гледаше, а јас кај мене во соба налетав на видео на еден бивш вештер, човеков си го кажуваше неговоо искуство како од многу моќен вештер се преобратил во христијанин. И една од работите кои ги кажуваше беше дека требало да направи магија, некој окултен ритуал за да умре некоја жена. Вештеров направил, ама нему успеало, пак направил овој пат уште помоќна магија за која женава требала во рок од 24 часа да умре, но пак не успеал. Му се појавил ѓаволот и човеков му кажувал за женава и како не му успева, му викал ајде нешто мора да наравиле , нешто многу моќно, а ѓавот му рекол само да ја остави таа жена мир, на што човеков ама зошто? На што добил одгвоор Бог така кажа. Вештеров е од вештерско семејство па никогаш не ни бил запознаен со Бог, затоа се запрашал кој е овој тип што дури ѓаволов му се потчинува? И тука човеков вика, таа жена да ја немаше Божјата заштита немаше шанси да остане жива. И тука следи големиот момент за мене, слушајќи го случајов таков наплив на возбуда ме обзеде низ цело тело: "Ете никој не е како Бог, па нормално ѓаволот не може ништо, Бог е нај моќен." Нешто во овој стил изустив ама со толкава возбуда и гордост не се опишува дури. На што следеше верувале или не демонски напад, ниту, во легната, ниту во поспана состојба, ниту во темница, ниту пијана (не пијам), ит дрогирана (ни тоа не го правам), пред мој очи од нигде никаде тројца демони, од кој едениот во вид на прозрачна пеперутка ми мафташе пред едното око како да сакаше да ми влезе во окото. Да ја немав тогаш Божјата заштита не ни сакам да помислам што можеше да ми се случи. Фала Му и вечна Му слава што ме чувал и што ме чува секогаш. Си добив фино лепо вредни лекции, никогаш ама никогаш не се гордејте со Бог, ниту Бог ве повикува да го правите тоа, туку да го фалите и славите, не ги предизвикувајте без потреба духовните сили на злото. И што повеќе од ова дека стварно постојат, ова е само едно од низата искуствата кои ми го потврдиле Бог и Светото писмо.

    Девојкава не веруваше во Бог или ќе кажеше со сомневам но повеќе е дека не верувам. Си правевме муабет за Бог, одвреме навреме и кажував за него и укажував каде прави нешто погрешно. Си реков доста и зборуваш нај убаво покажи и диретно самата да прочита за таа тема дека стварно Бог го кажува тоа, па така еден ден кога бевме кај мене и ја отворив Библијата сама да прочита за тоа што и зборував. До тогаш сама на себе ја осеќав моќта на зборовите во таа книга, тоа беше момент кога со свој очи на некој друг ја видов моќта на Божјото слово. Изразот на лицето комплетно и се смени, изгледаше буквално како некој да ја треснал со мокра чорапа. Утредента ми се јави да ме праша на кое место го пишуваше тоа што го прочита. Понатака пак имавме муабети на тема Бог, интересно е што пвеќето она самата ги започнуваше. некогаш баш ја имаше таа искра дека сака да дојде кај Бог, а друг пат да биде целосно ладна. Викаше осеќам голема борба, нешто ме држи, не ми дава. Друг случај, од нигде никаде ми се јавува да ми каже што се случува, но сега веќе е запознаена со тој грев што може да се случи, и ме прашува, "а што викаш ти?, што мислиш за ова?" и кажав само "го знаеш одговорот", ми врати: "е ова сега не ти требаше, знам дека е така, но...не скав ова да го слушнам". Друг случај пак кај мене имав случајно пуштено Божји песни, другаркава ми вика, еј знаеш дека убаво ми дојде на душа, некако блесна девојчево се расположи, почнува да ми кажува некој случки што и се случуваат (тема за Бог) почнуваме разговор, јас се надоврзувам на неа и почнувам да и кажувам што Бог не учи во врска со муабетот и само ја слушам, вика "чекај, незнам што се случи но нешто наеднаш ми го блокираше мозокот", иначе ова и се има случувано неколку пати и тоа баш секогаш кога правиме муабет за Бог. А еднаш пак, во таков разговор ми вика: "слушаш?" jaс: "Што тоа?", она: "Не слушаш како некој да грчи?" јас: "Не, ништо не слушам." она: "леле колку чудно, слушам дека некој ми ржи во глава?!" По месеци стигнавме до тоа да ме изненади дека сака да ја купи Библијата, ја нема сеуште, но мене не ми се ни веруваше дека ќе дочекам да го слушнам тоа од неа. Се надевам дека што побрзо ќе се избори и ќе ужива во компанија на Бога.

