А да не претерувате малце? Не знам колку пати сум ги гледала цртаниве, и како дете и како возрасна, ништо од тоа не сум приметила, да не беа обележани никогаш немаше да ги приметам ни сега. Дека сите ние пораснавме изопачени и забегани, па сигурно ова се намерно било ставано... глупости.
Ова е тест колку ти е валкан умот, луѓето со dirty mind и со обичен без лист ке видат нешто срамотно..
Забавна тема, ама членот што ја започна не е ни на почеток И којзнае дали воопшто ќе се ухода. Јас знаев дека ти ќе се вклучиш во дискусијата уште кога прв пат ја видов На интересна планета живееме, да. Најсмешно е што некои никогаш нема да сфатат, но тоа си е дел од програмот.
Zakon, me likes it, bold movie for Disney, not even hidden )) Tolku e ocigledno, toj reshil tamu soft bukvi da mu se gledaat koga e apla! Bravo za Dizni
Hellfire, прекрасна изведба. Толку години поминале, а ми останало во сеќавање закопано некаде, песнава, нотите... И искажаните емоции на страст, похота, љубомора, завист и омраза... Злото е опипливо. Наредно скалило е презирот. Толку монструозно, а толку човечко и карактеристично за нас, луѓето. @AnnabelLee Ти благодарам што ме потсети. Често пати не се сеќавам од каде памтам парчиња ноти и тонски прогресии, а ги слушам во позадина од време на време...
И замисли...ова е од луѓето кои стојат позади “Бамби“ и “101Далматинец“... иако не до толку дарк како книгата сепак за Дизни е ненадмашлива. Прекрасна е
Ако умовите ги “гледаат” овие работи (аватари) не само во цртаните на дизни онда ќе ги збележиш и гледаш и во мајкати и таткоти
во право си. Еве јас скоро 30 год имам пораснав со овие цртани ама дури сега дознавам дека имало сатанистички знаци пораки и сл.
Јас го гледав цел цртан за да видам дали овој дел е реален. Не знам како некој без да знае успеал да го забележи. Стварно не ми е јасно, за стотинка се работи. Еднаш гледав како ги прават поновиве цртани на Дизни. Баш позитивно изгледаше екипата што ја прикажаа. На едниот му ставија перика и го тераа да се врти со неа за да можат пореално да ја илустрираат косата на Мерида од Brave. Дека има некоја скирена порака во цртаните? Можеби, ама не ова што се наброја тука.
Ок, а како голотија и секс се сатанистички? Зарем добрите верници не се бањаат голи и немаат секс? Ум што сака да најде нешто, ќе најде. Да ја зумирам тетоважата на типкава на аватар што ми е, 102,3% сум сигурна дека ќе најдам SEX „испишано“ негде. Јес да ставаат такви ствари ко "Ask about Illuminati" и 666, ама веќе мислам тоа го прават од спрдавање баш ради овие теоретичариве, не дека дете ќе го забележи тоа. Ние гревчињава, растени на ВХС, што сме биле мрсулковци во 90ти, па и 2000ти, да не сме имале врска од англиски или било што поврзано со секс и окултизам, па да влијаело тоа на нас? Не, сотони сме по избор. Се зезам, не ме спалувајте. Вечен свети дух и бебе Исус, амин.
јас не заземам став но би сакал секој да погледне во своето опкружување и нека размисли што се случува дали како луѓе одиме напред или пак тонеме и само тонеме во секој поглед. на секој чекор себичност неморал агресија апатија депресија ... мислам дека мора да има причина зашто е така ???