1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадбата на вашата сестра/ вашиот брат

Дискусија во 'Свадба' започната од The-Queen, 24 февруари 2013.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Свадбата на сестрата/братот е посебен настан. Инсприрана од тоа што се ближи свадбата на сестра ми, а видов дека немаме тема за како поминале подготовките и свадбите на нашите најблиски.

    Па феминки повелете, кажете ни ги импресиите каква беше свадбата на вашите постари/помали сестри/браќа.
     
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    па сеуште не правела ама често паѓаме на муабет вака ќе биде или онака , венчаница храна музика ..и по ред се , е женски де...
    сонови, ама кога ќе прави ќе пишам впечатоци :lol:
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Аууу свадба на прво дете, па уште и машко. Можете само да замислите што фешти беа. :lol:
    Шала на страна, поубаво си имам поминато на таа свадба отколку на повеќето вечерни излегувања во град. Многу беше отмено, ич немаше некоја кич атмосфера (имаше само кич-гости :lol: )...не дека ми е брат (имам пишувано дека не се мирисаме многу), ама свадбата беше најубава од сите на кои што сум била. Мајката на снашка ми има голем удел во тоа со нејзините совети, си ја бива за тоа, си има добар вкус и око за тие работи, нема што.
     
  4. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    На свадбата на брат ми си поминав најубаво..ми беше покането друштвото и прејако поминавме. не беше некоја класична церемонија,туку имаше модерна музика,се беше до перфекција организирано.. засекогаш ќе ја памтам :D
     
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    На свадбата на мојата најстара сестра (29 години) си поминав преубаво! И таму беше моето друштво покането, а морам да кажам и
    дека се напив малку
    :tmi: .

    Инаку сега во јуни ја спремаме свадбата на мојата втора сестра (27 години) и тука ќе биде моето друштво покането. :lol: Се надевам дека на оваа нема
    да се напијам!! Иако се е до контрола!! :wasntme:

    БРУКИ! :fubar: Незнам паметот кај ми бил! :^) :x :x
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Искрено мене ми е мноооогу глупаво кога ќе чујам, дека на свадбата на својот брат/сестра си викнале свое друштво. :x
    Извинете ама тој ден е на вашиот брат сестра, и самите знаете дека можеби тие и не сакале дел од гостите што не ги знаат да ги повикаат, па сега уште вашето друштво. Што сте вие кумови, па кумова тајфа правите?
    Не не,навистина не ве разбирам.
    Толку бе не можете еден ден без друштвото, тој ден да бидете со семејството и никој друг да не ве интересира. Или само барате повод да се соберете опиете и заиграте,небитно каде. Неможам да разберам... :|
    Една од вас да ми објасни која е целта на вашето друштво на свадбата на вашиот брат/сестра,ќе бидам благодарна.
     
    На a.c.k.a, The-Queen и tessie им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право. Не само од на брат/сестра, на чија било свадба некако ми е неубаво.
    Каква врска имаат тие со младенците?
    Во многу наврати роднини сами ми нагласувале демек ако сакаш, земи си и друштво, па сама сум одела.
    Нема потреба според мене.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.101
    Пол:
    Женски
    Свадбата на сестра ми беше класична. Имаше одење по невеста, буткање на врата, облекување на кондура, јадење кокошка и кршење погача. Други адети немаше. Веселбата не ми се допадна многу, затоа што групата баш и не ја биваше за свирење. Јас не канев мое друштво на нејзината свадба, ниту сестрата на зет ми го направи тоа. Сестра ми покани една моја другарка, ама таа е и нејзина другарка. Таа не дојде на свадбата од оправдани причини.

    Сестра ми е мажена во Кавадарци и таму адетот е браќата/сестрите на младоженецот/невестата да си канат друштво на свадбата. Сестра ми беше на 2 такви свадби. Браќата на младоженците се другари на зет ми. На мене тоа ми е глупаво. Јас и маж ми бевме на свадба кај брат на моја поранешна другарка. Бев канета од 2 причини. Прво - затоа што ми беше најдобра другарка (само мене ме покани од друштвото) и второ - маж ми (тогаш дечко) седеше кај нив по ќирија (во иста куќа).
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.792
    Пол:
    Женски
    На свадбата на братми, малку помал од мене поминав прекрасно.. Од моментот кога ја отвораа свадната со нивниот танц(признавам ми се насолзија очите од радост) до крај.. Весело, културно , одлична организација и се беше како што треба.. Луѓето весели, свадбата заврши(според дозволените сати) а скоро никој не си одеше дома...се на се, ќе ја паметам.. Братчето ми порасна во маж, има сопствено семејство... Друштво мое немаше а и не гледам потреба да има, исто како што и нрат ми немаше кај мене друштво
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Немаше свадба, само се запишаа во матично, а мислам дека и јас така ќе направам.
     
  11. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Супер беше се беше ок.
    Посебен свадбен подарок и изненадување и приредив ја донесов Благица Павловска во сала бидејќи сестра ми ја обожава.