    Не дојдов до Бог ни јас преку ноќ, пред тоа имав духовна борба која ја поминав, а интересно е што се започна кога пред неколку години имав желба да ја купам Библијата, но тогаш злото си го направи своето да ме спречи, но од друга страна сега го согледувам Божјиот план кој се одвиваше цело време, како Он чекорче по чекорче ме донесе до Него. Само обидете се да одите кон Бог и ќе видите дали тие духовни суштества ќе седат мирни и само така лесно ќе ве пуштат од нивните канџи. или ќе добиете борба со нив. Ако кога и да било спознаете напад, само повикајте го Исус и ќе видите како за секунда изчезнуваат, Тој е најголемото оружје и заштита, сами нема шанси да се борите против нив.

    Се надевам барем малку ќе ви стане појасна таа моја голема љубов и почит на еден карактер како Бог. Ве разбирам дека моите постови ви изгледаат како тотално претерување и драматизирање. Кога би се ставила на ваше место и мене би ми изгедале така, т.е на старата Аја сигурно. Бидете ми благословени и поздрав до следната "драма". :)

    Во продолжение видеото ако некој го интересира, и да не верувате,е многу интересно онака да го гледате ако ве интересираат натприродни работи. Има и хрватски превод на видеото.
     
    На Таа Сум, sonuvana, Chica.Loca и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Да, многумина велат дека се претерува, еве за Хари Потер на пример, но Ѓаволот не е наивен. :) Толку многу пукнатини нашол и се протнува и во најмалата, да ги заведе луѓето на секој можен начин. Секако, кој не искусил не може да знае... затоа некои викаат дека јас сум се сменила, па дека сум трол... Не, си знам јас во животот што правам и низ што минувам. :) Значи не мора да се суди. Оној што не доживеал нешто не може да го разбере и му изгледа наивно. @A-j-a твојата другарка има една голема борба и долг пат пред себе, го знам јас тоа многу добро. :) Давај и ја твојата поддршка, тешко е сам да се почне. :)
     
    На Orthophill, sonuvana, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    На ова би додал дека нема никаква магија во изговарањето на името Исус на македонски или било кој друг јазик. Џабе некој ќе ги изговори тие 4 букви (во македонскиот јазик), ако не го познава Исус и ако Исус не го познава него/неа. Еве една случка од Библијата баш на оваа тема....

    „А некои од Јудејците, кои скитаа и ги заколнуваа духовите, почнаа да го повикуваат името на Господа Исуса, велејќи им: „Ве заколнуваме во Исуса, Кого Павле Го проповеда!” Тоа го правеа седумте синови на некој си Јудеец Скева, главен свештеник. Но лошиот дух во одговор им рече: „Го познавам Исуса и Павле го знам, но кои сте вие?” И човекот во кого беше лошиот дух, скокна на нив, ги совлада сите и покажа против нив таква сила, што голи и ранети побегнаа од таа куќа.“ (Дела 19:13-16, Библијата)
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Баш тоа е многу христијански. Нели Бог е еден? Зошто би се залагал за понатамошни поделби наместо за обединување и еднаш за секогаш бришење на омраза и возгордување по религиска основа?
    Кога ќе ги видиш основите на сите овие религии, ќе забележиш огромни сличности. Што, Бог ги испраќа повеќето души на светов во демонски религии а само некои одбрани во православие?

    А-ј-а, те забележав и во другата тема... Верата носи до смирение, толку ќе кажам. А вакво опсесивно барање на демони во се’, не знам ни како да го наречам.

    Хари Потер, Дедо Мраз, сите книги, сите пејачи, сите уметности... А Бог во што се јавува? Му остави нешто Нему?
    Претера.
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На *Amethyst*, Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.067
    Само ова сакам да го искоментирам.
    Не може да биде една религија никогаш, ако се мисли на една обединета.
    Темелот на христијанската вера е Исус Христос, Спасителот и Господ.
    Затоа веруваме, затоа се надеваме. Апостолскиот симбол на верата е едно нешто кое е темелот на сите нас христијани, без разлика дали припаѓаме на православна, католичка, протестантска и некоја од христијанските деноминации.
    Тоа е нешто што не издвојува, така се браниме од ереста, без разлика што и сега сите се многу јадеме помеѓу себе ради разликите, ама сепак имаме основа заедничка.

    Да, сите религии имаат нешто слично, само христијаните го имаат Исус кој е вистината, патот и животот вечен.

    Само што и некоја друга религија верува дека неговата е единствениот, вистинскиот пат.
    Јас верувам дека мојата е вистинска, христијанин си ако си следбеник на Христос и не можам да правам компромиси со тоа. Да можам, немаше да сум верник.

    Секоја религија повикува нови следбеници, тоа е поента и цел, како ислам што сака сите да ги исламизира, христијаните од првиот век работеле на споделување на христијанството.

    Едно свештено лице не смее да повикува на една религија. Може и треба да ги почитува другите, ама како е можно да станат сите една религија, освен ако не мисли сите да бидат католици, зошто ете и самиот е католик? Да веруваат и му служат на Бог на негов начин начин?
    Или да направат еден посебен бог за сите религии и така да ги обединат? Тоа е методата на антихристот тогаш.

