Барав по форумов ама никаде не најдов ваква тема, ако има кажете... да си поцнам јас ... дали некој бил во сауна и како е таму? дали е вистина дека за 1 влегувајне во сауна се слабее 1кг?
јас сум била ама порано...инаку во сауна се потиш многу,кожата станува како бебешко газенце и барем мене ми помагаше за бубулициве по лице и раце...а дека се слабее сум слушнала ама тоа е само 0,5-1кг и тоа течности кои кога ке излезиш од сауна одма ќе ги вратиш
Убаво е да се користи сауна според мене, нормално умерено не да се претерува. За детоксификација е супер потењето во сауна ама слабеењето 1 кг. е како што пишала whilte lady само заради изгубените течности кои сигурно ќе ги надокнадиш веднаш со нови Сепак детоксификацијата е битна за слабеење, па исфрлањето на непотребните материи и те како помага при процесот. После сауна секогаш се осеќам убаво, релаксирано и најбитно олеснето.
Одев со моите рдители и прва излегував неможам некако ме загушува таму ... Сепак кај секој е различно моите можат и да спијат внатре Иначе зависи на која температура колку време седиш итн ....
Алал да му е на тој што ве лажел дека 1 кила се слабее со едно одење Не е точно, се слабее да, но никако толку нагло. Убаво е што се се потиш и ти излегуваат сите токсини и непотребни материи од тебе. И нешто битно мене цел грб ми се исчистни, немав ни една бубуљица доедека одев. Кај нас има финска и инфра ред. Финската е повеќе за слабеење, инфраред е за коските и за половината ако иате проблеми укоченост итн. Јас ја обожавам финската одев пред некое време мецес дена, и да се топи доста вишок ама не ако после седнете дома и се изнајадете, нема ефект. Совршено е да се оди 2-3 пати неделно и да се вежба исто толку. И не се седи повеќе од 3пати по 15 минути со исто толку време пауза измеѓу и ибавезно туширање и пиење вода, да не се дехидрира. Сауната е здрав и лесен начин да се ослабе но не прави чуда, доста споро иде, треба 6 месеце да одиш барм 3 пати неделно за да забележиш резултати.
Ми се најде корисна во борбата против алергијата како алтернативна мерка. Проблеми со дишењето ми се манифестираа во спиењето, често се засркнував и се будев со сува кашлица а поради неуредно дишење имав зачестени главоболки. Сауната ми помогна во прочистување на дишните патишта и ублажување на алергиските симптоми. Слободно може да си земе почесно место во здравствени цели и како дисциплина за опуштање на духот и телото. Сауната што ја посетував е од тип на сува сауна, изработена од специјално дрво за задржување на топлината,со мала површина за сместување на тројца максимум четворица во седечка положба . Топлината се постигнува со електрична печка,всушност камењата кои за таа намена се користат се со силно апсорбирачко дејство на топлината која се ослобудува со попрскување од водичка со ментол или еукалиптус кои патем се одлични за дишнте патишта. Вообичаената температура се движи од 70 до 100 целзиусови степени така што мора да се почитуваат одредени правила за да не дојде до шок односно топлотен удар на организмот. Не секој може да ја користи сауната. Личности со срцеви маани, дечиња,бремени жени и алкохолизирани особи спаѓаат во таа група. Ова се правила кои треба да се применат: Престојот во сауната е ограничен на три циклуси од по 15 минути. На секои 15 минути телото се тушира со млака накај ладна вода, моментот во кој телото се чисти од токсини. Составен дел на секоја сауна е туш кабина. За почетниците е препорачлив пократок престој од неколку минути 5 до 10 да речеме по што се повторува постапката со ладен туш. Пиење на вода е задолжително затоа што се губи голема количина вода преку потење па се надомеатува со барам 1литро вода во текот на тие 45 минути. Пред и по сауната се пие вода. Прејаденост или консумирање со алкохол може да доведе до колабрирање. И пак вода. Битен нагласок на водата за да не се слоши некому. На крај краева се е индивидуално. Мојот идеален оптимум е тој. Со другарките е друга приказна. Една без проблем издржа 80 степени на 15 минути на трето ниво. (Од горното скалилот до днотот температурата станува пониска ) друга во првите 5 минути се пожали на забрзано чукање на срцето и омалаксаност, така што сите дојдовме до заклучок дека се е до организмот и до психата, ако самиот се одвраќаш на непробано дека не поднесуваш топлина, нема да ја поднесуваш. За љубители на јаки топлини идеална е во зимно време. Една другарка ја нарече еликсир на виталноста затоа што и помогна да се ослободи од болките во половината што ја мачеа долго време. Кај Влажната сауна или попозната како турска бања ми се допаѓа тоа што престојот во неа има ароматераписко дејство. Воздухот е исполнет со густа влага и мириси од лековити тревки,па можеш да заспиеш и да не се разбудиш
Досега сум била само во Финска сауна, секаде каде што сум била имало само таква. Обично одам еднаш или два апти во годината кога одам енкаде на зимување/летување или сум некаде на викенд во хотел кој располага со сауна, вака низ Скопје не ми текнало да отидам. Преубаво ми е чувството во сауна, издржувам 100 степени без проблем и можам и повеќе од 15 минути да седам ама нели не се препорачува. Кожата станува многу почиста поради испраувањето на токсините од телото. Еве ја Финската: Би сакала да пробам Турска сауна:
Дали и каде е дозволено во Македонија и регионов(Србија, Бугарија...)влегување гол во сауна? Имам слушнато за хотел Русија, бил некој? Инаку влегување гол во сауна се практикува во Германија и во некој други земји како Словенија. Многу по хигиенски е, телото е суво за неколку секунди за разлика од влегување во костим за капење кој останува влажен и е рај за бактерии.