Ние сме организација со скромен буџет и немаме пристап до Принцот на темнината лично, кај нас се мотаат некои треторазредни демончиња и ѓаолчиња, неаме таква понуда Нешто за локалнава естрада може ќе се најде ама знам дека не те интересира тоа
Од секташи и сатанисти стојам што подалеку.Некои типци или типки ако видам дека фураат некој тежок металски фазон од типот на цена коса црн кармин црн аутфит.Тетоважи и пирсинг исто.Во последно време нема такви среќа,овие се заглавени ептен.Атеистите не ми сметаат имам другарки и другари атеисти.Само ме нервира кога ќе почнат за дробат дека Господ не постои дела во црква не би влегле ни под разно итн.
Не знaм мнoгу зa сaтaнизмoт, aмa дaлеку е oд јaдење луѓе, убивaње нa фaмилијa, бaњaње вo крв oд кoзa и сличнo. Всушнoст, сличнo е кo oстaнaтите религии. Имa нa BuzzFeed видеa сo сaтaнисти и приличнo се нoрмaлни луѓетo.
Не може да е нормален некој што е сатан извини вака.Еве не мора да веруваат во Господ ама да веруваш во Ѓаволот е да веруваш во злото..
Сaтaнистите верувaaт вo некoи пoпрoсти рaбoти. Рaбoти кoи нa некoј нaчин ни се дел oд секoјдневиетo нa сите. Прoчитaј мaлку пoвеќе и ќе видиш декa ќе се прoнaјдеш вo мнoгу рaбoти. Не верувaaт вo злo, не се мoлaт секoјa вечер дa дoјде крaј нa свет, не прaвaт лoшo никoму.
Мене би ми била пологична дефиницијата за сатанизмот, како начин на живот. Без некои посебни драматични последици како во филмовите. Сатанските Библии на времето, биле многу поконтраверзни, отколку што е тоа случај денес. Модерниот сатанизам има пореалистично и порационално гледиште. Акцентот во сатанизмот, е повеќе насочен кон човечката слобода. Секој човек е Бог на самиот себе. Секако дека од истиов постојат различни струи и движења, но тие не се неминовно поврзани. Поекстремни претставници на истиов, употребуваат симболични ритуали и прославуваат одредени фестивали. Но нема јадење луѓе, нема човечки жртви. Сатанистите ги имитираат најпродуктивните карактеристики на митолошката фигура и го отфрлаат остатокот како пропаганда против сетилното. Всушност, низ вековите, се што не било во согласност со мислењето и делата на луѓето, било карактеризирано како сатанистичко дело и зло. Секој што има спротивно мислење од јавното мнение, е сатанист и треба да гори на клада. Злодела во име на сатанизмот, се всушност дела на култови, кои излегле од првичната филозофска дефиниција и официјалната рамка на истиот. А сатанизмот се оградува од нив. 666.
Сатанистите се хипстерите на христијанството - премногу кул за да веруваат во нешто мејнстрим како Бог, но недоволно хардкор за да не веруваат во ништо.
Мислам дека многумина се сретнале со сатанист а не биле свесни за тоа, зборам за оние кои декларативно се поклониле на сатаната а ги има насекаде, во институции, во фамилија, на тв, колеги на работа итн. Јас случајно открив за мои роднини дека се сатанисти али буквално сатанисти кои прават ритуали, најдов кај нив скрипти со инструкции а вака добро ситуирани, високо образование, угледни професии, џабе им е се а пред некое време исто дознав за уште еден ултра сатанист кој што има дури и страница за луцифер на социјалните мрежи и тоа мртов озбилен го обожува ѓаволот е после тоа ништо веќе не може да ме изненади.
Обожувањето на ѓаволот во минатите векови се појавило кај луѓе разочарани од Бог, ова го заклучив од доста податоци кои ги сретнав. Модерниот сатанизам е повеќе разочараност од општеството и чувство на невклопеност. Сечии верски слободи треба да бидат гарантирани, се додека не се косат со законите т.е. не вклучуваат криминал. Не може само инквизиторски настроените рисјански мозоци да бидат привилегирани како теолошки најпросветлени, секогаш во право, со најчисто срце и душа.
Некои тука се впириле во Beyonce i Jay Z deka se сатанисти a всушност сатанизмот датира од многу поодамна најизразено последниве 50-60 години со појавата на модерните жанрови и хипи движењето можи слободно да се кажи дека цела модерна музика од тогаш до денес почива на чист сатанизам и тоа не е некоја тајна има добар број на музичари кои и отворено признале дека го обожаваат сатаната и зад сите текстови и композиции што ги правеле биле надахнати од него преку окултизам и разни ритуали во кои партиципирале за да добијат мотивација. https://listverse.com/2020/09/24/10-musicians-who-sold-their-soul-to-the-devil/ Овде Дио самиот признава дека преку окултистички сеанси контактирале со зли сили Еве и за Black Sabbath нешто AC DC and so goes on and on