    За темата: сатанизам е се она што го правиш и гледаш, го обожуваш, а е спротивно на природата на Бог.
    Се нарекува сатанизам затоа што дури и несвесен за тоа, гледајќи порно филмови например, го прославуваш оној од кого тоа доаѓа. Сатаната е оно спротивно од Бога, она на што му придаваш значение, а не е побожно.
    Песните кои во своите текстови раскажуваат за превари, за лагите, за исмевањето, или било што друго лошо што поддржуваат се сатанистички на некој начин.

    Ние живееме во светот и не можеме да се одвоиме од светот, ама според совеста, може да бираме што ќе гледаме и што ќе слушаме.
    Знам луѓето на кои и сметаше неодамната мода за мали деца, костурските глави како апликација по гардеробата, сметајќи дека на тој начин го обожуваш сатаната, прокламираш сатанското, нели костур = смрт итн. дури и несвесно.
    Некој па не смета дека тоа е така и не му придава толкаво значение. Не би судила за нечија совеста, секој според неа нека прави, ама ако некого соблазнуваат овие работи нема да му кажувам дека тоа е во ред, ќе го почитувам тоа.
    Секој избира до кое ниво ќе оди и не треба да кажуваме некому дека забегуваат. Не дека нема и такви де.
    Па како е настанало монаштвото, првин она еремитското, сам одвоен од сите?
    Така што луѓето не можеле да се носат и им сметаа грешниот живот по црквите па се одвојуваа да живеат сами, по пустините.
    Можеби за некого тогаш тоа беше претерување, за некого беше позитивен предизвик, додека остануваа во светот да се трудат да живеат по богоугодан живот. :)

    Баба ми назаренка, арно правило имаат да немаат телевизори ни радија дома :)
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На Таа Сум, A-j-a, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Скај, и јас верувам дека Исус Христос ни го дал правиот пат, нам -- христијаните.
    Но исто така верувам дека и муслиман, и хиндуист, будист, католик -- секој доаѓа во допир со Бог. Имало причина што Христос им бил испратен на Евреите, а на други Бог им се јавува на други начини.
    Не верувам дека сите други слугуваат на сатаната, едноставно затоа што тоа не во склад со мојата замисла за Божја милост и сеприсутност. На некој начин, Божја недискриминација. :D
    И токму во тие поделби и неразбирањето на тоа дека секој од другите религии исто така нашол начин да биде во контакт со Божјото -- оттука произлегуваат многу проблеми во светот. Според мене, секој добива духовен повик порано или подоцна. Ако го препознае Кинезот од некое заборавено село духовниот повик, ќе бара начини да го задоволи со вредности што му се блиску. Нема да чека православен проповедник за да му ја пренесе вистината. Ако е добар во согласност со неговата религија, верувам дека ќе му биде судено како на добар човек, не како на грешник. Затоа реков -- основите се многу блиски и во суштина се сведува на тоа, да бидеш добар човек за другите и за себе.

    Да зборуваме за сатанизам како за свесно градење на култ е една работа. Друга работа е да го бараме злото во се’ околу нас и да пишуваме беседи за Хари Потер, како неслучајно е замислен како лик кој наведува деца на грешниот пат. Оваа друга работа не знам ни како да ја наречам, ама на духовност и смирение не ми изгледа.

    Во врска со монаштвото -- тие се осамуваат и веруваат, го наоѓаат Бога во осаменоста. Тоа е присутно и во други духовни дисциплини, патем. На Тибет истото го прават. Христијанските монаси не одат по луѓето да им проповедаат дека се’ што прават е грешно. Поуките од старците се со многу поинаков пристап од овие параноични заплашувања што ги читаме по портали.
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На Meckicja, *Amethyst*, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Еве јас дека планирам да станам пејач во Америка, за некои 5 години ќе ви пишам што и како правиме со песните. :P

    Не ми е верно тоа додека се пишуваат песните дека некој ќе седне и да мисли истовремено наназад како ќе се слуша. Мислам, треба време и време за тоа, па и дали ќе биде воопшто успешно. :')
    За албумот на Бијонсе. Точно е тоа дека се спомнува религија, ама не и сатаната конкретно. Она кажува како била разочарана од Господ, демек кога највеќе и требал, тој не бил со неа. Се мисли на тоа кога Џеј Зи ја изневерил. Исто така за нерамноправноста на црнците.
    И јас имам многу читано на оваа тема, иако не верувам баш кога знам сѐ што може да измисли човечкиот ум. Во денешно време достапноста на интернетот е толку голема, што можам да седнам на јутјуб и цел ден да правам видеа со вакви приказни.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.067
    @LivingGlam :)
    Јас не зборувам од моето мислење, јас зборувам за основите на христијанската вера.
    Христос не бил испратен само на Евреите, тој бил испратен за целиот свет, за секој што верува во Него да има вечен живот.
    Тој дојде во телото од Евреите, а јудаизам е како основата на христијанството, ние сме накалемени на јудаизам.
    Ние не го отфрламе Стариот завет , самиот Исус му дава авторитет, колку и да мислиме да е поразличен од Новиот Завет, тој всушност беше припрема за долазак на Месијата, пророчки писма, јудаисти го очекувале, само не на начин на кој што тој избрал да дојде и донесе спасение.
    Тие очекувале моќниот цар кој ќе го сруши императорот и римската власт под која тие били тоа време и ќе ги ослободи, а Исус дојде да ги осободи - ама на поинаков начин.
    Потоа јасно покажа и кажа дека дојде за сите, за целиот свет.
    Библијата вели:
    И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“ еван.Матеј 24-14

