Сатанистички скриени пораки во Дизниевите цртани филмови

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Baby-Blue, 19 август 2019.

  1. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    153
    Поголемиот дел од луѓето веруваат дека цртаните на Дизни немаат никаква штетност за нивните деца. Меѓутоа, постојат голем број на видеа кои го покажуваат токму спротивното - цртани полни со суптилни пораки кои потсвесно влегуваат во умот на детето.

    Кој е Волт Дизни?
    Волт Дизни бил масон од 33 степен, кој завршил специјална масонска школа за "контрола на умот", детска деструкција и перење на мозоци преку големо ниво на сатанизам, магии и порнографија.
    Пепелашка, Ариел, Кралот лав, Аладин, Фрозен... Скоро секој негов цртан филм изобилува со скриени, потсвесни пораки, кои влијаат врз умот на децата.

    Низ овие цртани може да се воочи како за момент се појавуваат гениталии, голи жени кои играат во оган, зборот "sex", кој скоро незабележливо се испишува во форма на облак од прашина, знакови од Илуминатите во кои припаѓал и самиот Дизни, сатанистички симболи...

    Дизниевите цртани се создадени со цел преку суптилните пораки, сатанизмот и порнографијата, потсвесно да навлезат во умот на децата.
    Не, ниту едно дете не може само да ги забележи овие симболи, меѓутоа штом веќе еднаш се влезени во потсвеста, тие понатаму ќе почнат да се активираат. Се претпоставува дека поголем дел од децата кои ги гледаат овие цртани имаат голема можност понатаму да станат манијаци, насилници и криминалци, што всушност е главната цел на илуминатите.

    Во прилог ви оставам видео и слики од скриените пораки во Дизниевите цртани филмови. Што мислите за ова?



    0tMJhWp.jpg 827e002518539961f56f1c4577d259c3.jpg disney-codes-727854.jpg Disney-Subliminal-Message-69.jpg disney-subliminal-messages-three-little-pigs.jpg disney-subliminal-message-the-rescuers-573x420.jpg images.jpg Jessica_Rabbit_Hidden_Message.jpg screen-shot-2015-06-27-at-20-40-06.png disney-occultism-and-symbolism-12-300x221.jpg
     
    На Gosh и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    153
    Еве уште некои слики, кои не можев да ги ставам во претходниот пост:
    72i8ioymfvcz.png 4f13d19730ee98e894ddf88c26031033.jpg disney-occultism-and-symbolism-11-300x221.jpg
    disney-occultism-and-symbolism-18-300x232.jpg
    disney-occultism-and-symbolism-21-300x221.jpg f96a459509c25322a33f40f0d419eb83.jpg хх.jpg d6c618a8c6003bb375878d39f0fe6903.jpg
    e8f.gif
    И видео, каде што наместо предвиденото "Good kitty, take off and go" се слуша "good teenagers take off your clothes"


    Што мислите вие, коинциденција?
     
    На Gosh и Јаневски им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    (facepalm)

    [​IMG]

    Мислам дека верниците-теоретичари на заговор треба да се опраат и да ги остават децата (а и нормалните повозрасни луѓе) да уживаат во животот и да се забавуваат, ете тоа.
     
    На KuklickaSk, mssuniquee, MarigoldA и 32 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Кајгана ставиле реакции на мислења, а тука само ми се допаѓа, да не може човек соодветно да реагира ;(
     
    На KuklickaSk, Angie1432, Alita и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    :wasntme: (facepalm)
    После Once upon a time мислев дека ми се у***ле сите мислења за Дизни филмовите и цртаните(таму се поинакви работите за сите ликови), амаа после ова ;( ми се плаче.
    Сите сме растени со Дизни цртаните и не сме злосторнички насторени како што гледам.
    Глупиве тероии на заговор го уништуваат детството кај децата.
    Што да гледаат место цртани?South Park?The Simpsons?Friends?
    Глупости
     
    На mssuniquee, Alita, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    Па.. Сеуште не работам за франкфурт мафија..
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    @Baby-Blue
    Зошто чуваш сатанистички симбол на аватарот?
     
    На tessie и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    ГЛУ-ПО-СТИ!
     
    На referentka, kolovoz, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Сечено, лепено, монтирано и прелепувано.
     
