1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сашо Тасевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од crazylady, 16 ноември 2012.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Сашо Тасевски, роден 10.08.1972 година во Скопе. 1995 год. дипломира на катедрата за актерска игра на ФДУ во Скопје, во класата на Љубиша Георгиевски, 2003 година магистар на тезата „Театар во празното“ на истиот факултет. 1998 година се вработува како актер во Драмски театар Скопје и одтогаш остварува бројни главни и споредни улоги во претстави на репертоарот на Драмски Театар но и како соработник со други театарски институции и проекти.

    Во 2007 е публикувана неговата прва збирка драми "Шмизла" којашто е одлично оценета, а драмата "Интермецо" (една од збирките во драмата), доживува и своја професионала театарска праизведба. Една година подоцна, според неговото сценарио е снимена игренокуклената претства за деца " Врeмето денес" , којашто се емитуваше на Скајнет телевизија.
    Во 2009 година е објавен енговиот прв роман "Пеперутка" кој доживува голем успех кај читателите и критика.
    Во 2010 година е објавен и неговиот втор роман "Угурсуз"
    Освен овие дела тој е познат и по други негови дела како што се : "Aеродромци" и Принцезата на малиот принц "

    Што мислите за овај писател ?
    Дали имате прочитано некое негово дело ?
    Која книга најмногу ви се допадна ?
    Дали ви се допаѓа неговиот специфичен начин на изразување ?

    Јас имам прочитано само две негови книги :"Шмизла" и "Пеперутка", и искрено не ми се допаднаја многу, премногу е вулгарен , едноставно неговите книги не се мој тип.
    Но како македонски автор сепак го почитувам и го препорачувам, иако ние си имаме подобри македонски автори според мене. ;)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам прочитано Шмизла, Пеперутка и Аеродромци. Ми се допаѓа стилот, забавен е, нешто поразличен од останатите наши автори кои најчесто црпат инспирација од нашата напатена историја. Да, вулгарен е, нема влакна на јазикот и тоа на некој му се допаѓа на некој не. Баш сакам да ја прочитам Принцезата на малиот принц ама ете, се уште не ми паднала во раце. За Угурсуз прочитав некаде на форумот како завршува, па се изнервирав многу, ама сепак би ја прочитала.
    Интересно човече ми е, со интересен начин на размислување. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    RainBow,прочитај ја Угурсуз сигурна сум дека ќе ти биде многу забавна и интересна.Јас барем уживав и многу се смеев додека ја читав.
    Сите книги од Сашо Тасевски ги имам прочитано,и сите освен Принцезата на малиот принц која не ми остави некој огромен впечаток, ми се допаднаа.Интересни се,лесно е да се пронајде нашето општество во неговите книги,отсликани на некој сурово комичен начин.
     
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Пеперутка ја прочитав Одлична !
    следна Принцезата на малиот принц :)
     
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    мене Сашо ми е еден од омилените писатели искрено не пишува секој прекрасни дела а сепак добро опишани без разлика дали користел вулгарности или не.Прочитани ми се сите книги,ама најомилена ми е Шмизла. :D
     
  6. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Jа има ли некој прочитано Шмизла ? Ќе може кратка рецензија ? :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Во Шмизла има 5 драми: “На девет по рихтер”, “Интермецо”, “Шмизла”, “Канибали” и “Киклоп”.
    Мене ми се допаднаа, интересен е стилот на пишување, вулгарен, со речник кој го употребува голем дел од младината. На многумина и не им се допаѓа ова, сметаат дека е шунд, ама затоа треба и да ја прочиташ, да видиш тебе како ќе ти се допадне. :)
     
    На Boleyn.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425

    RainBow ти благодарам за одговорот. :) Разбирливо е донекаде дека на некои не би им се допаднало затоа што не сме нација која чита понеобична литература со поинаков стил. По некој шаблон,повеќето сакаат да читаат на поразбирлив стил и нешто многу пофалено и лесно , меѓутоа ете за промена и оваа книга би ја читала, бидејќи е доста популаризирана и се надевам ќе ми се допадне. :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Има ново нешто од човеков.
    [​IMG]
    Хумористичен трилер кој ќе ве остави без здив од смеење. Откријте ги патеписите и случувањата на главниот лик Пепе - хомосексуалец.

    Познатите го рекоа следново за Отпозади:
    „Подобро читнете го романов, отколку Светото Писмо!“ - Господ
    „Да го прочитав романов на време никогаш немаше да пипкам млади гологази момчиња!“ - Мајкл Џексон
    „Го сакам ОТПОЗАДИ“ - Сергеј
    „Во споредба со овој, моите трилери се пичкин дим!“ - Ден Браун
    „Кога сакам сексуално и интелектуално да се возбудувам, го читам ОТПОЗАДИ!“ - Мадона
    „Да можам да бирам помеѓу турска серија и овој роман, го одбирам романот!“ - Премиер на Турција
    „Наместо антидепресиви, конзумирајте го романов!“ - Сигмунд Фројд
    „Ех во мое време да имав ваква генијална лектира, ќе сакав само жени!“ Александар Македонски
    „Купи го романов, не биди педер!“ - Џани Версаче

    Се умрев од смеење на краткиот опис на романов и критиките. :rofl:
     
    На Trnche, Marossa, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Овој е за во сличните на лајла грејс темата, не посебна да има. Овде кој стигна стана писател.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.583
    Допаѓања:
    80.665
    Пол:
    Женски
    И не само писател, ами стана и директор на Драмски. Чирс. :D
     
    На Someonespecial и Tamatam им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    34.185
    Те молам, не ја вреѓај Лајла... Овој не може ни за мал прст да и се фати.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Принцезата на малиот принц, ја читав и ако добро се сеќавам тоа е оној роман каде пишува дека Боркица ја сака, ја сретнува во ГТЦ со бодигаради и сака да му ја преземе за Груевски. Си има свој стил, вулгарен да, но не е неписмен. Инаку препорака моја „Тело во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, за мене е врвна книга, роман.