    Тоа е Божјиот план, во Библијата пишува, сите да го слушнат Евангелието и сите да се спасат.
    Вероватно оној што нема да го слушне ќе му биде судено според другите стандарди а не спрема слушнато, не знам.
    Ама религии различни не се од Бога, дури ни поделбите на православното, католичко, протестантизам и деноминациите, до 1054.година постоеше само една сеопшта (католичка ) црква, кога се случи расколот. (Ова "католичка" не се однесува на Католичка црква која ние ја познаваме денес, туку тогаш тоа беше само израз за општата црква).
    Целта на Црквата беше споделување на Евангелието и на тогашните пагански народи и различни религии кои постојаа
    и тогаш и ќе постојат до крајот на светот, да го слушнат Евангелирто, да се покајат и крстат :)

    Бог сака сите преку Исус да се спасат, впрочем тоа е и целта на неговото доаѓање. Да можевме да се спасиме преку добри дела не требаше да го имаме Спасителот.
    Делата се битни, ама делата треба да произлегуваат од вера во Христа.
    Оти накрај, никогаш не можеме да бидеме доволно добри и совршени, за да можеме сами да се спасиме. Ни треба Христос, верата во Неговата жртва, тоа е она зошто сме христијани всушност :)

    За монаштвото зборувам од христијанскиот аспект, да, осаменоста за да можат да се сконцентрираат на духовното, да не ги попречуваа телесното, она што гледат, она што слушат, да не паѓаат во искушенија, да можат само да се посветат на Бога, мада и како осаменици искушенија пак доаѓаат.
    Читајќи за првите осаменици, замисли тие се врзувале со палмини лисја за да им се отвораат гнојни рани кога се бореја со искушенија, еден се фрлал во трње, а бил монах веќе, кога му доаѓаше помислата на жена, за да си го казни телото, а замисли колку искушенија се тогаш во светот.

    Се она што е спротивно на Бога е имитација Негова.
    Уште од она што знаеме и веруваме ние. Луциферот сакаше да биде како Бог, беше ангел, се возгордеја, беше исфрлен од рајот.
    Библијата вели дека тој е кнез на овој свет, тој и неговите демони, Библијата исто така вели дека и тоа што тие го прават не проаѓа без знаење и контрола Божја.
    Тоа не е Божјата волја, ама има времето кое е веќе одредено и кога Луциферот, Сатаната, Ѕверот, Ѓаволот, како год да го наречеме, ќе му дојде крајот. Му е одреден крајот веќе.
    Библијата вели и демоните веруваат дека Исус е Син Божји и треперат од страв.

    Сега... не можеме во се да гледаме и бараме теории на заговор секако, таквиот живот ќе ни биде измачување, сепак треба да се оградуваме и да си го знаеме вистинскиот став на верата... јас имам пишувано за Дедо Мраз исто така, сепак донекаде во светот си во компромиси бидејќи ќе треба да избегаш од него, ама ете Исус кажа Неговите ученици да бидат сол и светлина на светот ( значи да споделуваат), оти што е полза од солта ако стане бљуткава? :)

    А сега култот на сатанизам (не го отворив линкот додуша) постои, што прават не знам, вероватно нешто зло :D

    Не можев пократко, и ова е најкратко.:)
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На A-j-a, sonuvana, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Точно дека Исус бил тука за целиот свет, за да ги искупи гревовите на целото човештво, дури и на тие што не се воделе по Стариот Завет. Така е или се лажам? Aма има голем проблем ако мислиме дека само тие што слушнале за него и се согласиле можат да бидат спасени. Поголем дел од човештвото нема да биде, само затоа што не се православни (ако тргнеме од чисто православна гледна точка). Од православните дали 1% ќе биде спасен, само затоа што останатите биле заведени од Хари Потер, Дедо Мраз, Бијонсе... со еден збор Луциферот. Проблем.