    На kolovoz, Starlič, AnnabelLee и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Не би рекол дека се работи за сатанистички сублиминални пораки туку за реалност.. односно социјален експеримент за кодирање на умови преку визуелни и звучни сигнали.
    Тоа е факт дека е така и кој мисли дека сликите погоре се неточни или случајни, треба да поработи на сенсот за распознавање на реалните работи.
     
    На elenaxbbg, AnnabelLee, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Македонски народни приказни да гледаат, да се учат уште од мали дека сè се врти околу домаќинлук и деца, посебно женските. На празници обавезно икони да бацуваат и да парадираат предводени од попови. Какви се тие странски измишљотини што поттикнуваат имагинација и соништа кај децата, глупости.

    Еве и во Полска од пред некој месец вест како католички свештеници во присуство на деца палат Хари Потер книги, од слични причини (промовирање магии, вештерство).
    Ко што се вели, не е болест сè што боли.
    https://www.bbc.com/news/world-europe-47771706
     
    На A_star, Alita, Elen4e_sonce и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Е баш сум среќна што сум растена со сатанистички цртани жими се :rofl:
    А реално и од цртаниве и од народните приказни сум добивала фикс идеи секогаш.
    Неќев да се шишам едно време, Рапанзел да будем 8)
     
    На Maša8, Luminary, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    За ова со LSD сигурно дека дете ќе знае хемиска формула па и структурна па ќе види формулава во цртан и ќе му влијае лошо понатаму да проба :drunk:. Жими се да не пишуваше немаше воопшто да приметам дека полицине се дрога уствари.:?: Па и другите не би ги приметила

    Мислам дека не познавам некој што како дете не гледал Том и Џери па еве не' гледам сите убијци станавме.
     
    На Elen4e_sonce, Rose96, calliope и 11 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Работата е што темава доцни едно 8-10 години, тогаш избија лошо разработени теории на јутуб :D Инаку, не е само Дизни, и не е само Холивуд, и не е само Запад (иако таму се најиспраксирани и усовршени).
     
    На Feminka22, sj *O*, AnnabelLee и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    А во Македонски народни приказни што има апла сатанизам со ѓаволи, демони, самовили?
     
    На A_star, mssuniquee, Angie1432 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Така де .. ама таман си е, еве сеа на некој му текнало и напраил добра тема.
    Јас ги знам овие работи одамна + безброј други теми , но се радувам кога некој ќе отвори нешто што го знам и да се насмеам малце на експериментот пошто првите сфаќања се секогаш WOW, после тоа е смешно.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.235
    Пол:
    Женски
    Ама битно секогаш победува добрата страна :D
     
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Отсега кога ќе видам цртан од Дизни...

    [​IMG]


    Овие што ги правеле видеава застанале да гледаат цртани и да бараат скриени пораки кај пишува секс, а кај има формула за дрога. :drunk: Што губење на време?

    А: -Извини не слушнав, што рече дека работиш?
    Б: -Барам скриени сатанистички пораки во Дизни цртани и ги постирам на интернет.
    :D

    Да не беше со црвено означено дека пишува СЕКС немаше ни да приметам, ама затоа кога сум била мала потсвесно сум читала и сега сум тргната по лоши патишта :o


    Инаку од порано ја имам видено сликата со трите прасиња дека на ѕид имаат обесен колбас и под него пишува Father :rofl:
    Имаат добра смисла за хумор луѓето. :D

    [​IMG]
     
    На mssuniquee, Elen4e_sonce, Srckata28 и 21 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    За "скриени" пораки да имаат влијание мора да знајме шо значат. Ние како ДЕЦА, ни секс знаевме шо е, ни кур еректитан како изгледа ни пак хемиска формула на факин ЛСД.

    Дали воопшто е можно да се "програмира" мозокот на ваков начин? Да. :devil: Дали Дизни успева? Не. :makeup:

    Дали едно дете можи да биди повредено ако еден од родителите пуши, а то не знај дека пушењето е штетно? Не.
    Дали две годишно дете знај дека родителите имаат секс и шо значи то ако претходно не знај шо е то па да се трауматизира? Не.

    Социјалните норми се учат.
    Од кога ќе се научат можи да се манипулира со нив.
     
    На KuklickaSk, kikin, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Дизниевите цртани се едни од најубавите цртани на векот. Секогаш носат убава порака и се поучни, но кој што сака тоа гледа.
     
    На referentka, elimkd, mileystar и 1 друга личност им се допаѓа ова.