1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба-Венчавање и крштевање заедно

Дискусија во 'Свадба' започната од kallias, 10 јули 2013.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Здраво драги мои.
    Јас планирам да се венчам со сопругот и воедно и да го крстиме нашето бебенце и одлучивме тоа да го направиме во ист ден.
    Од некои оправдани причини не можевме да направиме свадба пред да дојде на свет нашиот принц па затоа сега гледам многу парови го прават тоа, венчавка и крштенка заедно и се одлучивме и ние така да направиме. Синчето и така мора да го крстиме во црква, откако е родено не сме го крстиле затоа што живееме во држава кадешто обичаите,адетите и законите се малку поразлични од Македонските и сакајќи или не мора да се водиме по нив :tmi:
    Сега, прашањето ми е, да ми кажете неколку работи во врска со мојава тема, значи од покани за свадба и крштенка најверојатно тоа заедно ќе иде во едно, колку се движат цените, комплет на бебето колку пари е, во комплет не знам што се спаѓа затоа што сето ова е ново за мене и доколку има некоја од вас може да ме поучи како и што се иде во врска со ова, црквата колку пари бара за венчавање, а колку за крштевање, фотографот колку чини, ресторани колку чини порција итн. Значи, се што е поврзано во врска со венчавка и крштевка ако знаете ве молам пишете ми, ќе ви бидам многу благодарна :* Цените и те како ми се битни и би сакала да знам отприлика колку би ме фатило за да почнеме со подготовки, не планираме да викаме многу гости, само најблиските, кумот и ние :D , значи нешто нај минимално, не сме во можности да се расфрламе со пари,ама и ги немаме и да сакаме :P , а сакаме да се одбележи и нашиот ден и денот на нашето најмило.
    Поздрав драги мои и ги очекувам вашите совети ;)
     
    На Broken♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.742
    Допаѓања:
    32.093
    Пол:
    Женски
    Венчавка во црква е околу 5000-6000 денари. Зависи во која црква е венчавката. Јас и маж ми не се венчавме во црква. На една свадба каде што бевме старосватови, венчавката чинеше 5000 денари. Свекорот и дедото дадоа по 1500 денари, а кумот и ние по 1000 денари. Во некои цркви плаќа и деверот и тогаш сумата би била 6000 денари. Крштевката чини 3000 денари. Родителите даваат 2000 денари и кумот 1000 денари. Толку не чинеше нас. Што се однесува до поканите, цената зависи од тоа какви ќе бидат, т.е. со каков текст. Порциите во рестораните се од 10 евра (за храна), па нагоре. Цените за пијалок се од 2.5 евра, па нагоре. Облеката за бебето треба да ја купи кумот. После крштевката, на попот треба да му се дадат пешкир, сапун и зејтин.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.818
    Допаѓања:
    102.661
    Пол:
    Женски

    Срц , а вие ке го крштевате детето во Мк или Гр? Бидејки работите се многу поразлични овде во Гр од Мк , па затоа и ме прашувам :)
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Коритсаки, планираме во Гр. да го крстиме, знам дека се многу поразлични работите од Мк и Гр. па затоа сакав да сподели искуство некоја феминка како и колку би ме коштало во Мк за да споредам со тука во Гр.како би ми дошло, мада 90% е сигурно дека ќе биде Гр. |(
    Инаку ако имаш слободно време можеш да ми пишеш како испадна кај вас крштевањето, што се ви требаше, за кумот, за вас, за бомбоњерите колку се, покани ,за се отприлика, колку гости имавте во ресторан, колку ве кошташе, ако сакаш да ми кажеш :$
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.818
    Допаѓања:
    102.661
    Пол:
    Женски

    Секако :) па ние нели поради кризава што е неможевме кум да најдеме и на крај се пријави вујко на мм да ја крсти керка ми. И бидејки ни тој не е во добра финансиска состојба само крстот го купија а другиве работи ние ги купивме --алиштата за бебето, пешкирот, пешкир сапун за попот, потоа едни како кратки пантолончиња и маича што се ставаат под облеката на бебето (за да не се упие маслото од бебето ) втора-облека (за девојче се купува фустанче или блуза и суќничка) а за момче пантолони и блуза. Исто така сите овие работи се ставаат во големи како украсни кутии а сапунот пешкирот за попот и шишенцето за зејтинот во помала кутија и сето ова се плаќа. Значи сето ова треба да го земе кумот а бонбончињата вие и поканите исто. Освен за поканите, останативр работи кумот ги купува од продавница каде што се продава облека за крштевање и венчаници. За во црква знам дека се. Плаќа но колку точно незнам тоа се мм правеше најубаво да прашате. Инаку навистина се претеризам цените, само за фустанчето за керка ми и капчето плативме 210 евра. :x вкупно само за овие работи што ти ги набројав погоре плативме околу 1000евра а ипак гледавме да е нешто скромно :| поканите најевтините беа една без многу џиџи миџи на неа 0,80 центи најскапа ако сакаш и некои украси да стават има и до 5 евра..за бонбони зависи коку ке порачаш да ти направат на нас ни направија попуст од продавницата бидејки порачавме над 150. за гости имавме околу 100 души а за ресторан секаде е различно, најубаво распрашајте се :)
     
    На Mama25 и kallias им се допаѓа ова.
  6. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    еве сум и јас :D и ние планираме венчавка и крштевка заедно :) јас сакав сега свадба а после крштевка ама родителите од мм не можеа па се одлучивме на ваква варијанта. барем на еден трошок се :lol: ама тешко на кумовите :$ ајде ќе имаат време 1 година да се спремаат :| е сега нема да ббиде класична свадба зошто не планирам да се враќам кај мајка ми па од таму да ме земаат а јас веќе 1 година иселена и плус дете :!: али здравје боже има време. тој што правел вака нека пиши што како :)
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ние направивме крштевка и регистрација во ист ден. Беше посебно, несекојдневно и убаво :)
    Многу од гостите беа навистина изненадени колку фино изгледа сето тоа, како што ни кажаа после прославата, сега имале друго гледање за овој начин на прослава, им бил многу симпатичен.
    Нас искрено не ни беше ништо невообичаено, но сепак ни е многу мило што сите беа задоволни.
    Е сега, сето ова е навистина напорно, зошто треба младите да се спремаат, а во меѓувреме треба и детето да се спреми, па ако се погоди како нас да треба се сами, навистина требаат нерви.
    Така јас трчав на фризер, маж ми да ја однесе тортата и декорациите во хотелот, додека малата спиеше, па на шминкање, и таман завршив се стана малата(имав среќа), па неа ја спремив и таман стасавме со се, дојдоа гостите :)

    Во однос на цените во црква плативме 1800ние, 1200кумата.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.