    Кога веќе сме кај монаштвото, ајде те молам прочитај го ова. https://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Orthodox_Church#Hesychast_controversy
    Ќе видиш дека практиката на монасите во изолација не била прифатена од официјалната православна црква на почеток. Имало и таканаречено 'судење' по ова прашање на синод. In 1351, at a synod under the presidency of Emperor John VI Cantacuzenus, Hesychast doctrine and Palamas' Essence-Energies distinction was established as the doctrine of the Orthodox Church. До овој момент, оваа практика се сметала за забеганост. Ако тогаш било одлучено поинаку, или ќе изумрела или се’ уште црквата ќе не’ учеше дека овие се забегани, само затоа што се поврзале со Христос на начин кој официјалната црковна практика не го одобрува. Веројатно ќе ги обвинуваа за сатанизам. А всушност, и тие се спасуваат преку Христос.

    Тука го гледам проблемот - во моќта на луѓе да одлучуваат кој правилно верува а кој не.
     
    Последна измена: 23 јануари 2017
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Луѓето секако се грешни и тие немаат моќ да ги знаат тајните Божји.
    Но, колку повеќе духовно раснеш, стануваш се поосетлив за светот кој те окружува и стапиците кои лукавиот ги поставува пред тебе.
    Често се заводливи и навидум наивни и симпатични. Како Хари Потер, на пример.
    Не ми е јасно зошто гнев за нешто што @А-ј-а го сподели како дел од сопственото искуство, а на еден топол и пред се искрен и ненаметлив начин.
    Вистинскиот верник не треба да суди, но повикан е да расудува и раскажува за својата вера.
     
    На Таа Сум, Sky-butterfly, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Не може да бидат сите еден ист Бог, кога некој ти кажува како се вика по тоа го знаеш. Јас сум Аја, не сум на пр. Трајанка ниту можам да бидам, како што ни Трајанка не може да биде Аја. Мислите напразно ја кажал Исус молитвата Оче наш да се свети Името Твое...чие име? Чие дете сте на кое семејство припаѓате, на две или повеќе семејства одеднаш не можете.

    - Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Тој, Бог, Кој и даде облик на земјата и Кој ја создаде, Тој ја зацврсти, не ја создаде пуста, Тој ја создаде за живеење, Тој вели: Јас сум Господ и нема друг. (Исаија 45: 18
    - Пред мене немаше Бог, и по мене нема да има. Јас сум Господ, вашиот Светец (Исаија 43: 10,11)

    Ајде да видиме дали Исус и Алах се сепак еден ист Бог, што велат тие за себе:
    Куран
    - Qur'an 3:54—And they (the unbelievers) planned to deceive, and Allah planned to deceive (the unbelievers), and Allah is the best of deceivers.
    - Qur'an 7:99—Are they then safe from Allah's deception? No one feels safe from Allah's deception except those that shall perish.
    - Qur'an 8:30—And (remember) when the unbelievers plotted deception against you (O Muhammad), to imprison you, or kill you, or expel you. They plotted deception, but Allah also plotted deception; and Allah is the best of deceivers.
    Свето писмо
    - Јас сум Господ, вашиот Светец (Исаија 43: 11)
    -
    “Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот небесен Татко.” (Лука 6:36)
    - “Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.” (1. Јован 1:9)

    Е сега Бог светец е, или измамник? Помислите дали го хулиме Бога викајќи го едно со измамник. Со ова не ги напаѓам муслиманите, има и кај нив прекрасни луѓе како и секаде по светот без разлика во што и да веруваат или не веруваат воопшто, секој има избор да биде или добар или лош, секој од нас има совест кој му кажува што е добро, а што не. Да видиме што Бог ни кажува кој е измник и татко на лагата?
    - “Вашиот татко е Ѓаволот, и вие со задоволство ги извршувате неговите желби. Тој беше човекоубиец од почетокот и никогаш не бил на страна на вистината, зашто во него нема вистина. Кога лаже, тоа произлегува од неговиот карактер, зашто тој е лажго и татко на лагата.” (Ев. Јован 8:44)
    -
    “Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на Мамон.” ( Матеј 6:24)
    __________________________________________________________________________________________

    Ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок
    , о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблуам од устата своја! (Откр 3: 15,16)

    Дали со овој стих Бог ни кажува, прифаќајте си го тоа што ви одговара од Мене, а за другото што не ви се допаѓа, ви делува безсмислено, прајте си компромиси со светот за да не ве прават будали и седете си на две столчиња. Или Бог бара од нас послушност, исто како Исус што му бил и му е послушен на својот и наш небесен Отец? Не можеш да бидеш млак во верата, или си со Бог или си против, средината е полоша, зошто е крајно лицемерна. Навистина моралните стандарди на Бог се многу високи и најверојатно ретко кој ги достигнува, но тоа не треба да не спречи да работиме на себе, чекорче по чекорче. Бог вика секој што го бира мојот пат има сила, прашањето е дали сакаш, кон кого љубовта во тебе преовладува, кон Него или кон светот? Бог никој не присилува, пример што ќе бара пијаница во рајот кај што нема алкохол, он таму би бил нескреќен, што ќе му е да живевее со Бог, кога се до крајот на живот бегал од Него.

    Пример дека може да се живее свето и да се биде послушен на Бог можеме да го видиме на пр.по светците, секој од нив е прекрасен пример за огромна вера и љубив во Бога. И не само они, и вие и јас можеме да бидеме светии во очите на Бог, доколку ги пазиме двете заповеди што ни ги дал Господ Исус Христос, а останите заповеди се содржат во тие две. Дали овие луѓе ги сметате за ненормални, дека нешто им фалело, дека претерувале, се обседнале со Бог или баш напротив ги славиме? Општо најголем проблем на верниците, што не им се допаѓа, е тоа дека треба да бидат послушни, да се потчинат на Бог, да се дисциплинираат, е не е лесно тоа. Лесно е да си кажеш, ова што ме учи Бог е премногу за мене, некако претерано ми делува, секако не можам, еден живот имам ќе си го проживеам како сакам. Бог е секако љубов ќе ми прости. Но дали треба да си лежиме на тоа уво кога веќе се декларираме како верници?

    - О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ, да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог. (Мих 6: 8
    - Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. (Јк 1: 22)
    - Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си си посее човекот, тоа и ќе си жнее. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел, а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот. (Гал 6: 7,8

    И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците? (1Птр 4: 18

    __________________________________________________________________________________________

    Од кога стана опседнато и забегано да му кажеш на некој во што веруваш и да му ја кажеш радосната вест за спасението? Не во нападен стил на Јеховини сведоци, туку нежно, полно со љубов, разбирање и смирение? Што ви е помило да имате можност да спасите една душа или да си ќутите кога имате можност да му кажете на некој за Бог, само за да не бидете декларирани како забегани? Го сакате ближниот како себе? Бог направи за нас премногу, а што ние правиме за Него?
    - “Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!” (Дела на апостолите 4:12)

    __________________________________________________________________________________________

    И јас сум против да се делиме меѓу себе на православни, евангелисти, католици, протестанти итн до недоглед кога Бог и Светото писмо е исто за сите нас. Лага е дека православен има предимство пред останатите или било која друга христијанска црква. Ниту Бог не го бара тоа нас, туку напротив не повикува целиот Негов народ да биде во единство.

    - А најпосле, бидете сите еднодушни, сочуствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни, не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов. (1Птр 3: 8,9)
    __________________________________________________________________________________________

    Христијани не создавајте слика за Бог каква што на вас ви одговара, тоа не постои. Бог јасно го изнел својот карактер, поуки, и барања од нас. Некогаш и јас го правев ова не сваќајќи дека создавам "вистина" што мене ме тапша по рамо, и ми ги скокотка ушињата, но истата ме носеше духовно во погибел. Јас многу добро ја знам состојбата на жив мртовец, и што значи во таква состојба Бог да ти ја пружи несебично Неговата рака полна со љубов и милост за да те оживее. Фала Му и слава Му!
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    А-ј-а, немој со поединечни цитати, те молам. Тие добри муслимани, што мислиш зошто се добри? Затоа што од негде тоа го научиле и добиле такво наследство, а не од Библијата. Има и во Библијата делови кои можат да се вадат од контекст, и нели се гневиш кога ти ги цитираат вон контекст?

    Јас сум Господ и нема друг. (Исаија 45: 18
    - Пред мене немаше Бог, и по мене нема да има. Јас сум Господ, вашиот Светец (Исаија 43: 10,11)


    Тогаш што? Еден е, за сите. Тој Бог го чува и муслиманот и будистот и тој што не верува.

    Ова сама го напиша. Ајде сега размисли сама - дали е во ред монасите, за кои ставив линк погоре да биле осудувани и буквално судени како отпадници од верата само затоа што некои горе во хиерархијата ги сметале за отпадници без да ги разберат? Нив Бог им се јавил на начин што Црквата не го пропишувала, не го разбирала.

    И уште нешто да те прашам. Кога ќе дојде пак, што мислиш, Црквата ќе го прифати со отворени раце? Како ќе го препознаат? Мене ми изгледа поверојатно дека ќе се случи Големиот Инквизитор. Затоа што, учењето на Исус било револуционерно кога ќе го споредиш со Стариот Завет и верувањата на Евреите тогаш. Затоа што самата вера еволуирала. Повеќето не Го препознале, затоа што им верувале на толкувањата на други, на официјалните. Кога ќе дојде пак, што мислиш, ќе го повторува Новиот Завет? Нормално не можеме да знаеме што и како ќе биде, но ме интересира што мислиш.

    Јас не прифаќам други богови и толкувања како што сакаш да прикажеш со твоето мислење. Ама не можам да верувам слепо. Верувам затоа што верувам, со срце и душа. И верувам дека Бог е еден, за сите. Колку што е за тебе, толку е и за мене и за Кинезот од заборавеното село.

    И кога веќе го стави цитатот со млаки и жешки верници, што мислиш, што значи жешко верување? И зошто си го протолкува баш во овој контекст, дека се мисли млаки се тие што го почитуваат начинот на кој други веруваат? А твоето е жешко?

    И погоре не напишав дека светците биле ненормални. Напротив, имале вера со смирение. Таква каква што требало да биде. Мило ми е што си имала духовно искуство и тоа те направило добар верник во твоите очи. Ама не заборавај - не си единствена со такви искуства.
     
    На *Amethyst* и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Не сакам да прикажам твое мислење во поинакво светло никако, ти се извинувам јас погрешно те разбрав дека за тебе Бог е исто со другите богови, моја грешка. Убаво што не веруваш слепо, и јас не верувам слепо при неколку духовни искуства и настани од мојот живот, ако индиректно сакаше да ми кажеш дека мојата вера во Бог е такава. Знам во што верувам. Мислите немам попаметна работа, па тука ве лажам за моите искуства само затоа што на вас ви делуваат бесмислено, ондак илјадници луѓе во светов лажат? Со години сум на форумов па зар сега ќе ми текне да изигравам трол.

    Ливиниг се согласвам со тебе, точно дека Бог е Бог на сите тоа и Он ни кажува дека е и на тие што се незнабошци и на тие што не го почитуваат. Но исто така низ настани во Боблијата, гледаме дека Бог се гневи кога луѓето се залажуваат по други “богови”, како што било на пр. со Ваал и затоа преку пророците ги предупредувал луѓето да не го прават тоа, во спортивно ќе ги казни. Дека на Бог му дошло преку глава од нашата непослушност, тоа можеме да го видиме најмногу со потопот, после предавањето на неговиот народ под вавилонско ропство и распрчкување на истиот народ по земјата. Кога биле израилците нај jaка држава во свет? Кога му бле послушни на Бог, кога се консултирале и барале Благослов од Него. По сето тоа можеме да видиме дека Бог сака послушност и дека казнува со цел да не опамети. Дека Бог , Кришна, Алах се исто, не се, како што ни во минатото не бил исто со Ашера, Ваал, обожувачите на сонцеето итн. Па со сите тие казни упорно тоа се обидува да ни го каже. Ако знаеме дека Бог го создал светов и луѓето и дека постоел уште пред светов, тогаш не можеме да кажеме дека нема врска дали е Шива, Ашера или Исус, се тоа е исто. Затоа има име по кој го познаваме и по чие се нарекиваме да не знаат дека сме Негови синови и ќерки, а не на создадени “богови” од после. Вистински прашања тука се кој ги создал тие вери и зошто се создавани, која е целта?

    Од кај знаат што е љубов луѓето од другите религии и нели како што сама кажав има полно добри и прекрасни луѓе. Знаат, за љубов зошто тие религии се создадени со мешање на вистина и лага. Тоа е најдобрата ѓаволска измама. Извинете, колку и да не сакте да слушате за него и ви делува како претерано, мора да се спомне. Ако верувате во Бог, а не верувате во спротиставената духовна сила на Бог, размислете дека и Бог е духовно суштество, т.е. е дух. Кога знаеме и имаме очевидци дека Бог се отелотворил на земјава, и истиот Тој ни зборуал за тој духовен свет и самиот бркал демони од луѓе, зошто не Му веруваме прво на Него, а после и на очевидците? И како што погоре кажав секој човек без разлика во што и да верува или воопшто не верува, ја има совеста, тоа гласче во нас што ни збори дали е нешто исправно или не. Сите имаме слободна волја да избереме на пример дали ќе посегнеме да крадеме или не. Бог ги гледа нашите срца, па така ќе ги гледа и на судот нашите дела кои произлегле од нашето срце. Затоа не гледам зошто муслимани, кинези, индијци и било кој не би ја добил Божјата милост. Имаше нешто и за оваа тема напишано во Библијата но ко за инат не можам да го најдам од преге тој дел, а баш ме интересир да се потсетам.

    За монасите си во право, токму од човечките прописи и правила пропатуваат луѓе. Имаш право и дека мнозина токму од Божјиот народ не го познале Бог зошто слепо верувале на тогашните книжници, наместо внимателно да ги проучуваат самите писма. Иста ситуација е и денска, повеќе се верува на попот отколку на самите Божји зборови во Светото писмо. А за второто доаѓање на Исус како што знаеме сите ќе го видат, тоагаш ќе дојде за да суди, а не за да ни го повторува истото од минатиот пат. Тоа е карјот на овој живот па така никој не би имал забуна дали е тоа Бог или не, но пред неговото доаѓање Бог однапред не предупредил дека ќе се појават некои што ќе се преставуваат како Него и многу ќе поверуваат во тоа.

    Не сваќам зошто мислиш дека стихот со млакоста е изваден од контекст? Тој стих го пишува каде Бог се обраќа до верниците. Многу добро е да сме врели во нашата вера и љубов кон Бог и љубовта кон луѓето, иначе зошто во Божјите песни би се воспевал душевниот оган, возбуда, душевна старст и жед за уште повеќе од Бог. Млако е на примр кога Му викаш на Бог, верувам во тебе и те сакам, ама веруваш дека човекот настанал од мајмун, а не дека Бог те создал, во нешто верувам, во нешто не. Тоа е лицемерно, затоа ладните се подобри, тие барем не Му прават лице. Тогаш Бог џабе труби низ цела Библија знам дека ме сакаш ако ме слушаш.

    - Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: “Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене, но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.” (Мт 15: 7-9)
    - Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби, а кој Ме љуби мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец, и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам. (Јн 14: 21)

    Јас воопшто не се сметам за жежок верник, бебе христијанче сум, но го бирам Бог и сакам да растам духовно, да се трудам да работам на себе. Не се сметам себеси во мојте очи за голем верник како што ти викаш дека сум се сметала, да беше така немаше тука сурово искрено да ви ја оворам душата и да ги укажувам моите грешки. Точно, нит сум единствена, нит моите искуства се нешто посебно во споредба со искуства на други луѓе, моето е само уште еден случај плус од илјадниците вакви искуства. Според реакциите можеби ви звучам вообразено, дрско па дури и троловски на повеќето. Сакав да ве охрабрам како што и апостол Павле ги охрабрувал луѓето со своето искуство. Како што и мене ме охрабруваа и ми ја топлеа душата слушајќи ги искуствата на луѓето ширум светот. Штета што тука луѓето не се отвараат за своите искутва, веројатно нај многу од стравот да не ги исмеваат. Ве замолувам уште еднаш да не го сваќате моето искуство како наметнување, не ни сакам да го правам тоа, само си ги изразувам моите гледишта и размислувања. Ви се извинувам ако некој се најде навреден, повреден или сум предизвикала било какво негативно чувство, ако е така тогаш посочете ми, а јас ќе се потрудам да се изразувам многу поблаго исто и за искуствата ако ви сметаат, ќе престанам да ги спомињам.
     
    Последна измена: 26 јануари 2017
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Кога бев дете, додека постоењето на Бог сеуште не ми беше целосно неверојатно, и јас размислував за проблемот на постоењето на повеќе религии. И моето размислување беше слично на она на @LivingGlam – ако Бог постои, тогаш мора да е само еден – а различните религии се едноставно различно толкување на Него и на неговата волја од страна на различни групи на луѓе. Затоа што, колку и навидум да се разликуваат, сите светски религии, од антиката наваму, се залагаат за слични позитивни човечки вредности и смислата на секоја религија е човекот да го направи подобар од она што е.

    Замислата дека секоја нехристијанска религија е сатанистичка и дело на Ѓаволот е исто толку парадоксална колку што е и одбивна. Одбивна, затоа што е дискриминаторска, а парадоксална, затоа што многу од религиите на Далечниот исток се всушност постари од христијанството.

    Конечно, ако баш христијанството е правата и единствена вистинска вера, дадена од Бога, тогаш Исус требало да ја направи својата објава во светски рамки, а не во тесно ограничен географски простор на Блискиот исток. Зошто да ги обвинуваме американските цивилизации, домородците од Австралија и народите од Далечниот исток за сатанизам, кога за христијанството дознале дури 15 века по неговото настанување?

    На оваа тема, ми се допадна одговорот на еден католички свештеник на прашањето „Дали атеистите и припадниците на другите религии можат да одат во рајот по смртта?“

    „ Рајот е наменет за сите добри луѓе, кои живееле праведен живот, без разлика на која религија припаѓале“.

    Кога би бил верник, најверојатно ова би било нешто во кое би сакал да верувам.
     
    На Lolo5, Zlatna12345, blueeparadise и 7 други им се допаѓа ова.
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Malce zvucis kako Jehovin svedok:D bez navreda nemam nisto protiv niv sekoj so svoite mislenja i prava :D
     
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    @biGirl искрено ти благодарам што ми укажа дека со начинот на кој ги искажувам моите размисливања и согледувања дека ти звучам како јеховин светок, не сум тоа нит сакам да сум. Ова покажува дека чим така звучам значи ми фали многу повеќе смирение, трпение и љубов во моите ставови, ќе се потрудам. Ти благодарам :)
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Каде се склучува тој купопродажен договор на душа? И јас сум во потрага по слава, пари и моќ :inlove:
     
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Имаме ние во сектава нешто брошури за тоа :devil:
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не сакам брошури, каде е договорот што треба да се потпише, Мефистофелу?
    Направете ме новата Мадона (zilmer):*::cash: она е и така веќе буквално стара. Ако сум те помешала, don't waste my time
     
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Aко продолжиш да истражуваш на духовен план, еден ден секако ќе добиеш понуда за договор.
    Бистра си, ќе ја препознаеш.
    Само и понатака осознавај и учи, ќе биде.
    Многу несвесно го потпишуваат тој договор, но верувам дека ти свесно ќе одбиеш, без оглед на сегашните твои ставови.